Апостол Матиј: ученик на Исус Христос

Матиј или Матија (коински грчки: Μαθθίας, од библиски хебрејски: מַתִּתְיָהוּ Матитјаху, коптски: ⲙⲁⲑⲓⲁⲥ; I век - ок. 80) — еден од учениците на Исус Христос, кој според Делата на светите апостоли бил избран од апостолите да го замени Јуда Искариот по извршеното предавство и самоубиство. Единствен е по тоа што не станал апостол со назначување од Исус, кој веќе се вознел на небото, и бил прогласен за таков пред слегувањето на Светиот Дух меѓу раните верници.

Матиј
Апостол Матиј: Животопис, Дејност, Дела
Икона на апостол Матиј од Симоне Мартини, 1317–19 г.
апостол и маченик
Роден(а) I век, Јудеја
Починал(а) ~80, Ерусалим, Јудеја или во Колихида (денешна Грузија)
Почитуван(а) во
Слава православие: 9 август ст. ст.
(22 август н. ст.)
католициизам: 12 мај
Обележја секира, мачеништво
Заштитништво алкохоличари; столари; кројачи; сипаници; надеж; упорност

Животопис

Матија не се спомнува во списоците на Исусовите следбеници во трите синоптички евангелија, но според Делата на светите апостоли, тој бил негов придружник од Крштението, па сè до неговото Вознесение. Во наредните денови, Петар им предложил на насобраните 120 ученици да предложат човек кој би го заменил Јуда. Тие ги избрале Јосиф Варсава (наречен Јуст) и Матиј. Потоа се помолиле „Ти, Господи, Кој ги познаваш срцата на си­те, покажи од овие двајца еден, кого си го избрал, за да прими дел од оваа служба и од апостолството од кое отпадна Јуда за да си отиде на своето место.“ Потоа фрлиле ждрепка, и таа паднала на Матиј; со тоа, тој се вброил во единаесетте апостоли.

Канонскиот Нов завет не дава никакви понатамошни информации за Матиј. Дури и името му се разликува од едно место до друго: сириската верзија на Евсевиј Кесариски сето време го нарекува „Толмеј“ (но поинаков од апостолот Вартоломеј, кој бил меѓу првичните апостоли). Климент Александриски еднаш го спомнува Закхеј на начин кој би можел да се протолкува како да горови за Матиј; Климентините го поистоветуваат со Варнава; Адолф Хилгенфелд смета дека е истата личност со Натанаил во Евангелието според Јован.

Дејност

Грчкото предание вели дека Матиј бил одговорен за воведување на христијанството околу Кападокија и бреговите на Каспиското Море, а живеел крај пристаништето Ис.

Според Никифор Ксантопул, Матиј прво го проповедал словото во Јудеја, а потоа во Етиопија (кај областа Колхида, денешна Грузија) и бил распнат. Коптските „Дела на Андреја и Матиј“ говорат дека живеел во „градот на човекојадците“ во Етиопија. Урнатините на римската тврдина во Гонио (Апсар) во денешната грузиска област Аџарија имаат спомен-плоча која тврди дека таму е неговото почивалиште.

Зборникот на Доротеј Тирски го раскажува следново предание: „Матиј го проповедаше словото на варварите и месојадците во внатрешноста на Етиопија, каде се наоѓа пристаништето Ис, на устието на реката Фасис. Умре во Севастопол и таму го закопаа, кај Храмот на Сонцето.

Според друго предание, Матиј бил каменуван во Ерусалим од месното население, а потоа обезглавен. Споерд Иполит Римски, Матиј умрел на стари години во Ерусалим.

Дела

Опстанатите фрагменти од изгубеното Евангелие според Матиј велат дека се негово дело, но раните црковни отци го сметале ова евангелие за кривоверно дело од II век.

Почитување

Апостол Матиј: Животопис, Дејност, Дела 
Кивор на апостол Матиј во Падова, Италија.

Православието по традиционален источен обред го слави Матиј на 9 август (22 август по нов стил). Православните од западен обред продолжуваат да го слават на 24 и 25 февруари во престапни години.

Неговата слава е воведена во римскиот календар во XI век и се одбележувал на шестиот ден од мартовските календи (обично 24 февруари, но на 25 февруари во престапни години). Во преработката на Општиот римски календар во 1969 г. денот е поместен на 14 мај за да не биде за време на Великите пости, туку заедно со велигденските празници близу до Вознесение, по што Делата ни евели дека Матиј бил избран за еден од Дванаесетте апостоли.

Заедничкиот молитвеник на Црквата на Англија, како и другите постари заеднички молитвени книги во англиканството, го чествува Матиј на 24 февруари. Според поновата литургија „Заедничка богослужба“, Матиј се чествува во Црквата на Англија со слава на 14 мај, иако по желба може да се прослави на 24 февруари. Во Епископалната црква и некои цркви во лутеранството како Мисурскиот синод и Канадската лутеранска црква, денот на одбележување останува на 24 февруари. Евангелска лутеранска црква во Америка и нејзината сестринска црква во Канада го одбележуваат Матиј на 14 мај.

Се тврди дека моштите на апостол Матиј биле донесени во Италија преку царицата Елена, мајка на Константин Велики. Според овие тврдења, дел од моштите се закопани во манастирот „Св. Јустина“ во Падова, а остатокот се во опатијата „Св. Матиј“ во Трир, Германија. Според грчки извори, моштите се закопани во тврдината Гонио-Апсар во Грузија.

Поврзано

  • Евангелие според Матиј

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Апостол Матиј ЖивотописАпостол Матиј ДејностАпостол Матиј ДелаАпостол Матиј ПочитувањеАпостол Матиј ПоврзаноАпостол Матиј БелешкиАпостол Матиј НаводиАпостол Матиј Надворешни врскиАпостол Матиј

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Христо УзуновАнтон ПановПопулизам20000 милји под моретоРомео и ЈулијаОпштина АеродромМустафа Кемал АтатуркИсторија на Македонија (1991 - денес)Самоилово ЦарствоЛазарова саботаЗлосторство и казнаДемократски сојузЗемја (планета)Киро ГлигоровТетанусБубрежна слабост‘Рбетен столбАзијаОпштина ОхридЕгејска МакедонијаИзборна единица 4ДекамеронДемократска унија за интеграцијаНикола ПопоскиОхридски топчест сунѓерПрва влада на Зоран ЗаевСредоземно МореСвети Климент ОхридскиМајка ТерезаДесет Божји заповедиРеферендум во Македонија (1991)ТурцијаКрвГрад СкопјеВакцина против тетанусРаковиСписок на тегоби и болки на стапалатаХазби ЛикаСардинијаХераклеја ЛинкестисМинистер за здравство на МакедонијаАнемијаТристан и ИзолдаВила ВодноСтефан БогоевКипарНационални паркови во МакедонијаИмер СелманиМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Виртуелна машинаГлаголКумановоМакедонски претседателски избори, 2009Петар ГошевШенка КолозоваПрометејДневникот на Ана ФранкОпштина ИлинденЦветнициАнтибиотик со широк спектар на дејствоРеферендум во Македонија (2004)КловерфилдПридавкаКалендар на Велигденски датумиКарлес ПуџдемонОпштина Маврово и РостушеОпштина РанковцеСвети Наум Охридски ЧудотворецМакедонски парламентарни избори (2002)Изборни единици во МакедонијаВелики петокАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаБроеви во македонскиот јазикМасакр кај КарпалакНикола ТодоровСписок на градови во ГерманијаСтале ПоповДрама🡆 More