Акумулатор (или струјособирач) — вид на батерија, од електрохемиски уред, која е способна да врши претворање на енергијата.
Ја претвора електричната енергија во хемиска, што се смета за полнење на акумулаторот, бидејќи тогаш се врши зголемување на потенцијалната енергија на акумулаторот.
Меѓутоа, може да врши и претворање на хемиската енергија во електрична, како и кај секоја батерија, со приклучување на електричниот потрошувач на краевите на акумулаторот (половите) кога акумулаторот произведува електрична енергија и ја предава на струјното коло.
Акумулаторот се состои од една или повеќе ќелии кои имаат една или две електроди (катода и анода) кои се потопени во електролит. Едната ќелија од оловниот акумулатор дава напон од приближно две волти, а со сериско поврзување на ќелиите се добива акумулаторска батерија на називниот напон која одговара на бројот на ќелии помножени со напонот на една ќелија. На пример, за називен напон од 12 волти потребно е да се спојат сериски 6 ќелии од 2 волти.
Најпознати и најчесто присутни во пракса се оловните и алкалните акумулатори.
Во поновата изведба на автомобили се појавуваат AGM акумулатори кои се нова и посебна технологија, за разлика од оловно-киселинските акумулатори AGM акумулаторите се користат на возила кои имаат вградено start/stop технологија и кои со обичните оловно-киселински акумулатори не би работеле доволно долго. AGM акумулаторите се дизајнирани да немаат во нив слободна киселина туку во посебни синтетички влакна да биде апсорбирана целата киселина. Се одликуваат со поголема издржливост во споредба до комвенционалните алкумулатори и кај нив е возможно враќање на електрична енергија од самото возило назад во акумулаторот. Никогаш не вградувајте оловно-киселинска батерија во возило каде треба да вградите AGM акумулаторска батерија.
Акумулаторите спаѓаат во секундарни електрохемиски извори (реверзибилни) на електрична енергија и можат повеќепати да ја претвораат хемиската во елетрична енергија и обратно (можат да се полнат и да се празнат).
За разлика од акумулаторот, батеријата спаѓа во таканаречените примарни извори на електрична енергија бидејќи ја претвора хемиската енергија во електрична и не може да се полни (процесот не е реверзибилен).
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Акумулатор, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.