Џулијан Асанж

Џулијан Пол Асанж (англиски: Julian Paul Assange; Таунсвил, Австралија, 3 јули 1971) — австралиски новинар и семрежен активист.

Тој е најдобро познат по неговата работа на мрежното место Викиликс, каде е портпарол и уредник. Студирал физика и математика, а се занимавал и со програмирање.

Џулијан Асанж
Џулијан Асанж
Роден Џулијан Пол Асанж
3 јули 1971
Таунсвил, Австралија
Познат уредник на Викиликс
Занимање главен уредник и основач на Викиликс
Сопружник Сара Харисон
Деца Даниел Асанж
НаградиEconomist Index on Censorship Award (2008)
Amnesty International UK Media Award (2009)
Sam Adams Award (2010)

На 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапсен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението. Поради доброто однесување бил осуден на парична казна од 2100 австралиски долари. Џулијан Асанж во 2006 година го основал мрежното место Викиликс и го вдомувал на домашен опслужувач. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи поврзани со војните во Ирак и во Авганистан. На 30 ноември 2010 година бил ставен на црвениот список на Интерпол за лица по кои се трага на барањето на Шведска, каде против него започнала, потоа била стопирана, а потоа уште еднаш била започната истрага за наводно силување извршена во текот на летото 2010. На 7 декември Асанж ѝ се предал на лондонската полиција, но бил пуштен на слобода со кауција по 10 дена.

Работата на Викиликс

Асанж го основал мрежното место Викиликс во 2006 година и е член на неговиот советодавен одбор. Во Викиликс тој е вклучен во публикувањето на документи за незаконски убиства во Кенија, извештаи за исфрлање на токсичен отпад африканскиот брег, прирачници на црквата на Скиентологија, процедури кои се одвиваат во затворот на Гвантанамо, вклучувајќи и материјални големи банки и др. Тој од почетокот на декември 2010 е во центарот на вниманието на светската јавноста поради објавувањето на тајни документи на Викиликс кои содржат детали за инволвираноста на САД во војните во Авганистан и Ирак. На 28 ноември 2010 година, Викиликс и медиумите кои ја поддржуваат започна да публикуваат тајни дипломатски документи на САД. Според британскиот весник "Гардијан", ова го довело „Асанж во центарот на интензини медиумски шпекулации и кампања на омраза против него во Америка“.

Политички азил

Еквадор на 16 август 2012 година го одобрил политичкиот азил на Џулијан Асанж, кој се крие во амбасадата на Еквадор во Лондон од јуни истата година. Британските власти соопштиле дека без оглед на одлуката, нема да дозволат Асанж да ја напушти земјата, затоа што „се истрајни во намерата да го испорачаат“. Асанж кој ги негира сите обвинувања, тврди дека позади одлуката да биде испорачан се крие намерата Шведска да го испорачаат на властите во САД. На 11 април, 2019 година Еквадор го укинал азилот за Асанж, а веднаш потоа бил уапсен од страна на британската полиција.

Наводи

Tags:

АвстралијаАнглиски јазикВикиликсМатематикаМрежно местоНовинарПрограмирањеФизика

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина КичевоХипертензијаЛирикаПетар ПанИлија НајдоскиЉубовМјузиклПарите се отепувачкаЈосип Броз-ТитоБудизамЗаменки во македонскиот јазикМеѓународни празнициВладимир АнгеловскиМбутска митологијаПолицијаЛист (ботаника)Бошко СмаќоскиПоплаваПере ТошевПочваДерматитБиполарно растројствоДевојка со бисерна обеткаИзраелШар ПланинаБалетАмазонТоше ПроескиЛатински јазикЕгипетЕтанолМетодија Андонов-ЧентоЗбунети годиниНиколај Римски-КорсаковРоманијаОпитАлгиМикеланџело БуонаротиОпштини во МакедонијаМакедонија во Втората светска војнаСвета ПеткаБитолаМакедонски парламентарни избори, 2014ВикинзиСтар векПанонски легендиПетар Поп АрсовКошаркаМорфологија на македонскиот јазикРаички манастирОпштина КрушевоГалилео ГалилејРајко ЖинзифовТелефонПингвинЦистична фиброзаКавадарциМакедонски парламентарни избори (2008)Список на птици во МакедонијаОпштина БоговињеЈосиф СталинОбновливи извори на енергијаБрод (пловило)Кристијано РоналдоНикола КаревХромозомСинонимЛимфен јазолСписок на архаични зборови во македонскиот јазикМали сипанициВекторGmailПипи Долгиот ЧорапСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровАлбанијаВелигден🡆 More