Апитерапија (латински: apis - пчела) — комплементарна научна дисциплина на традиционалната медицина, во најголем дел, создадена врз основа на вековно народно искуство.
Комбинира превентивни и терапевтски методи засновани на употреба на пчелни производи: полен, матичен млеч, мед, прополис, пчелин отров (Apis mellifera) и восок со цел да се зачува и подобри здравјето на луѓето.
Апитерапија | |
---|---|
Пчели на саќе со мед | |
Специјалност | Традиционална медицина |
Употребата на пчелните производи за превентивни и терапевтски цели постои уште од почетокот на човекот. За тоа дека човекот отсекогаш го користел медот како храна и лек говорат многубројните цртежи на ѕидовите на пештерите и зачуваните пишани документи. Зачуваните документи од древните цивилизации на Египет, Грција и Рим упатуваат дека човекот уште тогаш ги ценел лековитите својства на медот.
Во грчката митологија Мед бил син на егејскиот крал Егеј и волшебничката Медеја. Според една легенда, кога Медеја била протерана од Атина, таа заминала со нејзиниот син во Азија, каде што тој станал истоимениот херој на Медијците, кои освоиле многу земји. Тој го загубил животот при поход на Индија. Според друга легенда, тој самиот пристигнал во Колхида во времето кога Перс го презел тронот од Ајет. Знаејќи за пророштвото дека Персеј ќе страда од потомците на неговиот брат, Мед лажно се претставил како Хипо, син на коринтскиот крал Креонт. Меѓутоа, тој не успеал да ја измами Перса и го фрлила в затвор. Од занданата го спасила неговата мајка Медеја, која се претставила како свештеничка на Артемида и му го дала оружјето со кое го убил Персеј. Мед бил еден од учениците на Хирон и умрел кога ја нападнал Индија. Според некои извори, неговиот татко можеби бил Јасон , а како негови родители се спомнуваат Дионис и нимфата Алфесибеја. Некои автори го нарекувале и Поликсен или Медеј. За него пишувале многу автори; Аполодор, Диодор, Хесиод и други.
Историјата на апитерапијата во 19 и 20 век открива бројни студии спроведени во областа на апитерапијата, а особено во областа на примената на пчелниот отров. Така, благодарение на напорите на австрискиот лекар Филип Терц, кој ги објавил резултатите од своето истражување во 1888 година со наслов „Извештај за еден вид поврзаност помеѓу убодот од пчела и ревматизмот“, започнала употребата на пчелниот отров во лекувањето на ревматските заболувања.
Бодог Бек (1871 - 1942), Унгарец родум од Будимпешта, по неговото пристигнување во САД, ги следел искуствата на Терц и бил меѓу првите кои почнале да ја користат апитерапијата во САД. Долги години, тој и персоналот на болницата Свети Марко во Њујорк користеле пчелин отров во лекувањето на ревматски заболувања, по неговото лично лошо искуство со ревматска треска. Д-р Бек, како и многу лекари пред и по него, се обидел методот на лекување со пчелин отров да биде препознаен од лекарската фела, но безуспешно. Како и д-р Терц, кој се смета за „татко“ на терапијата со пчелин отров, Бек не успеал да создаде никаков интерес во медицинската пракса за прифаќање на употребата на пчелин отров во терапијата. Бек исто така бил голем поборник за употребата на медот во лекувањето, а за да ја популаризира неговата употреба, ја напишал книгата „Медот и твоето здравје“, која ја објавил во 1938 година.
За популаризацијата на апитерапијата во САД големи заслуги има и Чарлс Мраз (1905-1999) , пчелар од Вермонт, кој добро го познавал Бек и соработувал со него долги години. Во 1928 година, откако се преселил во Вермонт, Чарлс основал пчеларник (кој набрзо станал најголемиот пчеларник во Нова Англија) и фирма која успешно работела повеќе од 60 години. Чарлс, континуирано патувал во Јужна и Средна Америка, Европа, Азија и Блискиот Исток и како консултант промовирал пчеларски методи и технологии. Во 1992 година добил признание од Американската пчеларска федерација како еден од петте најистакнати пчелари во САД во комерцијалното пчеларство. Чарлс бил колумнист и писател кој пишувајќи за медот и неговите производи, дал значаен придонес во негувањето на традициите во областа на пчеларството. Некои од членовите на одборот на Американското здружение за апитерапија, како и многу други членови на ова друштво, се обучени или се обучуваат инспирирани од основните теоретски и практични поставки на Чарлс Фрост.
Апитерапијата со убоди од пчела се користи за лекување на специфични хронични воспалителни нарушувања, вклучувајќи:
Оваа терапија потекнува од анегдотски извештаи за убоди од пчели кои третирале бронхитис и артритис. Режимот на лечење се состоел од убоди од пчели и внесување на пчелин отров (Apis mellifera) од живи пчели еднаш дневно или трипати неделно, применети на ’рбетот, веројатно во корелација со зафатениот зглоб или по акупунктурните „активирачки“ точки. Потоа, на овие точки се врши притисок со палецот до точка на болка. По првите недели од третманот, некои пациенти доживеале влошување на нивната болест во таканаречената реактивна фаза, која се смета за суштинска и го одразува активирањето на имунолошкиот систем. Кога ќе се постигне специфично (неидентификувано) ниво на отпор, терапијата обично се прекинува. Третманот бил индивидуализиран во зависност од клиничкиот одговор и се прекинувал доколку се појави анафилакса.
Во триесеттите години на 20 век станале достапни комерцијални облици на пчелин отров во облик на инјекции (Apiven, Venapis, Liovac, Iminin, Apikosan), со 0,1 mg чист сув пчелин отров, што е еднакво на еден убод од пчела.
Вид на соединение | Соединение | Количини на отров во % | Број на персекти (nmol) |
---|---|---|---|
Мали молекули | Хистамин | 0,66-1,6 | 5–10 |
Допамин | 0,13-1,0 | 2,7-5,5 | |
Норадреналин | 0,1-0,7 | 0,9-4,5 | |
Пептид | Мелитин | 40–50 | 10–12 |
Мелитин-Ф | 0,01 | 0,0003 | |
Апамин | 3 | 0,75 | |
Пептид 401 | 2 | 0,6 | |
Секапин | 0,5 | 0,13 | |
Тертиапин | 0,1 | 0,03 | |
Прокамин А, Б | 1.4 | 2.0 | |
Ензими | Фосфолипаза А2 | 10–12 | 0,23 |
Хијалуронидаза | 1-2 | 0,03 | |
Кисела фосфомоноестераза | 1,0 | - | |
α-d-гликозидаза | 0,6 | - | |
Лизофосфолипаза | 1,0 | 0,03 |
Активните истражувања во Соединетите Американски Држави и други земји престанале во раните 1950-ти со појавата на ефективни антибиотици и кортикостероиди.
Од почетокот на 21 век, кога имало заживување на студиите за корисните ефекти на убодите од пчели, овој ефект се припишува на фракцијата растворлива во вода и нејзината интеракција со металопротеинази и мелитин, која ја инхибира циклооксигеназата (ЦОКС-2) и производство на супероксид од страна на неутрофили, двата главни играчи во одржувањето и појачувањеето на воспалението во зглобовите за време на ревматоиден артритис. Ова антиинфламаторно средство, за кое е познато дека е 100 пати посилно од кортизонот, се покажало дека е ефикасно во потиснување на производството на цитокин.
Во клиничката пракса, при примената на оваа метода се појавиле несакани ефекти како анафилакса (како еден од главните проблеми) и ризик од развој на други компликации (како хепатотоксичност). Затоа, бидејќи се покажа дека мелитин покажува хемолитички и цитотоксични активности против клетките на цицачите, тој треба да се модифицира пред безбедно да се развие во лек.
Во популарната литература и слични прирачници: често се опишуваат корисните ефекти на медот и другите пчелни производи, со наведување на научно непотврдени факти или без наведување на авторите кои ги спровеле истражувањата и ги утврдиле чудесните ефекти на пчелните производи врз здравјето на луѓето, или биле давани совети како да се користи медот и другите пчелни производи, дози и рецепти без никаква научна потврда, односно претклинички и клинички испитувања.
Бидејќи апитерапијата вклучува употреба на многу диететски производи или додатоци базирани на мед и други пчелни производи, создадени надвор од фармацевтската индустрија и кои се препорачани или применувани од немедицински професионалци, без јасни научни докази, имињата на дополнителните или алтернативните третмани се псевдонаучни термини кои често се користат од точната медицина при опишување на овој метод во пракса. Затоа, многу често во стручната литература, особено медицинската, пчелните производи речиси општо се отфрлаат како бескорисни, а нивната употреба во лекувањето се нарекува „надрилекарство“.
Некои од главните причини за општото непочитување и поларизирање на ставовите меѓу експертите од различни професии, за секој биолошки корисен потенцијал на пчелните производи, според точната медицина во многу западни земји биле:
Некои од производите во апитерапијата речиси никогаш не предизвикуваат „штети“, а можат да имаат позитивни ефекти во ублажување на симптомите, додека други можат да бидат „опасни“. Ако во апитерапијата се користат внимателно одбрани и проверени пчелни производи (на пр. при лекување на рак или некои други состојби) можат позитивно да делуваат на ублажување на одредени симптоми и на самиот тек на болеста.
Кај лица кои имаат екстремни алергиски реакции на убоди од пчели или други пчелни производи, во најтешките случаи последиците може да бидат фатални. После употреба на матичен млеч може да дојде до напад на астма и можна смрт. Луѓето со ослабен имунолошки систем треба да бидат внимателни кога консумираат мед, бидејќи може да содржи бактерии или габи, кои можат да предизвикаат инфекција кај овие луѓе.
Исто така, можните ефекти на пчелниот отров во бременоста не се добро проучени. Жените кои се бремени или се доилки задолжително треба да се консултираат со својот лекар пред да започнат со апитерапија.
При лечење на одредени болести треба да се избегнува потпирањето исклучиво на овој вид третман, бидејќи одложувањето на примената на конвенционалните методи на медицинска нега може да остави сериозни и трајни последици по здравјето. Затоа, апитерапијата секогаш треба да се користи со претходна консултација со лекар, а во принцип секогаш заедно со методите на конвенционалната медицина.
Затоа, за да може апитерапијата да го има своето заслужено место во лекувањето и да биде прифатена од медицинската наука, неопходно е да се надминат бројните тешкотии и да се исполнат бројни услови, од кои најважни се:
Ве молиме, обратете внимание на важното предупредување во врска со темите поврзани од областа на медицината (здравјето). |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Апитерапија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.