Бор (науч. Pinus) — род на дрва од семејство борови (Pinaceae).
Бор | |
---|---|
Бел бор (Pinus sylvestris) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Четинари |
Класа: | Четинари |
Ред: | Боровидни |
Семејство: | Борови |
Род: | Бор Л. |
Подродови | |
|
Ова е единствениот род во потсемејството на боровите (Pinoideae). Постојат околу 115 вида на борови, со тоа што разни извори прифаќаат помеѓу 105 и 125 вида.
Моликата (латински: Pinus Peuce) припаѓа во групата на борови. Таа е застапена во деловите на: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора и мал дел од Егејска Македонија. Моликата расте од 35 до 40 метри. Должината на шишарките на Моликата е од 8 до 16 cm, а некои растат и до 20 cm. Семињата се долги од 6 до 7 милиметри со крилца од 2 cm и се расејуваат со помош на ветер, но нив најчесто ги расејува птицата лешникарка.
Алепски бор (латински: Pinus halepensis) го има во деловите на Средоземјето кај Барселона, во Шпанија и го има во деловите на Блискиот Исток.
Култеров бор (латински: Pinus coulteri) го има во деловите на северна Калифорнија и просечно расте од 20 до 30 метри.
Боровите се автохтони во најголемиот дел од северната полутопка и се воведени насекаде во умерените и суптропските краишта во светот, каде се одгледуваат како дрвена граѓа и како украсни растенија во градини и паркови. Еден вид (суматранскиот бор) го преминува екваторот во Суматра на 2° ЈГШ. Во Северна Америка виреат од 66° до 12° СГШ.
Боровите се зимзелени, иглолисни смолести дрва (а ретко грмушки) со раст од 3–80 м, при што повеќето видови достигнуваат од 15–45 м во висина. Најмали се џуџестиот бор (P. pumila) и потошки пињон (P. culminicola), а највисок е 82-метарскиот жолт бор (P. ponderosa) од јужен Орегон.
Кората кај повеќето видови е дебела и лушпеста, но некои имаат тенка кора што се одвојува во парченца. Гранките се наизменични но густо распоредени, па затоа изгледаат како да се прстенесто расположени. Многу видови се „еднојазлени“ што значи дека даваат само еден ред гранки годишно од пупките на новите изданоци („леторасти“), но има и „повеќејазлени“, со два или повеќе реда во годината. Овој спирален раст на игличките, шишарките и гранките, всушност, е распореден според Фибоначиев сооднос. Изданоците се нарекуваат и „свеќи“ бидејќи стојат исправени и се прекриени со кафени или белузлави пупкини лушпички. Подоцна истите позеленуваат и се шират нанадвор. плодност. Овие свеќи на шумарите им служат како показател за плодноста на почвата и успехот на дрвата.
Боровите имаат долг животен век, достигнувајќи 100–1.000 години. Некои можат да достигнат голема старост, како што е долговечниот бор (Pinus longaeva). Едно дрво од овој вид, наречено „Метузалем“, е најстариот организам во светот, со возраст од 4.600 години и се наоѓа на Белите Планини во Калифорнија.
Боровите имаат четири вида на листови:
Речиси сите борови се двополови (со машки и женски шишарки на истото дрво), но има и неколку вида со претежно поделени родови. Машките шишарки се мали (1–5 см) и се јавуваат само во краток период (најчесто пролет, есен кај неколку вида) и паѓаат откако ќе го испуштат поленот. На женските шишарки им треба 1,5–3 години (зависно од видот) за да узреат по опрашувањето, со тоа што самото оплодување е одложено за една година. Зрелите женски шишарки се долги 3–60 см, со наизменични лушпи и по две семки во секоја плодна лушпичка. Лушпите на основата и врвот на шишарката се неплодни и немаат семки. Семките се претежно мали и крилести, предвидени да се разнесуваат од ветрот, но има и такви што се поголеми, со закржлавено крилце, и нив ги разнесуваат птици. Кога ќе узреат, шишарките се отвораат за да го испуштат семето, но оние што ги разнесуваат птици (на пр. белокорестиот бор), семките ги вади самата птица. Кај трети пак, семките стојат во затворени шишарки многу години, и се отвораат само при извесен знак на поволност од средината. Најзастапен вид на затворени шишарки се оние облепени со смола, што треба да ја стопи пожар за да излезат семињата.
Боровите успеваат добро на кисели почви, а некои и на варовнички. На повеќето видови им треба добро исцедена почва и претпочитаат песокливи почви, но има неколку (на пр. искривениот бор) што трпат слабо исцедени калливи почви. Неколку од нив пуштаат листови по шумски пожари (на пр. канарскиот бор). Некои видови (на пр. епископскиот бор) зависат од пожарите и без нив не можат да се размножуваат. Неколку вида се приспособени на крајно неповолни услови на студ или големи надморски височини (на пр. џуџест бор, планинскиот, белокорестиот и долговечниот бор). Пињоните и ред други (особено брутскиот и сивиот бор добро успеваат на врела и сува полупустинска клима.
Со семињата се хранат птиците и верверичките. Од поголемо значење за распространување на потомството се лешникарката, американската лешникарка и голоклуната сојка. Игличките се храна за извесни видови на пеперуги и молци, боровиот песочник и козите.
Боровите се стопански најзначајните дрва ширум светот поради нивната дрвена граѓа и дрвена каша. Во умерени и топли краишта, овие меки дрва растат бргу. Во стопанските насади наменети за добивање на граѓа се одгледуваат погусти и посмолести дрва, кои од тие причини се подолговечни од смрчата (Picea). Дрвото на борот се користи како повреден материјал за мебел, прозорски рамки, ламперија, подови итн, а од смолата се добива терпентин. Многу видови на бор се привлечни како украс во градини и паркови. Покрај ова, се одгледуваат и како новогодишни елки, а шишарките и листовите се користат во ракотворби. Тие не се трајни по сечењето и нивното дрво има многу краток век ако е изложено на надворешни влијанија. Затоа, боровото дрво се користи само во простории или внатрешни ѕидови.
Некои видови имаат големи семки наречени борови семки, кои се одгледуваат и продаваат како храна. Тие се сметаат за незаменливи во италијансото макало наречено песто. Меката, влажна внатрешна кора што е залепена за дрвенестата надворешна кора се јаде и е многу богата со витамините А и Ц. Може да се јаде сирова, исечена на парчиња, или пак исушена и сомелена во брашно за печење, згуснување јадења, запршки итн. Особено многу го користеле северноамериканските староседелци. Од младите иглички во Шведска се прави витамински чај наречен „талструнт“.
Боровите се делат на три подрода, според особеностите на шишарката, семките и листовите:
Подрод Pinus — жолти и тврди борови
Пордрод Strobus — бели и меки борови.
Подрод Ducampopinus — пињони, шаренокорести и опашести борови.
Во Македонија се застапени пет вида како автохтони борови и повеќе од шест вида како воведени.
„Бор“ на Ризницата ? |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Бор (дрво), which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.