Бјернстјерне Бјернсон

Бјернстјерне Мартинус Бјернсон (Квикне, Норвешка, 8 декември 1832 — Париз,Франција, 26 април 1910) — норвешки поет, драмски писател, романописец, новинар, општественик и политичар, добитник на Нобелова награда за литература во 1903 година како доказ за неговото значајно и многустрано творештво што се одликува со свежина и духовитост.

Бјернстјерне Бјернсон
Бјернстјерне Бјернсон

Рани години

Бил син на пастор лутеранец. Исклучително надарено дете, од малечок почнал да пишува стихотворби и да уредува сопствен весник. Во 1852 година се запишал на Универзитетот во Осло, но веќе следната година, откако станал полнолетен, ги напуштил студиите и се вклучил активно во политичкиот, театарскиот и литературниот живот.

Работни ангажмани

За помалку од две години негови театарски и литераатурни критики се појавуваат на страниците во разни весници; се борел за национална самобитност на норвешкиот театар. Во 1854 година станува театарски критичар на весникот „Моргенбладет“ во Осло. Од 1856 година почнал да го уредува „Илустререт фолкеблад“, периодично издание, во кое првпат објавува народни приказни. Од 1857 до 1859 година е директор на Норвешкиот театар.

Творештво

Припаѓа на Романтизам како правец во литературата, макар што делата му се одликуваат и со по некоја боја на Натурализам . Се заложувал за слобода на норвешкиот народ и придонесувал во борбите за одцепување од Шведска. Пропагирал идеи на Дарвинизам и Позитивизам. Помагал во борбите на Срби и Словенци против националните угнетувања во Австроунгарската монархија.

Бјернсон бил познат по тоа што бил член на „Големата четворка“ норвешки писатели заедно со Хенрик Ибзен, Јонас Лие и Александер Киланд. Бјернсон бил еден од изворните членови на Комитетот за Нобелова награда, а во 1903 година и сам ја добил Нобеловата награда за литература. Бјернсон исто така бил познат по тоа што ги напишал зборовите за норвешката химна кои доаѓаат од песната „Да, ние ја љубиме иваа земја, напишана во 1859 година. Во истата година почнал да го издава дневниот весник „Афтенбладет“, во кој ги изнесувал своите либерални погледи.

Од 1865 до 1867 година бил директор на националниот театар во Осло.

Пишувал приказни во народен дух, а негов литераурен опус го чинат и песни, драми, комедии и романи.

Дела

Драми

  • Меѓу битките, 1857;
  • Крал Свен 1861;
  • Сигурд Слембе
  • Пастор Санг
  • Над човечки моќи
  • Стечај
  • Нов систем

Романи

  • Синеве сулбакен, 1857;
  • Лрне, 1859;
  • Томас Рендален
  • Весело момче
  • Рибарка

Комедии

  • Младо вино преврива

Пиеси

Под влијание на идеите на Чарлс Дарвин, Георг Брандес, Иполит Тен и други светски мошне познати филозофи и критичари, Бјернсон создал творештво со социјална ориентација. Тој бил автор на таканаречени проблемски пиеси, жанр кој добива силен развој во драматургијата на Хенрик Ибзен. Најзначајните творби ги напишал во 70-тите и 80-тите години.

  • Банкрот, 1875;
  • Уредник, 1875;
  • Крал , 1877:
  • Една ракавица, 1883;
  • Географија и љубов, 1885;

Сите овие биле проникнати со актуелни општествено-политички и морални проблеми.

Општествена дејност

Бјернсон развил мошне активна општествена дејност за граѓански права и за мир. Континуирано одржувал меѓународни контакти и често патувал во Италија, Франција, Данска и Германија.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Бјернстјерне Бјернсон Рани годиниБјернстјерне Бјернсон Работни ангажманиБјернстјерне Бјернсон ТворештвоБјернстјерне Бјернсон ДелаБјернстјерне Бјернсон Општествена дејностБјернстјерне Бјернсон НаводиБјернстјерне Бјернсон Надворешни врскиБјернстјерне Бјернсон18321903191026 април8 декемвриНобелова награда за литератураНорвешкаПаризФранција

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнтарктикВидови аглиПетар ГошевВојдан ЧернодринскиОтоманска МакедонијаСлуз-цедење во грлотоНикола ГруевскиЉубе БошкоскиАвтобиографија (Григор Прличев)Ѓорче ПетровДржавни празници во МакедонијаХемороидНационален парк ГаличицаЏо БајденСобрание на Република МакедонијаОслободителна Народна АрмијаРелигија во МакедонијаОпштина Гази БабаБугарски возРеферендум во Македонија (2004)Демократи (политичка партија)ОНАМоликаОикофобијаБилјана ВанковскаСписок на држави и територии во ЕвропаГрегоријански календарНикола ПопоскиЕндометриозаИмер СелманиИндонезијаОВКШишман АнгеловскиИнтеграТито ПетковскиКонтинентТеута АрифиВтора влада на Никола ГруевскиАвантурите на ПинокиоАлтернатива (политичка партија)Македонска обновителна реформска опција - Работничка партијаЧорбаџи ТеодосЕгејска МакедонијаОпштина КривогаштаниАдаптација (биологија)ЈугославијаПрилепМовЛарингитисРамнокрак триаголникМагнетна резонанцијаАтентат врз Киро ГлигоровГолеми и мали (роман)Историја на Македонија (1991 - денес)Стефан ЛазаровМакедонски парламентарни избори, 1994МозокБојан ЈовановскиХартијаЗоран ЗаевПрва влада на Зоран ЗаевМесечинаЉупчо ГеоргиевскиОпштина СтуденичаниБранко ЦрвенковскиВелигденВоен конфликт во Македонија, 2001Љубчо ГеоргиевскиМакедонски народни инструментиСрпска странка во МакедонијаСписок на градови во Македонија по населениеЉубомир ГајдовДржавна изборна комисијаСписок на птици во МакедонијаОксидационо-редукциона реакцијаЦар Едип (драма од Софокле)Македонски парламентарни избори (2011)🡆 More