Лекар: лице што професионално се занимава со медицина

Лекар или доктор — специјалист по медицина.

Лекарот е стручно лице што практикува медицина, која се занимава со промовирање, одржување или обновување на здравјето преку проучување, дијагностицирање и лекување на болести, повреди и други физички и ментални нарушувања. Лекарите може да ја фокусираат нивната пракса врз одредени категории на болести, видови на пациенти и методи на третман, познати како специјалности, или да ја насочат нивната одговорност на обезбедување континуирана и сеопфатна медицинска грижа за поединци, семејства и заедници - позната како општа пракса. Медицинската пракса бара детално познавање на академските дисциплини (како што се анатомијата и физиологијата), основните болести и нивниот третман, но исто така бара и компетенции во примена на овие знаења во практиката – знаење и умеење на медицината.

Лекар
Лекар: Опис на работата, Видови, Лекарите како тема во уметноста и во популарната култура
Докторот од Лук Филдс (детаљ)
Занимање
Називи Лекар или доктор
Вид професионалец
Надлежности медицина, здравствена заштита
Опис
Способности етичност, знаење и умеење на медицината, аналитичност, критичко размислување
Потребно образование медицински факултет
Дејности клиники, болници, амбуланти
Сродни занимања доктор по општа пракса

матичен лекар специјалности

Улогата на лекарот и значењето на самиот збор варираат во целиот свет. Потребните квалификации варираат во голема мера, но постојат некои општи елементи, како што е медицинската етика која бара лекарите да покажат внимание, сочувство и добронамерност за своите пациенти.

Во Македонија доктор станува лице кое завршило медицински факултет чие траење е 6 години по чие завршување се стекнува со звање „доктор по медицина“. Како и во многу други држави за да може лицето самостојно да работи предуслов е да добие лиценца за што треба да полага стручен испит.

После студиите можно е да се продолжи со специјализација за одредена специјалност. Специјализацијата трае од 4 до 6 години во зависност од гранката на специјализација.

Опис на работата

Докторите се занимаваат со унапредување на здравјето, спречување на болести, откривање на болести, лечење на болните и медицинска рехабилитација. Во текот на студиите и пробната работа се оспособуваат за работа во поглед на примарна здравствена заштита, односно за подрачјето на општа медицина. Нивната работа вклучува дијагностицирање на болести и лечење на болни кои бараат помош во ординација, дома или на местото на несреќа. Докторите ги прегледуваат своите пациенти, земаат анамнеза при што водат сметка за телесните, психичките и социјалните аспекти на болестите, упатуваат на контролни анализи (лабораторија, рендген, ултразвук,итн.), ги толкуваат добиените наоди и на таа основа ја дијагностицираат болестите или повредите. Ја проценуваат итноста и тежината на состојбата на болните, потребата од упатување на специјалистички преглед или болничко лечење, како и опасностите за околината. Пропишуваат лекови и други начини на лечење и го следат текот на болеста и успешноста на лечењето. Заради осигурување на целокупна здравствена заштита соработуваат со други лекари, особено со специјалисти на клинички и други струки, патронажни сестри и медицински сестри во установите за нега и рехабилитација, физиотерапевти, социјални работници и други стручњаци.

Видови

Во рамките на медицината, постојат лекари по општа пракса и специјалисти. Ова се некои од специјалистите:

  • Хирург
  • Стоматолог
  • Интернист
  • Педијатар
  • Гинеколог
  • Инфектолог
  • Гастроентеролог
  • Кардиолог
  • Уролог
  • Нефролог
  • Офтамолог
  • Оториноларинголог
  • Ендокринолог
  • Онколог
  • Ортопед
  • Пулмолог
  • Хепатолог
  • Анестезиолог
  • Епидемиолог
  • Имунолог
  • Невролог
  • Психијатар
  • Дерматолог
  • Физијатар
  • Радиолог
  • Патолог
  • Специјалист по ургентна медицина
  • Специјалист по лабораториска медицина
  • Специјалист по социјална медицина
  • Специјалиста по спортска медицина

Лекарите како тема во уметноста и во популарната култура

Лекарите како тема во книжевноста

  • „Филозофот и еќимот“ - македонска народна приказна.
  • „Познат“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Без душа“ — кус расказ на Томас Берхнард од 1978 година.
  • „Необичните доживувања на еден лекар“ - расказ на рускиот писател Михаил Булгаков.
  • „Записи на младиот лекар“ - циклус раскази на Михаил Булгаков.
  • „Лекарот препорачува“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.
  • „Перо како доктор“ (српски: Пера као доктор) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.
  • „Лекар на својата чест“ (шпански: El alcalde de medico de su honra) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1635 година.
  • „Докторски маки“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.
  • „Срескиот лекар“ — расказ на рускиот писател Иван Тургенев.

Лекарите како тема во филмот

Лекарите како тема во музиката

  • „Д-р Роберт“ (англиски: Dr. Robert) — песна на британската рок-група Битлси (The Beatles) од 1966 година.
  • „Дама-доктор“ (англиски: Lady Doctor) — песна на британскиот рок-пејач Греам Паркер (Graham Parker) од 1976 година.
  • „Мил докторе“ (англиски: Dear Doctor) — песна на британската рок-група Ролинг Стоунс (The Rolling Stones) од 1968 година.
  • „Доктор Џип“ (англиски: Doctor Jeep) — песна на британската рок-група Sisters of Mercy.
  • „Наредбите на докторот“ (англиски: Doctor's Orders) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1994 година.
  • „Повикајте го докторот“ (англиски: Call The Doctor) — песна на британската рок-група Спејсмен 3 (Spacemen 3).
  • „Доктор Ву“ (англиски: Doctor Wu) — песна на американската рок-група Стили Ден (Steely Dan) од 1975 година.
  • „Докторе, докторе“ (англиски: Doctor, Doctor) — песна на англиската рок-група Ху (The Who) од 1968 година.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Лекар Опис на работатаЛекар ВидовиЛекар ите како тема во уметноста и во популарната култураЛекар ПоврзаноЛекар НаводиЛекар Надворешни врскиЛекарАнатомијаБолестМедицинаПовредаФизиологија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Партија за движење на Турците во МакедонијаФудбалска репрезентација на МакедонијаЈадранка ВладоваТито ПетковскиВелушинаХамлетДемократска обнова на МакедонијаМатерицаНационален парк ГаличицаВикиречникКилаЉубовИзборна единица 6ИнтеграКратовоПравоаголникАтинаЛимфен јазолФК Реал МадридБразилЈакупицаГоран СтефановскиДемократијаАлваИлија ФилипчеРужица Милошеска БрчиоскаУрошевацКрушевска РепубликаТристан и ИзолдаЕвропаСузана СпасовскаХороскопски знациОпштини во МакедонијаЛазарополеТурцијаФК ПартизанАлопецијаПравоаголен триаголникМакедонски денарОбединети нацииМакедонски парламентарни избори, 2006Дора БакојаниЈулијански календарПравославиеКоњЕвропска УнијаПолжавиСмоларски ВодопадЛумбагоРециклирањеСилаПериоден систем на елементитеФК СаутхемптонДубаиГрегоријански календарПартија за демократски просперитет на РомитеОхридско ЕзероМенструален циклусСписок на повикувачки броеви на земјитеХемиски елементПолскаБеровско ЕзероЛила СтојановскаДекубитусСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаКожичка на пенис20 априлЕгејска МакедонијаЈаглерод моноксидМасакр кај ВејцеНикола ГруевскиВиолинаСкржавецот (Плавт)ПертусисСебороичен дерматитОпштина ГостиварМакедонска радио-телевизијаСвети Наум Охридски ЧудотворецМојсеј🡆 More