Балинци: село во Општина Валандово

Балинци — село во Општина Валандово, во областа Бојмија, во околината на градот Валандово.

Селото е скоро целосно споено со соседното Брајковци.

Балинци
Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Воздушен поглед на селото

Балинци во рамките на Македонија
Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Балинци
Местоположба на Балинци во Македонија
Балинци на карта
Координати 41°17′18″N 22°30′51″E / 41.28833° СГШ; 22.51417° ИГД / 41.28833; 22.51417
Регион Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Југоисточен
Општина Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Валандово
Област Бојмија
Население 366 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2460
Повик. бр. 034
Шифра на КО 04001
Надм. вис. 105 м
Балинци на општинската карта
Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Балинци во рамките на општината
Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Балинци на Ризницата

Потекло и значење на името

Името на селото првпат се сретнува во турски документи во XVI век. Името на селото потекнува од именски форми од македонскиот јазик, односно од топонимската синтагма: Балин Дол кое е придавно образување од личното име Балин, Бало,-а кое доаѓа од имињата Балдовин, Братислав, Братољуб, Благомир и Благољуб. Како второ објаснување е семејното име Балинци што доаѓа од атрибутската синтагма Балини/Балинји (Балинови) што повторно се поврзува со личното име Балин.

Географија и местоположба

Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Воздушен поглед на селото со поглед на регионалниот пат 1401 низ него

Селото се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општина Валандово, во средишниот дел на плодното Валандовско Поле, чиј атар на тесен дел се допира со подрачјето на Општина Гевгелија. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 105 метри. Од градот Валандово, селото е оддалечено 5,5 километри.

Низ селото поминува регионалниот пат 1401, кој ја поврзува Струмица со селото Марвинци.

Историја

Балинци: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Панорама на селото во 1931 година

Селото било срамнето со земја при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.

Стопанство

Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од 5,5 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 294,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 178,4 хектари, додека на пасиштата 34,4 хектари.

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото имало земјоделска задруга, а денес има продавници и угостителски објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948266—    
1953297+11.7%
1961280−5.7%
1971284+1.4%
1981332+16.9%
ГодинаНас.±%
1991337+1.5%
1994333−1.2%
2002328−1.5%
2021366+11.6%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 85 жители христијани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Балинци живееле 150 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Балинци имало 144 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.

Во 1961 година селото било мало и броело 280 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 333 жители, од кои 241 Македонец, 84 Срби, а осум жители Роми.

Според пописот од 2002 година, во селото Балинци имало 328 жители, од кои 242 Македонци, 78 Срби, 7 Роми и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 366 жители, од кои 281 Македонец, 82 Срби и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 150 144 266 297 280 284 332 337 333 328 366


Општествени установи

  • Дом на култура
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

На крајот од XIX век, Балинци било македонско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Валандово, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Валандово.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Валандово.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Валандовска градска општина, во која покрај селото Балинци се наоѓале градот Валандово и селата Брајковци, Грчиште, Марвинци, Пирава, Раброво и Честово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Марвинци, во која влегувале селата Балинци, Брајковци, Грчиште и Марвинци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0293 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 270 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 279 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Цркви

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Балинци Потекло и значење на иметоБалинци Географија и местоположбаБалинци ИсторијаБалинци СтопанствоБалинци НаселениеБалинци Општествени установиБалинци Самоуправа и политикаБалинци Културни и природни знаменитостиБалинци ГалеријаБалинци ПоврзаноБалинци НаводиБалинци Надворешни врскиБалинциБојмијаБрајковциВаландовоОпштина Валандово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БалтиморМолскавициВиенаКвадратЛимфомМакедонски парламентарни избори, 2006ГаличицаХепатитКаролина ГочеваМенингитисОдбивање (физика)Живко ЧингоБлаговештениеАбортусДесет Божји заповедиМакедонски ораНационален парк МавровоТирЕвгениј ОнегинЈапонијаМаксим ДимитриевскиГрузијаМакедонски јазикГитараБојан (роман)Електрична струјаРак на грлоКонтинентЕврејски празнициХемороидБарешаниХераклеја ЛинкестисШар ПланинаГодинаЖелудникХомерДен на шегатаАртрозаСтрумицаАВНОЈНовак ЃоковиќКиро ГлигоровВоен конфликт во Македонија (2001)Занаетчиство во Старата скопска чаршијаИзборна единица 2Николај ГогољБаклаваБратиславаКоле НеделковскиМакедонци-муслиманиОпштина КичевоПаралелограмХемоглобинПолитички системКога тргнав ЦветоЗаграчаниАтинаУкраинаТрескавецДемир ХисарРајчицаГоран СтефановскиЃорѓи КолозовПравославиеЗлатоМакедонски парламентарни избори, 2008ТартифКлеопатраФилип РикерЕмре БејДен на независноста на МакедонијаВевчаниФеникијаСписок на главни градови во ЕвропаКипарИсторијаЛокални избори во Македонија (2021) — Град Скопје🡆 More