Бафинова Земја: остров во Канада

Бафинова Земја или Бафинов Остров е еден од арктичките острови од Арктичкиот Архипелаг во северна Канада и припаѓа на сојузната територија Нунавут.

Со површина од 507,451 км2, тој е најголемиот канадски остров и петти по големина во светот, но поради ладната клима има население од 13.039 жители, воглавно Инуити. Островот е крстен по името на британскиот истражувач Вилијам Бафин, а некогаш Нордијците го викале Хелуланд.

Бафинов Остров
Познат и како ᕿᑭᖅᑖᓗᒃ (Qikiqtaaluk)
Бафинова Земја: остров во Канада
Географија
Координати69°N 72°W / 69° СГШ; 72° ЗГД / 69; -72 (Baffin Island)
Површина507.451 км2
Подреденост по површина5.
Највисоко издигнување2.147 м
Управување
Најголема населбаИкалуит (pop. 6,699)
Демографија
Население10,745 (2006)
Густина0,02 /km2 (5 /sq mi)

Најголемото населено место на островот е главниот град на Нунавут - Иквалуит, кој е сместен на неговиот јужен брег, кај Фробишеровиот Залив. Според пописот од 2001 година, ова гратче имало 5,236 жители. Други поголеми населени места се Пангниртунг со 1,243 жители, Понд Инлет со 1,220 жители, Клајд Ривер, Арктик Беј итн.

Јужно од островот се наоѓа Хадсоновиот Премин и копното Квебек. На исток е Бафиновиот залив и Девисовиот Премин позади кои е сместен Гренланд, а на запад и север е Фоксовиот Залив, заливот Бутија и Ланкастеровиот Залив, кои ја делат Бафинова Земја од останатиот дел од архипелагот.

На Бафинова Земја е честа појавата на поларен ден (во лето) или поларна ноќ (во зима). Од животните, најзастапени се арктичките ѕверови и белите китови.

Географија

Бафиновите Планини се протегаат долж североисточниот брег на островот и се дел од Арктичките Кордиљери. Највисок врв е Один, со надморска височина од 2 143 м., или 2 147 метри според други извори. Двете најголеми езера на островот се наоѓаат во средината на јужниот дел од островот: Нетилинг (5 542 km2) и езерото Амаџуак (3 115 km2 ).

Наводи

Tags:

АрктикАрктички АрхипелагВилијам БафинИнуитиКанадаКлимаНаселениеНордијциНунавутОбединетото КралствоОстров

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Десница (политика)Собрание на МакедонијаПравоаголен триаголникКрушевска РепубликаНадреден знакЗурла (македонска)Прва влада на Бранко ЦрвенковскиАлшарСписок на повикувачки броеви на земјитеМинистер за финансии на МакедонијаСипанициДаме ГруевВласиАнемијаЗлосторство и казнаФјодор Михајлович ДостоевскиЕнзимМали сипанициМалиот принцАнтибиотик со широк спектар на дејствоИнтернетРоманијаРеферендум во Македонија (2004)Калеш АнѓаКамен мост (Скопје)Попис на населението во Македонија (2021)Претседател на МакедонијаВиолинаЗнаме на МакедонијаХартијаgr7cmБосна и ХерцеговинаБраќа МиладиновциЏек ЛондонСрпска странка во МакедонијаМакедонски КонцептВиртуелна машинаПресметување на датумот на ВелигденПингвинСвети Климент ОхридскиМакедонски месециСаво КлимовскиМакедонски парламентарни избори (1990)Социјалистичка Федеративна Република ЈугославијаМакедонски парламентарни избори (2020)Македонска револуционерна организацијаСкратеници во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 1994Тито ПетковскиДесет Божји заповедиГордана Силјановска-ДавковаДимитар МиладиновДПАЖелезоСојуз на Ромите од МакедонијаАмазонВолфганг Амадеус МоцартУд (македонски)ВселенаРепродуктивен системОпштина Кисела ВодаКомуњарПолитичка партијаЕкологијаМалтаДоситеј ОбрадовиќИзбори во Република МакедонијаПетар ГошевКавадарциДемократска партија (Македонија)Државни празници во МакедонијаСобрание на Република МакедонијаСписок на градоначалници на Општина СтрумицаЦирозаСердаротЛокални избори во Македонија (2017)🡆 More