Бибање: село во Општина Маврово и Ростуше

Бибање (служб.

Бибај, албански: Bibaj) — село во Општина Маврово и Ростуше, во областа Горна Река.

Бибање
Бибај
Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на Бибање од соседното Нистрово

Бибање во рамките на Македонија
Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Бибање
Местоположба на Бибање во Македонија
Бибање на карта
Координати 41°43′55″N 20°37′39″E / 41.73194° СГШ; 20.62750° ИГД / 41.73194; 20.62750
Регион Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 0 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07006
Надм. вис. 1187 м
Слава Богородица Зимска
Бибање на општинската карта
Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Бибање во рамките на општината
Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Бибање на Ризницата

Потекло на името

Селото најпрвин запишано како Бибање се сретнува во 1882 година. За потеклото на името постојат повеќе мислења:

  • Се верува дека името потекнува од женското лично име Биба, што доаѓа од бибе, што означува „патка, гуска“.
  • Од името на основоположникот Бибо.
  • Од топонимот Биба(та) или од хидронимот Бибја (бара), Бибје (блато)
  • Изведено од личното име Бибан

Географија и местоположба

Бибање: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Горна Река, во северозападниот дел на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Сместено е на источните огранки на планината Кораб, а во горното сливно подрачје на Радика. Селото е планинско и е сместено доста високо на 1.200 метри надморска височина. Од градот Гостивар селото е оддалечено 33,5 километри.

Бибање се наоѓа во клисурата на Длабока Река, од нејзината десна страна. Некои го сметаат за маало на соседното село Нистрово, кое се наоѓа од другата страна на реката.

Историја

Во XIX век, Бибање било село во Реканската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото поседува мал атар, кој зафаќа простор од 3,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина 283,8 хектари, обработливите површини заземаат 83,2 хектари, додека на пасиштата отпаѓаат само 3,3 хектари.

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194868—    
195372+5.9%
196181+12.5%
197160−25.9%
198148−20.0%
ГодинаНас.±%
19910−100.0%
199446—    
200231−32.6%
20210−100.0%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Бибање е село со 15 домаќинства и 46 жители.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бибање живееле 122 жители, сите Албанци, од кои 32 христијани и 90 муслимани. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бибање имало 36 жители.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бибане е претставено како албанско село од мешана (муслиманска и православна) вероисповед во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 36 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Албанци.

Бибање е мало село, коешто во 1961 година броело 81 жител, од кои 34 биле Албанци, 31 Македонец, а 15 жители Турци, додека во 1994 година имало 46 жители, од кои 44 биле Албанци и двајца жители Македонци.

Пописот од 1991 година не бил одржан во селото Бибање, бидејќи неговото население одбило да учествува, односно го бојкотирало неговото одржување, поради што за таа пописна година, за селото нема податоци.

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 31 жител, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Бибање:

Година Македонци Албанци Турци Вкупно
1948 68
1953 26 46 0 72
1961 31 34 16 81
1971 15 33 12 60
1981 4 42 0 48
1991 0 0 0 0
1994 2 44 0 46
2002 0 31 0 31
2021 0 0 0 0

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Самоуправа и политика

Селото се наоѓа во рамките на новосоздадената Општина Маврово и Ростуше, која настанала со територијалната поделба на Македонија во 2004 година. Претходно селото припаѓало на поранешната Општина Маврови Анови, која со измените во Законот за територијална поделба на Македонија била припоена со Општина Ростуша, со што двете општини ја создале новата Општина Маврово и Ростуше, во која денес се наоѓа селото.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Гостивар, додека во периодот по војната од 1957 до 1965 година се наоѓала во некогашната општина Маврово. Во рамките на истата општина се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Трница, во која покрај Бибање се наоѓале Беличица, Богдево, Бродец, Волковија, Врбен, Грекање, Жужње, Кичиница, Кракорница, Нивиште, Нистрово, Ничпур, Рибница, Сенце и Тануше. Во периодот 1950-1952 година, селото влегувало во рамките на Општина Нистрово, во која влегувале селата Бибање, Жужње и Нистрово.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0482 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во селото Нистрово.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Од селото има патека која води до најголемиот водопад во Македонија, Корапскиот Водопад.

Редовни настани

Личности

    Родени во Бибање

Галерија

Наводи

    Забелешки

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Бибање Потекло на иметоБибање Географија и местоположбаБибање ИсторијаБибање СтопанствоБибање НаселениеБибање Самоуправа и политикаБибање Културни и природни знаменитостиБибање Редовни настаниБибање ЛичностиБибање ГалеријаБибање НаводиБибање ПоврзаноБибање Надворешни врскиБибањеАлбански јазикГорна РекаОпштина Маврово и Ростуше

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Основен приходЕтанолТалат ЏафериБалкански ПолуостровОпштина ПробиштипИзвори на енергијаSARS-CoV-2Драмска уметностЏастин БиберПаркинсонова болестХеродотЛокални избори во Македонија (2013)Општина Демир ХисарМакедонциЈапонијаБарешаниБедија БеговскаЏек ЛондонСтруен ударРисто СтефановскиИнтернетПридавкаПченкаКирхофови закони за струјното колоМесечинаПертусисСвета ПеткаОпераХромозомИсторија на македонскиот народТирВласиКристофер КолумбоПретседател на МакедонијаПневмонијаНезависна Држава МакедонијаТрескавецОтоманска МакедонијаКралот ЛирСтрофаОливера НиколоваХипертензијаСтар заветСидЕрман ШабанЕвропаМакедонски парламентарни избори, 2014Студена војнаПустинаЕвгениј ОнегинБаснаКирилицаФлебитисРимШтипДесет Божји заповедиБратиславаМесопотамијаНикола КаревМакедонски парламентарни избори, 2008ДелогождиНатриум хидроксидГуливеровите патувањаОпштина БеровоЈане СанданскиСписок на македонски народни поговоркиЃорѓи СугаревЕвропска УнијаХомерЗбунети годиниБлаже КонескиХрватски месециЛавПожарПроизвод (математика)КвадратДемир Хисар🡆 More