Јакутски Јазик

Јакутскиот или познат како сахаски јазик е туркиски јазик од подгрупата на североисточни туркиски јазици.

Јазикот го зборуваат околу 460,000 лица во Јакутија, Русија. Народот што го зборува јазикот е познат како Јакути или Сахаци. Јакутскиот јазик е службен јазик во руската република Јакутија покрај федералниот руски јазик.

Јакутски јазик
саха тыла
Зборуван во: Русија 
Регион: Јакутија
Вкупно говорници:
Јазично семејство: Алтајски
 Туркиски јазици
  Јакутски јазик 
Писмо: јакутска азбука 
Статус
Службен во: Јакутија
Регулиран од:
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: sah
ISO 639-3: id=sah sah

Класификација

Јакутскиот јазик е дел од подгрупата североисточни туркиски јазици од групата на туркиски јазици. Во таа група, покрај јакутскиот, се и шорскиот, туванскиот и долганскиот јазик. Сите овие јазици, заедно со туркиските јазици, се сметаат за дел од семејството на алтајски јазици, јазично семејство кое е оспорено од голем број јазичари. Како и унгарскиот, финскиот, турскиот и чувашкиот, јакутскиот јазик има хармонија на самогласки, нема граматички род и и е дел од групата на аглутивни јазици. Исто така, заедничка особина со турските јазици е зборовниот ред, што значи речениците во јакутскиот се во следниот редослед: подмет-предмет-глагол.

Распространетост

Јакутскиот јазик воглавно се зборува во Јакутија. Исто така има јакутски заедници во Хабаровскиот регион и мала дијаспора во останатите делови на Русија, Турција и останати земји. Јакутскиот јазик е „лингва франка“, покрај рускиот, на различните етнички заедници во Јакутија, како што се Долганци, Евенки, Евени и Јукагири. Така, околу 8% од населението кое не е од јакутско потекло тврдело дека знае јакутски на пописот во Русија во 2002 година.

Писмо

Јакутското писмо е засновано на кирилицата. Модерното јакутско писмо е основано во 1939 година во СССР и е засновано на руската азбука, но има плус пет дополнителни букви кои се вметнати поради јакутскиот фонолошки систем.

буква име МФА белешки
А а а /a/
Б б бэ /b/
В в вэ /v/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Г г гэ /ɡ/
Ҕ ҕ ҕэ /ɣ, ʁ/
Д д дэ /d/
Дь дь дьэ /ɟ/
Е е е /e, je/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ё ё ё /jo/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ж ж жэ /ʒ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
З з зэ /z/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
И и и /i/
Й й йот /j, ȷ̃/ Насализацијата на полусамогласката не се означува во правописот.
К к ка /k, q/
Л л эл /l/
М м эм /m/
Н н эн /n/
Ҥ ҥ эҥ /ŋ/
Нь нь эньэ /ɲ/
О о о /o/
Ө ө ө /ø/
П п пэ /p/
Р р эр /ɾ/
С с эс /s/
Һ һ һэ /h/
Т т тэ /t/
У у у /u/
Ү ү ү /y/
Ф ф эф /f/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Х х ха /x/
Ц ц цэ /ts/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ч ч че /c/
Ш ш ша /ʃ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Щ щ ща /ɕː/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ъ ъ кытаатыннарар бэлиэ /◌./ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Ы ы ы /ɯ/
Ь ь сымнатыы бэлиэтэ /◌ʲ/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Э э э /e/
Ю ю ю /ju/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.
Я я я /ja/ Се наоѓа во зборови од руско потекло.

Граматика

Фонологија

Како што веќе наведовме, хармонијата на самогласки е изразита особина на јазикот. Ова значи дека сите самогласки во еден збор мора да се од ист вид, односно било тоа да е преден, заден, среден или кој било друг вид на самогласки.

    Самогласки
Самогласките во јакутскиот јазик
кратки долги дифтонзи
затворени отворени затворени отворени
предни незаоблени i e ie
заоблени y ø øː
задни незаоблени ɯ a ɯː ɯa
заоблени u o uo
    Согласки
Согласките во јакутскиот јазик
билабијални дентални алвеоларни непчани меконепчани глотални
носни m n ɲ ŋ
експлозивни p b t d c ɟ k ɡ
фрикати s x ɣ h
апроксимантни l j, ȷ̃
вевни ɾ

Лични заменки

Јакутскиот јазик има шест лица, односно три во еднина и три во множина. Како и останатите турски јазици, така и јакутскиот нема род.

еднина множина
1. мин (min) биһиги (bihigi)
2. эн (en) эһиги (ehigi)
3. кини (kini) кинилэр (kiniler)

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Јакутски Јазик КласификацијаЈакутски Јазик РаспространетостЈакутски Јазик ПисмоЈакутски Јазик ГраматикаЈакутски Јазик НаводиЈакутски Јазик ПоврзаноЈакутски Јазик Надворешни врскиЈакутски ЈазикЈакутиЈакутијаРусијаРуски јазикСевероисточни туркиски јазициТуркиски јазици

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Мојот звукКирилицаСписок на Влади на МакедонијаНеологизамОвчи сипанициЛокални избори во Македонија (2009)Светско населениеЛокални избори во Македонија (1996)Црква „Св. Софија“ — ОхридСадула ДуракуАлександар III МакедонскиВештачка интелигенцијаФилиз АхметГлаголицаЖирафаОпштина ИлинденТапанНационален парк ГаличицаТуберкулозаМајка ТерезаКриптовалутаГемиџииСашо МијалковЦрн дробОпштина КарпошОпштина ЖелиноОпштина Шуто ОризариДекларацијаСамоилово ЦарствоЛозје (книга)МедузаОпштина Ѓорче ПетровСкопски аквадуктОпштина Старо НагоричанеГлаголЃорѓија СајкоскиОбласти во КазахстанОпштина КавадарциВоен конфликт во Македонија, 2001Шишман АнгеловскиВтора светска војнаМакедонциГРОМНезависен политичарМакедонски парламентарни избори (2006)ИндонезијаIP-адресаДаниел ДефоМечкаНова алтернативаБлерим РекаГригор ПрличевОпштина БрвеницаМакедонски парламентарни избори, 1994ГаличицаСојузни држави на САДДен на планетата ЗемјаМуса ЏафериОхридска пастрмкаИзборна единица 6Лазарова саботаТристан и ИзолдаСрпска странка во МакедонијаУнгаријаДржавна изборна комисијаДржавни празници во БугаријаСписок на тегоби и болки на стапалатаСписок на птици во МакедонијаВасил ТупурковскиИзраелЗлосторство и казнаИзбирачко местоКрешник БектешиСтрептококен фарингитисДесет Божји заповедиМалиот принцКуба🡆 More