Антракс

Антраксот е сериозно заболување предизвикано од бактеријата која формира спори – Bacillus anthracis.

Иако антраксот претежно ја афектира само домашната стока и дивите животни, луѓето можат да се инфицираат преку директен и индиректен контакт со заразените животни. Генерално, антраксот не се пренесува од човек на човек, но во ретки случаи, кожните лезии што ги предизвикува оваа бактерија можат да ја пренесат заразата. Најчесто, антраксната бактерија навлегува во телото преку рана на кожата. Исто така, човекот може да се зарази преку консумирање на контаминирано месо или со вдишување на спорите од антраксот. Знаците и симптоми, во зависност од начинот на заразување, може да варираат од кожни рани, па сè до гадење, повраќање и системски шок.

Антракс
Антракс
Фотомикрографија на Грамова обојување на бактеријата Bacillus anthracis која предизвикува антракс
СпецијалностЗаразна болест, Ветерина Уреди на Википодатоците
Податотека:Бацилус антрацис.jpeg
Бактерија на Bacilus anthracis

Симптоми

Постојат три типови на антракс, и секој од нив има различни знаци и симптоми. Во повеќето случаи, симптомите се развиваат во рок од 7 дена по експозицијата на оваа бактерија.

Видови антракс

Податотека:Кожен антракс.jpeg
Еден од видовите на антракс (Кожен антракс)

Кутан (кожен) антракс

Оваа форма на антракс се јавува кога спорите навлегуваат во телото преку исекотина или преку други рани на кожата. Ова е најчестата форма на антракс, но и најблагата. Со соодветен третман, кутаниот антракс ретко е фатален. Знаците и симптомите на кутаната форма вклучуваат:

  • подигнат јазол на кожата што чеша, кој наликува на убод од инсект, и кој набрзо се претвора во безболна рана со црн центар
  • оток околу раната и во околните лимгни јазли.

Гасноинтестинален антракс

Оваа форма се јавува при консумирање на недоволно зготвено месо, кое потекнува од заразено животно. Знаци и симптомите вклучуваат:

  • гадење
  • повраќање, кое најчесто е со примси на крв во подоцнежните стадиуми на болеста
  • губиток на апетит
  • треска
  • тешка, крвава дијареа во подоцнежните стадиуми на болеста
  • болно грло и потешкотии во голтањето
  • отечен врат.
Податотека:Цревен антракс.JPG
Пулмонален Антракс

Инхалационен(Пулмонален)Антракс

Оваа форма се јавува при вдишување на спорите од антракс. Од сите форми, и покрај третманот, оваа е најтешка и скоро секогаш е фатална. Знаците и симптомите вклучуваат:

  • грипозни симптоми, како што се болно грло, блага треска, замор и мускулни болки кои може да траат со часови или денови
  • умерен дискомфорт во градите

Ако овие симптоми прогредираат, може да се појави:

  • висока треска
  • потешкотии со дишењето
  • шок
  • менингитис.

Етиологија

Антраксните спори се формираат кога бактеријата се наоѓа во почвата во повеќето делови од светот. Овие спори остануваат непроменети дури и до 60 години, сè додека не бидат внесени во домаќин – најчесто тоа се дивите и домашните животни, како што се овците, говедата, коњите, козите и камилите.

Епидемиологија

За човекот да се зарази со антракс, потребен е директен контакт со спорите на антраксот. Ова почесто се случува кај:

  • војници на места со висок ризик од антракс
  • работници во лаборатории каде што се испитува антракс
  • работа во кланици, дерење на кожа, контакт со волна од заразени животни
  • ветеринари за крупна стока.

Компликации

Најсериозната компликација на антраксот е фаталното воспаление на мозочните обвивки и ликоворот, кој ги покриваат мозокот и 'рбетниот мозок, кое води до масивно крварење хеморагичен менингитис.

Дијагноза

Пред се, лекарот треба да го исклучи постоењето на заболувањата со слични симптоми, како што се грипот или пневмонија. Откако ќе се направи тоа, се вршат понатамошни тестови за дијагноза на антракс, како што се:

  • Кожна биопсија. Делче од кожата од суспектната лезија се отстранува за биопсија, за можно присуство на кутан антракс.
  • Крвни тестови
  • РТГ на граден кош или комјутеризирана томографија. Овие процедури се корисни за инхалациониот антракс.
  • Ендоскопија и примерок од столица. За дијагноза на гастроинтестиналната форма, потребно е изведување на овие процедури.
  • Лумбална пункција.

Терапија

Стандардниот третман за антракс претставува 60-дневен антибиотски третман, со ципрофлоксацин или доксициклин. Дали единечната или комбинираната терапија ќе се користи, зависи од типот на антракс кој постои кај заболеното лице, како и од останатите здравствени фактори.


Надворешни врски

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори



Антраксот како мотив во популарната култура

  • Антракс“ (Anthrax) - американска треш-метал група.
  • „Љубов како антракс“ (Love Like Anthrax) - песна на британската рок-група „Генг оф фор“ (Gang Of Four) од 1979 година.

Наводи

Tags:

Антракс СимптомиАнтракс Видови антраксАнтракс ЕтиологијаАнтракс ЕпидемиологијаАнтракс КомпликацииАнтракс ДијагнозаАнтракс ТерапијаАнтракс Надворешни врскиАнтракс от како мотив во популарната култураАнтракс НаводиАнтраксКожаПовраќањеСтокаШок

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ФашизамВасил ИљоскиВселенаГрцијаКрушевоКаролина Ристова - АстерудОпштина ВрапчиштеГзим ОстрениМарокоСашо МијалковБилјана ВанковскаОпштина ДолнениМакедонска крвава свадбаХрватски месециВелко НеделковскиЗагрозен видВила ВодноБерлински конгресНАТОГемиџииМакедонски хумористични народни приказни (книга)Алцхајмерова болестТеодосиј СинаитскиСписок на Влади на МакедонијаБалкански рисАлжирБалканска приказна (ТВ-серија)Ден на планетата ЗемјаДемократска обнова на МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2008)Staphylococcus aureusРадишаниХераклеја ЛинкестисБојаОслободителна војска на КосовоФранцијаМакедонски парламентарни избори, 2008TrackBackАлександар КирацовскиЗвукМитозаКрвна групаРисОВКБиполарно растројствоОпштина ПрилепГрад СкопјеМакедонска граматикаДен на независноста на МакедонијаПневмонијаОхридски рамковен договорПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаСвети Наум Охридски ЧудотворецДекларацијаМакедонски претседателски избори (2019)Список на држави и територии во ЕвропаБРИКСПретседателЅвезда од КутлешБитка кај Мечкин КаменДојранско ЕзероОпштина Крива ПаланкаСобрание на МакедонијаИсламПолскаРеферендум во Македонија (1991)Демографија на МакедонијаК-15Македонски народни инструментиЈордан МијалковМечкаДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаМустафа Кемал АтатуркШенка КолозоваДебрцаВакцина против тетанусАрмија на МакедонијаЕвропа🡆 More