Ангела Меркел

Ангела Доротеја Меркел (германски: Angela Dorothea Merkel; родена Каснер; р.

17 јули 1954) — германска политичарка и поранешен научник, која е канцелар на Германија од 2005 и водач на Демохристијанскиот сојуз (ДХС) од 2000. Таа е прва жена која е избрана на таа функција.

Ангела Меркел
Ангела Меркел
Канцелар на Германија
На должноста
22 ноември 2005 – 8 декември 2021
Претседател Хорст Келер
Кристијан Вулф
Јоахим Гаук
Франк-Валтер Штајнмаер
Заменик Франц Минтеферинг
Франк-Валтер Штајнмаер
Гвидо Вестервеле
Филип Реслер
Претходник Герхард Шредер
Министер за животна средина
На должноста
17 ноември 1994 – 26 октомври 1998
Канцелар Хелмут Кол
Претходник Клаус Тепфер
Наследник Јирген Тритин
Министер за жени и млади
На должноста
18 јануари 1991 – 17 ноември 1994
Канцелар Хелмут Кол
Претходник Урсула Лер
Наследник Клаудија Нолте
Член на Бундестагот
за Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген
На должноста
Стапил
2 декември 1990
Претходник тогаш создаден округ
Лични податоци
Роден(а) Ангела Доротеја Каснер
17 јули 1954(1954-07-17)(69 г.)
Хамбург, Западна Германија
Партија Демократско будење (1989-1990)
Демохристијански сојуз (1990-денес)
Сопружник Јоахим Зауер (1998–денес)
Улрих Меркел (1977–1982)
Установа Универзитет Лајпциг
Вероисповед Лутеранка
Потпис Ангела Меркел

Образувана во насоката физичка хемија, Меркел влегла во политиката во бранот на револуциите од 1989, кратко служејќи како гласноговорник за источногерманската влада. По повторното обединување во 1990, била избрана во Бундестагот за изборниот округ Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген во покраината Мекленбург-Западна Померанија, која и денес претставува нејзина изборна единица. Подоцна била назначена за сојузна министерка за жени и млади во 1991 под водство на канцеларот Хелмут Кол, по што била унапредена во сојузна министерка за животна средина, заштита на природата и јадрена заштита во 1994. Откако коалицијата ЦДУ/ЦСУ била поразена во 1998 била избрана за генерален секретар на ЦДУ, пред да биде избрана за прв женски водач на партијата во 2000.

По сојузните општи избори во 2005 била назначена за прва жена канцелар на чело на големата коалиција, која се состоела од нејзината партија ЦДУ, нејзината сестринска партија од Баварија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД). На сојузните општи избори во 2009, ЦДУ добила најголем број од гласовите и Меркел можела да создаде коалициска влада со поддршка на ЦСУ и Слободната демократска партија (ФДП). На сојузните општи избори во 2013, Меркел ги повела ЦДУ/ЦСУ на уште една победа, освојувајќи скоро мнозинство во Бундестагот, со освоени 41,5% од гласовите; разговорите за составување коалиција сè уште траат откако ФДП не успеа да влезе со свои претставници во Бундестагот.

Во 2007, Меркел била претседател на Европскиот Совет и го водела Г8, втора жена (по Маргарет Тачер) која го направила тоа. Играла средишна улога во преговорите за Лисабонскиот договор и Берлинската декларација. Еден од нејзините приоритети бил исто така да ги зајакне трансатлантските економски врски преку потпишување на договорот за Трансатлантскиот економски совет на 30 април 2007. Меркел одигра исклучителна улога во управувањето со финансиската криза на европско и светско ниво и била нарекувана како „одлучувач“. Дома, реформата на здравствената заштита и проблемите во врски со изворите на енергија биле главни проблеми за време на нејзиниот мандат.

Ангела Меркел била опишувана како де факто водач на Европската Унија, и рангирана за втора највлијателна личност во светот од страна на списанието Forbes во 2012, највисок пласман некогаш постигнат од страна на некоја жена, додека според најновите рангирање е сместена на петтото место.

Ран живот

Меркел е родена како Ангела Доротеја Каснер во Хамбург, Западна Германија, ќерка на Хорст Каснер (1926–2011), родум од Берлин, и неговата жена Херлинд, родена во 1928 во Данциг (сега Гдањск, Полска) како Херлинд Јенч, настаничка по англиски и латински јазик. Нејзината мајка била член на Социјалдемократската партија на Германија. Меркел има полско потекло, бидејќи нејзиниот дедо по мајка, Лудвиг Казмјерчак, бил Германец со полско потекло.

Таткото на Меркел студирал теологија во Хајделберг и потоа во Хамбург. Во 1954 нејзиниот татко добил своја парохија во црква во Квицов (близу Перлеберг во Бранденбург), кој тогаш бил во Источна Германија и семејството се преселило во Темплин. Така, Меркел пораснала на село, 80 километри северно од Источен Берлин. Герд Лангут, поранешен висок член на Демохристијанскиот сојуз на Меркел, навел во својата книга дека можноста на семејството слободно да патува од Источна кон Западна Германија во текот на следните години, како и поседувањето на два автомобили, водел до заклучокот дека таткото на Меркел имал „благонаклонет“ однос со комунистичкиот режим, бидејќи таква слобода и поволности за свештеник би биле невозможни во Источна Германија.

Како и повеќето ученици, Меркел била член на Слободната германска младина (ФДЈ), службено младинско движење предводено од владејачката партија за социјалистичко единство. Иако членството било главно доброволно, оние кои немало да се приклучат, немале скоро никакви шанси за запишување на некој универзитет. Меѓутоа, таа не учествувала во секуларната церемонија за полнолетство (Jugendweihe), која била вообичаена во Источна Германија и наместо тоа учествувала во црковна церемонија. Подоцна, на Академијата на науките, станала член на окружниот одбор на ФДЈ и секретарка на „Агитпроп“ (Агитација и пропаганда). Самата Меркел тврдела дека таа била секретарка за култура. Кога некогашниот окружен претседавач на ФДЈ на Меркел ѝ противречил, таа инсистирала дека: „Според мојата меморија, јас бев секретарка за култура. Но, што јас знам? Јас верувам дека нема ништо да знам кога ќе имам 80“. Оценката на Меркел на задолжителниот предмет марксизам-ленинизам била оценета само со „задоволителна“ (genügend) во 1983 и 1986.

На училиште, таа научила течно да говори руски и ила добивала награди за нејзините вештини во руски јазик и математика. Меркел се образувала во Темплин и на Универзитетот во Лајпциг, каде студирала физика од 1973 до 1978. Додека била студент, учествувала во обновата на урнатите на Морицбастај, проект на студентите со цел да создадат сопствен клуб и објект за рекреација на кампусот. Таква иницијатива била без преседан во ГДР во тој период и првично наишла на отпор од самиот универзитет. Меѓутоа, со поддршка на локалното раководство на владејачката партија, било дозволено проектот да продолжи. Меркел работела и студирала во Централниот институт за физичка хемија на Академијата на науките во Берлин-Адлерсхоф од 1978 до 1990. Откако добила докторат за нејзината теза за квантна хемија, таа работела како истражувач и издала неколку трудови.

Ангела Меркел 
Меркел како заменик владин гласноговорник заедно со Лотар де Мезиер, август 1990

Во 1989, Меркел била вклучена во растечкото демократско движење по падот на Берлинскиот ѕид, приклучувајќи ѝ се на новата партија Демократско будење. По првите (и единствени) демократски избори во Источна Германија станала заменик гласноговорник на новата привремена влада пред обебединувањето под водство на Лотар де Мезиер. Во април 1990, Демократското будење се споила со источногерманскиот ДХС, која подоцна се споила со нејзината западна копија по повторното обединување.

Член на Бундестагот и на Кабинетот на министри

На првите општи избори по повторното обединување во декември 1990, таа била избрана во Бундестагот од изборната единица Штралзунд-Северна Западна Померанија-Риген, која се поклопува со округот Западна Померанија-Риген. Оттогаш била повторно избирана од истата единица на секои избори. Станала министерка за жени и млади во третиот кабинет на Хелмут Кол. Во 1994 станала министерка за животна средина и јадрена безбедност, што ја направило политички повидлива и ѝ дало подлога да ја изгради нејзината политичка кариера. Како една од штитениците на Кол и негов најмлад министер во кабинетот, често била нарекува „мојата девојка“ (mein Mädchen) од страна на Кол.

Водач на опозицијата

Кога владата на Кол беше поразена на општитени избори во 1998, Меркел била именувана за генерален секретар на ЦДУ. Од ова место, Меркел ги надгледувала низата на изборни победи на нејзината партија во шест од седум покраински избори во 1999, уривајќи ја коалицијата на СПД и Зелените во Бундесратот, законодавно тело кое ги претставува покраините. По партискиот финансиски скандал, кој загрозил многу водечки личности во ЦДУ (најмногу самиот Кол, кој одбил да го открие дарителот на 2 милиони германски марки, тврдејќи дека дал чесен збор и партискиот водач Волфганг Шојбле, наследникот избран лично од Кол, кој исто така не сакал да соработува), Меркел го критикувала нејзиниот поранешен ментор Кол и се залагала за свеж почеток на партијата без него. Била избрана да го замени Шојбле, станувајќи прва жена претседател на нејзината партија, на 10 април 2000. Нејзиниот избор изненадил многу набљудувачи, бидејќи нејзината личност претставувала спротивност на партијата за која била избрана да ја води; Меркел е протестант, со потекло од главно протестантската северна Германија, а во ЦДУ преовладуваат мажи, општествено конзервативна партија со упоришта во западна и јужна Германија, а баварската сестринска партија, ЦСУ, има длабоки католички корени.

По изборот на Меркел како водач на ЦДУ, таа имала значителна популарност помеѓу германското население и голем дел од Германците ја поддржувале да стане соперник на канцеларот Герхард Шредер на изборите во 2002 година. Меѓутоа, таа не добила доволно поддршка од нејзината сопствена партија и особено од нејзината сестринска партија (баварската Христијанско-социјална унија, или ЦСУ), и била заменета од водачот на ЦСУ Едмунд Штојбер, на кого му ја препуштила привилегијата да го предизвика Шредер; меѓутоа, го пропуштил големото водство на анкетите и изгубил на изборите со минимална разлика. По поразот на Штојбер во 2002, како и нејзината улога како претседател на ЦДУ, Меркел станале водач на конзервативната опозиција во долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот. Нејзиниот соперник, Фридрих Мерц, кој ја вршел функцијата на парламентарен водач пред изборите во 2002, бил отстранет за да ѝ се даде шанса на Меркел.

Меркел ја поддржала значителната реформска агенда која се однесувала на економскиот и социјален систем на Германија и била сметана за попазарна отколку нејзината сопствена партија (ЦДУ); таа се залагала за промени во германскиот закон за труд, особено за отстранување на пречките за отпуштање вработени и зголемување на дозволениот број на работни часови во неделата, тврдејќи дека постоечките закони ја прават земјата помалку конкурентна, бидејќи компаниите не можат лесно да ги контролираат трошоците за трудот во време кога компаниите имаат тешки времиња.

Меркел тврдела дека атомската енергија во Германија треба етапни и побавно да биде намалувана отколку што предвидувала администрацијата на Шредер.

Меркел за залагала за силно трансатлантско партнерство и германско-американско пријателство. Во пролетта 2003, пркосејќи му на силното јавно противење, Меркел застанала во корист на американската инвазија на Ирак, опишувајќи ја како „неизбежна“ и обвинувајќи го канцеларот Герхард Шредер за антиамериканизам. Ја критикувала поддршката на владата за приклучувањето на Турција кон Европската Унија и наместо тоа нудела „привилегирано партнерство“. Овој став го претставувал растечкото јавно мислење за одбивање на членството на Турција во Европската Унија.

Пат до избори

На 30 мај 2005, Меркел победила на номинацијата на ЦДУ/ЦСУ како соперник на канцеларот Герхард Шредер од СПД на сојузните избори во 2005. Нејзината партија ја започнала кампањата со 21 процентен бод предност пред СПД на анкетите, иако нејзината лична популарност била помала. Меѓутоа, кампањата на ЦДУ/ЦСУ влегла во проблеми кога Меркел двапати го помешала бруто и нето приход во текот на една телевизиска дебата, а самата кампања на партијата се потпирала на економијата. Ја поправила грешката со тоа што објавила дека Паул Кирхоф, поранешен судија во германскиот уставен суд и водечки стручњак за фискална политика, ќе го назначи за министер за финансии.

Меркел и ЦДУ претрпеле силен удар кога Кирхоф предложил воведување рамен данок во Германија, повторно поткопувајќи го партискиот проглас за економските прашања, при што биле убедувани многу гласачи дека програмата на ЦДУ за дерегулација била наменета единствено за богатите. На ова му бил приклучен предлогот на Меркел за зголемување на ДДВ-то за намалување на дефицитот на Германија и пополнување на приходите од воведувањето на рамниот данок. СПД успеале да ја зголемат нивната поддршка преку едноставно одбивање да воведат рамен данок или да го зголемат данокот за додадена вредност. Иако омиленоста на Меркел се поправила откако се оддалечила од идеите на Кирхоф, останала значајно помалку популарна отколку Шредер и водството на ЦДУ изнесувало само 9% пред изборите.

На 18 септември 2005, ЦДУ/ЦСУ на Меркел и СПД на Шредер се соочиле едни против други на националните избори, на кои ЦДУ/ЦСУ победиле со 35,3% (ЦДУ 27,8%/ЦСУ 7,5%) наспроти гласовите на СПД од 34,2%. Ниту коалицијата СПД-Зелени ниту ЦДУ/ЦСУ и нејзините коалициски партнери, Слободната демократска партија, имале доволно места за создавање мнозинство во Бундестагот, при што обајцата, Шредер и Меркел, прогласиле победа. Големата коалиција помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД се соочила со предизвикот дека обете партии ќе го посакуваат местото канцелар. Меѓутоа, по три недели на преговори, двете партии постигнале договор со кој Меркел станала канцелар, а СПД ќе добијат 8 од 16 места во кабинетот. Договорот за коалиција бил одобрен од двете партии на партиски конференции на 14 ноември 2005. Меркел била избрана за канцелар од мнозинството делегати (397 наспроти 217) во новиот состав на Бундестагот на 22 ноември 2005, но 51 член на владејачката коалиција гласал против нејзе.

Извештаите покажувале дека големата коалиција настојувала да има мешавина од политики, а некои од нив се разликувале од политичката програма на Меркел како водач на опозицијата и кандидат за канцелар. Намерата на коалицијата била да ги намали јавните трошоци при што го зголемила данокот на додадена вредност (од 16 на 19%), придонесите за социјално осигурување и горната стапка на данокот на добивка.

Меркел изјавила дека главен цел на нејзината влада ќе биде намалување на стапката на невработеност и дека тоа е прашање по кое нејзината влада ќе може да се оцени.

Канцелар на Германија

На 22 ноември 2005, Меркел ја презела функцијата канцелар на Германија по изборите истата година, кои довеле до создавање на голема коалиција со СПД. Таа била повторно избрана во 2009 со поголемо мнозинство и била во можност да создаде коалиција со ФДП. На изборите во септември 2013 година, партиите ЦДУ/ЦСУ биле прогласени за победници, но им бил потребен коалициски партнер за создавање влада.

Надворешна Политика

Ангела Меркел 
Македонскиот премиер Никола Груевски со канцеларката Ангела Меркел
Ангела Меркел 
Во 2009 претседателот Барак Обама и Мишел Обама ја посетиле канцеларката Ангела Меркел и нејзиниот сопруг, професорот Јоахим Зауер, кај Градското собрание во Баден-Баден, Германија.
Ангела Меркел 
Ангела Меркел со претседателката на Бразил Дилма Русеф на состанокот на Г20 во 2012, Мексико.

На 25 септември 2007, Меркел се сретнала со XIV далај-лама на „приватни и неформални разговори“ во Берлин во службата на германскиот канцелар и покрај протестот од страна на Кина. Потоа, Кина ги откажала одвоените разговори со германските власти, вклучувајќи ги разговорите со министерот за правда Бригите Циприс.

Еден од приоритетите на Меркел вклучувал засилувања на трансатлантските економски врски, го потпишала договорот за Трансатлантски економски совет на 30 април 2007 во Белата куќа. Советот, заеднички воден од претставници на ЕУ и САД, целел кон отстранување на пречките во трговијата за понатамошна интегрирана трансатлантска слободна трговија. Овој проект бил опишан како премногу либерален од францускиот политичар од левицата Жан-Лик Меланшон, стравувајќи од префрлање на суверенитетот од граѓаните на мултинационалните и израмнување на надворешната политика и институции на Европска Унија и Америка.

Der Spiegel („Дер Шпигел“) објавил дека тензиите помеѓу канцеларката Меркел и американскиот претседател Барак Обама биле намалени по состанокот помеѓу двајцата водачи во јуни 2009. Коментирајќи на конференцијата за печат во Белата куќа одржана по состанокот, Spiegel навел, „Секоја дека претежно воздржаната канцеларка не можела да остане во чекор со офанзивата на шарм (на Обама)“, туку возвратила на дипломатијата на „добар карактер“, „преку споменување на искуствата на сестрата на Обама во Хајделберг, со што му ставила до знење дека ја прочитала неговата автобиографија“.

Ангела Меркел 
Меркел и Владимир Путин, тогаш премиер на Русија, држат заедничка конференција за печат, 8 март 2008.

Во 2006, Меркел изразила загриженост за преголемата зависност од руската енергија, но имала слаба поддршка од останатите во Берлин.

Меркел го посакувала договорот за придружување помеѓу Украина и Европската Унија; но во декември 2012 изјавила дека неговото спроведување ќе зависи од реформите во Украина.

Израел

Меркел го посетила Израел четири пати. На 16 март 2008, Меркел пристигнала во Израел на одбележувањето на 60-годишнината на Израел. Таа била пречекана на самиот аеродром од премиерот Ехуд Олмерт, почесна стража и многу политички и религиозни водачи во земјата, вклучувајќи поголем дел од израелскиот кабинет. Дотогаш, само на американскиот претседател Џорџ В. Буш му била укажана чест со пречекување на аеродромот. Меркел одржала говор пред Кнесетот, единствен странец кој не е шеф на државата како што била вообичаената пракса, иако ова ги испровоцирало опозициските партии од крајната десница. Во тоа време, Меркел била исто така претседател на Европскиот Совет и претседавач на Г8. Меркел ги поддржала израелските дипломатски иницијативи, спротивставувајќи му се на палестинското барање за членство во ОН. Меѓутоа, Меркел побарала изградбата на населби зад Зелената линија да запре, и не се сложила со однесувањето на израелската влада.

Ликвидносна криза

По големиот пад на светските берзи во септември 2008, германската влада се вклучила да ѝ помогне на хипотекарната компанија Hypo Real Estate со помош, која била договорена на 6 октомври 2006, во која германските баки учествувале со 30 милијарди евра, а Бундесбанката со 20 милијарди евра со кредитна линија.

На 4 октомври 2008, сабота, по одлуката на ирската влада да ги осигури сите депозити на личните штедни сметки, Меркел силно ја критикувала оваа одлука, Меркел изјавила дека нема планови истото да го направи и германската влада. Но, сепак, следниот ден, Меркел изјавила дека владата ќе ги осигури депозитите на сите приватни штедни сметки. Меѓутоа, два дена подоцна, на 6 октомври 2008, се покажало дека ветувањето било само политички потег кој не бил законодавно поткрепен. На крајот и други европски влади ги покачиле границите или ветиле осигурување на заштедите во целост.

Индија

Меркел и индискиот премиер Манмохан Синг направиле „заедничка декларација“ нагласувајќи го индиско-германското стратешко партнерство во 2006. Идната соработка се насочила кон полињата на енергијата, науката и технологијата и одбраната. Слична декларација, потпишана во текот на посетата на Меркел на Индија во 2007, го забележала значајниот напредок во индиско-германските односи и поставила амбициозни цели за нивен развој во иднина. Односите со Индија на основа на соработка и партнерство биле дополнително зајакнати со посетата на Меркел на Индија во 2011. На покана на индиската влада, двете земји ја одржала првата меѓувладина седница во Њу Делхи. Овие консултации поставиле нови стандарди во исполнувањето на стратешкото партнерство, бидејќи Индија станала третата неевропска земја со која Германија воспоставила ваква соработка. Индина станала првата азиска земја која одржала заедничка владина седница со Германија во текот на посетата на Меркел.

Индиската влада ѝ ја доделила на Меркел наградата „Џавахарлал Нехру“ за меѓународно разбирање за 2009. Изјавата објавена од Владата на Индија велела дека наградата „ја препознава нејзината лична посветеност и енормни напори за одржлив и подеднаков развој, за добро владеење и разбирање и за создавање подобар свет за соочување со предизвиците во 21 век."

Неуспех со мултукултурализмот

Ангела Меркел 
Меркел во март 2010, во Уна, Северна Рајна-Вестфалија

Во октомври 2010, Меркел на состанок со младите членови на нејзината конзервативна партија Демохристијанскиот сојуз (ДХС) во Потсдам изјавила дека обидот за изградба на мултикултурно општество во Германија „потполно пропаднала“, изјавувајќи: „Концептот во кој сега живееме рамо до рамо и сме среќни поради тоа не функционира“ и „ние сме приврзани на христијанскиот концепт на човештвото, кој нè дефинирал нас. Секој кој не може да го прифати тоа, се наоѓа на погрешно место“. Таа продолжила да вели дека имигрантите треба да се интегрираат и да ги прифатат германските култура и вредност. Ова било само продолжение на растечката дебата во рамките на Германија за имиграцијата, нејзиниот ефект на Германија и степенот до кој муслиманските имигранти се интегрирани во германското општество.

Поддршка

Во текот на нејзиниот втор мандат, поддршката на Меркел ненајдено и брзо опаднала во Германија, поради што се случиле големи загуби на покраинските избори за нејзината партија. Анкета во август 2011 покажала дека нејзината коалиција имала 36% поддршка споредено со нејзината соперничка коалиција која имала 51%. Меѓутоа, таа го подобрила резултатот при справувањето со неодамнешната евро-криза (69% го оцениле нејзиниот резултат како добар наспроти недоволен) и нејзината поддршка го достигнала највисокото ниво во цело време од 77% во февруари 2012.

Кабинети

Првиот кабинет на Ангела Меркел положил свечена заклетна на 22 ноември 2005.

На 31 октомври 2005, по поразот на неговиот посакуван кандидат за местото генерален секретар на СПД, Франц Минтеферинг укажал дека ќе поднесе оставка од местото претседател на партијата во ноември, како што и направил. Навидум како одговор на ова, Едмунд Штојбер (ЦСУ), кој првично бил предложен за функцијата за економија и технологија, го објавил своето повлекување на 1 ноември 2005. Иако ова било гледано како удар на обидот на Меркел да создаде остварлива коалиција и кабинет, начинот на кој Штојбер се повлекол предизвикал исмевање и сериозно поткопување на неговата позиција како соперник на Меркел. Одделни конгреси на ЦДУ, ЦСУ и СПД го одобриле предложениот состав на кабинетот на 14 ноември 2005.

Вториот кабинет на Ангела Меркел положил свечена заклетва на 28 октомври 2009.

Во 2013, Меркел освоила една од најодлучувачките победи во германската историја. Меѓутоа, бидејќи на ЦДУ/ЦСУ им недостигале пет места за да можат да владеат сами, третиот кабинет на Меркел ќе биде коалиција помеѓу ЦДУ/ЦСУ и СПД. Бидејќи ФДП, посакуваниот коалициски партнер на ЦДУ/ЦСУ, не успеал да го надмине цензусот, Меркел започнала разговори со СПД и Зелените за коалициска влада.

Личен живот

Во 1977, Ангела Каснер се омажила за студентот по физика Улрих Меркел и го зела неговото презиме. Бракот завршил со развод во 1982. Нејзиниот втор и денешен сопруг е квантен хемичар и професор Јоахим Зауер, кој во голема мерка останал надвор од медиумите. Првпат се сретнале во 1981, подоцна станала двојка и се венчале на приватна церемонија на 30 декември 1998. Таа нема деца, но Зауер има два возрасни сина од претходниот брак. Меркел е позната по несакањето кучиња. Таа е страстен фудбалски обожавател и била позната по тоа дека ги слушала натпреварите додека била во Бундестагот и е чест гостин на официјалните натпревари на националната репрезенција.

Почести и награди

    Национални почести и медали
  • Ангела Меркел  Италија: Голем крст за големи заслуги на Италијанската Република (21 март 2006).
  • Ангела Меркел  Германија: Голем крст за големи заслуги на Сојузната Република Германија (јануари 2008).
  • Ангела Меркел  САД: Претседателски медал за слобода (15 февруари 2011), доделен од американскиот претседател Барак Обама. Медалот е доделуван на луѓе кои направиле особено важни придонеси во безбедноста или националните интереси на САД, светскиот мир, или културни или други значајни јавни или приватни напоро.
  • Ангела Меркел  Норвешка: Голем крст на за големи заслуги на Кралството Норвешка (15 октомври 2007).
    Почесни награди
  • Во 2007, Меркел станала почесен доктор на науки на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
  • Таа исто така добила почесен докторат од Лајпцишкиот универзитет во јуни 2008,
  • Универзитетот за технологија во Вроцлав (Полска) во септември 2008 и Универзитетот Бабеш-Болјаи од Клуж-Напока, Романија, на 12 октомври 2010 за нејзиниот историски придонес во обединувањето на Европа и за нејзината глобална улога во обновувањето на меѓународната соработка.
  • На 23 мај 2013 добила почесен докторат од Радбуд Универзитет Најмеген.
    Други награди
  • ВО 2006, Ангела Меркел ја добила наградата Визија за Европа за нејзиниот придонес кон интеграција на Европа.
  • Таа ја добила наградата Карло Велики (Karlspreis) за 2008 за истакнати придонеси кон обединување на Европа.
  • Во март 2008 ја добила наградата Б’наи Б’рит за заслуги кон Европа.
  • Меркел се искачила на списокот на Форбс на највлијателни 100 жени во светот во 2006, 2007, 2008, 2009, 2011, 2012 и 2013.
  • New Statesman ја именувал Ангела Меркел во списокот на 50 највлијателни личности во светот во 2010.
  • На 16 јуни 2010, Американскиот институт за современи германски студии на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон ја наградил канцеларката Меркел со нивната награда за глобално водство (AICGS) како признание за нејзината извонредна посветеност на зајакнување на американско-германските односи.
  • На 21 септември 2010, Институтот Лео Бек, истражувачка институција во Њујорк посветена на историјата на Евреите кои говорат германски јазик, ја наградил Ангела Меркел со нивниот медал Лео Бек. Медалот ѝ бил доделен од поранешниот американски министер за финансии и моментален директор на Еврејскиот музеј во Берлин, Мајкл Блументал, кој ја цитирал поддршката на Меркел за еврејскиот културен живот и интеграцијата на малцинствата во Германија.
  • На 31 мај 2011 ја добила наградата Џавахарлал Нехру во 2009 од индиската влада. Ја добила наградата за меѓународно разбирање.
  • На 28 ноември 2012 ја добила наградата Хајнц Галински во Берлин, Германија.

Споредби

Како жена политичар од партија од десниот центар, која е исто така и научник, Меркел била споредувана од многу медиуми на англиски јазик со поранешната британска премиерка Маргарет Тачер. Некои ја нарекуваат и како „Железна дама“, „Железна девојка“ и дури „Железна Фрау“ (сите прекари поврзани со Тачер, која исто така имала универзитетска диплома во областа на хемијата). Политичките коментатори дебатирале за нивните слични агенди. Подоцна во нејзиниот мандат, Меркел го добила прекарот „Мути“ (Mutti; германска изведена форма за мајка)), од весникот Der Spiegel што се однесувало на нејзината идеализирана мајчинска фигура од 1950-тите и 1960-тите. Исто така била нарекувала „Железниот канцелар“, според Ото фон Бизмарк.

Покрај тоа што е првата жена германски канцелар, прва што израснала во поранешната Источна Германија (иако е родена во Западна Германија) и најмлад германски канцелар по Втората светска војна, Меркел е исто така прва која е родена по Втората светска војна и прв канцелар на Сојузната Република Германија која има образование во природните науки. Таа студирала физика; нејзините претходници студирале право, економија или историја или биле воени офицери, помеѓу другото.

Форбс ја именувал за втора највлијателна личност во светот во 2012.

Контроверзи

Ангела Меркел 
Меркел со нејзините раце во карактеристичната поза во вид на ромб (наречена Merkel-Raute).
  • Меркел била критикувани поради тоа што била лично присутна и вклучена во предавањето на наградата М100 на данскиот карикатурист Курт Вестергард. Ова се случило во време на жестока емоционална дебата во Германија за омаловажувачките коментари за муслиманските имигранти направено од поранешниот извршен директор на Бундесбанката Тило Сарацин. Централниот совет на муслиманите во Германија и партијата од левицата (Линке) како и германската зелена партија ја критикувале постапката на канцеларката. Весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung напишал: „Ова веројатно е најексплозивниот момент во нејзиниот мандат досега“. Други, пак, ја пофалиле Меркел и ја нарекле храбра и смел потег за каузата за слободата на говорот.
  • Мислењето на Меркел кон контроверзните изјави на Тило Сарацин кон Арапите и Турците било критичко. Според нејзините лични изјави, пристапот на Сарацин е „целосно неприфатлив“ и контрапродуктивен кон постоечките проблеми на интеграцијата.
  • Членови на нејзиниот кабинет и самата Меркел го поддржала зголемувањето на часовите за религија во јавните училишта и вклучување часови за Исламот.
  • Терминот alternativlos (германски за „без алтернатива“), кој бил често користен од Ангела Меркел при опишување на нејзините мерки за европската должничка криза, бил прогласен за најлош збор на годината во 2010 од жири на јазичари. Зборот бил прогласен за недемократски.
  • Нејзината особеност Merkel-Raute („Ромб на Меркел“) била опишувана како „веројатно еден од најпознатите гестови на раката во светот“. Нејзиниот политички симбол имал измешани мислења, тргнувајќи од тоа дека бил користен најмногу во текот на изборите во 2013, до обвинувања за култ на личност од нејзините соперници.
  • Во текот на посетата на американскиот претседател Барак Обама во Берлин, Меркел изјавила на 19 јуни 2013 за шпионската афера во 2013 дека „Интернетот е нова земја („Neuland“) за сите нас“. Користејќи го терминот за нешто ново откриено или непознато довело до различни интернет феномени и исмејување на Меркел.

Наводи

Надворешни врски

Политички функции
Претходник
Урсула Лер
Министер за жени и млади
1991–1994
Наследник
Клаудија Нолте
Претходник
Клаус Тепфер
Министер за животна средина
1994–1998
Наследник
Јирген Тритин
Претходник
Герхард Шредер
Канцелар на Германија
2005–денес
На должноста
Партиски функции
Претходник
Петер Хинце
Генерален секретар на Демохристијанскиот сојуз
1998–2000
Наследник
Рупрехт Поленц
Претходник
Волфганг Шојбле
Водач на Демохристијанскиот сојуз
2000–денес
На должноста
Дипломатски функции
Претходник
Владимир Путин
Претседавач на Г8
2007
Наследник
Јасуо Фукуда

Tags:

Ангела Меркел Ран животАнгела Меркел Член на Бундестагот и на Кабинетот на министриАнгела Меркел Водач на опозицијатаАнгела Меркел Канцелар на ГерманијаАнгела Меркел КабинетиАнгела Меркел Личен животАнгела Меркел Почести и наградиАнгела Меркел СпоредбиАнгела Меркел КонтроверзиАнгела Меркел НаводиАнгела Меркел Надворешни врскиАнгела Меркел17 јули1954Германски јазикДемохристијански сојуз на ГерманијаКанцелар на Германија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Митко ЧавковПразници во мајПентоксифилинИлче СтојановскиНародна Република КинаСвети Климент ОхридскиРесенБосна и ХерцеговинаСолунски атентатиБлаже КонескиСписок на планини во МакедонијаАрбен ТаравариИзборна единица 3Штитна жлездаКанцониеротОвулацијаВладимир ПутинЕпилепсијаИзборна единица 8Билјана Ванковска26 априлВанчо МихајловНикола ГруевскиЕмил ДимитриевМакедонски парламентарни избори (2011)МарокоТодор АлександровИзраелБранко ЦрвенковскиДаниела ТемелковскаЛатвијаРепублика МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017)Франческо ПетраркаРастенијаМладост (езеро)ЖивотниВелигденски јајцаМакедонски парламентарни избори, 2011Варшавски договорАбортусАлијанса за АлбанцитеМасакр кај ВејцеРомео и ЈулијаФиброаденомВардарМакедонски парламентарни избори, 2016Ајдучка треваМајка ТерезаАдријана АлачкиРак на усна празнинаГлаголицаАвстралијаМакедонски БродСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Избори во МакедонијаУкраинаСписок на Влади на МакедонијаВтора влада на Никола ГруевскиАлтернатива (политичка партија)Болести и аномалии на очитеСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаНикола ПопоскиКокошкаДаниел ДефоЛасерСписок на држави и територии во ЕвропаБолести на белите дробовиМРП вакцинаКирил ПејчиновиќВлада на Талат ЏафериУнгаријаХрватски месециГрегоријански календарМакедонска крвава свадбаХороскопски знаци🡆 More