Новруз

Новруз (персиски: نوروز: noʊruz , „нов ден“) – традиционален ирански празник Нова година кого го слават сите ирански народи, но и други народи кои се тесно поврзани со иранската култура.

Обичајот за славење на Новруз се проширил во многу краишта на светот, вклучувајќи делови од средна и јужна Азија, северозападна Кина како и на полуостровот Крим.

Новруз
نوروز
Новруз نوروز
Поставена маса за церемонијата за Новруз во Белата куќа во 2008 година
Наречен иалбански: Novruzit
азерски: Novruz
грузиски: ნავრუზი – Navruzi
гујаратски: નવરોઝ – Navarōjha
казашки: 'Наурыз – Nawrız'
курдски: Newroz
киргиски: Нооруз – Nooruz
осетски: Новруз – Novruz
таџички: 'Наврӯз – Navrūz'
татски: Nuruz
турски: Nevruz
узбечки: Navruz
Го празнува(ат)Новруз Иран
Новруз Авганистан
Новруз Албанија
Новруз Азербејџан
Новруз Кина (од Ујгурите, Казаците, Киргизите и Узбеците)
Новруз Грузија
Новруз Индија (од Парсите)
Ирачки Курдистан

Новруз Казахстан
Новруз Киргистан
Новруз Пакистан
Новруз Киргистан
Новруз Пакистан
Новруз Русија
Новруз Сирија (од Курдите)
Новруз Таџикистан
Новруз Турција(од Курдите)
Новруз Туркменистан
Новруз Узбекистан

ВидНова година, национален, етнички, меѓународен
Значењепразник Нова година
Датум20, 21 или 22 март
ПрославаХафт син, Чаршанбе сури, Сизда бедар, и др.
Новруз
Положба на Земјата во однос на сончевите зрази во време на рамноденицата
Новруз
Симболички релјеф Новруз во Персеполис кој ги прикажува зодијачките знаци за Бик и Лав
Новруз
Софра хафт син во Техеран со седум предмети кои го симболизираат Новруз

Новруз го означува првиот ден на пролетта и почетокот на годината според иранскиот календар. Почнува со пролетната рамноденица која најчесто е на 21 март, односно ден порано или подоцна, во зависност од точката на посматрање. Обележувањето на Новруз датира пред исламското раздобје, а корените ги влече од времето на антички Иран. Тој е важен зороастриски празник кој има големо значење меѓу модерните зороастријци во Иран. Моментот кога Сонцето еклиптички го пресекува небесниот екватор прецизно се пресметува секоја година, а меѓу иранските семејства обичај е да се собираат и да го посматраат тој настан.

Од ахеминидско време службената нова година почнувала со денот кога Сонцето го напушта зодијакот Риби, односно кога ќе влезе во зодијакот Овен, што означува рамноденица или еквиноциј. Еврејскиот празник Пурим најверојатно е преземен од иранскиот Новруз, кој исто така силно влијаел и на традициите на исмаилиите, алавитите, алевитите, како и бахаиите.

Називот Новруз првпат се спомнува во персиските записи од 2 век п.н.е., но одбележуван е уште во времето на владеењето на иранската династија Ахемениди (648-300 п.н.е.), кога народите од бројните сатрапии на Персиското Царство доаѓале да му предадат дарови на персискиот владетел. Симболиката на Новруз е прикажана на релјефите на Дариевата ападана во Персеполис, на кои лав растргнува бик.

Начини на славење

Новруз 
Прослава на Новруз во Баку, Азербејџан
Новруз 
Курдска прослава на Новруз во Истанбул, Турција

Новруз во текот на столетијата се поврзал со многу локални обичаи како што е призивање на Џамшид, митски ирански крал, како и со други верувања и легенди. Начинот на прославување на Новруз се разликува од место до место; од прескокање на оган или поток во Иран до одење преку затегнато јаже, оставање на запалени свеќи на куќниот праг или традиционални игра како коњски трки или традиционално борење во Киргистан. Песните и танците се вообичаени во скоро сите места каде се слави Новруз, како и полусвет семеен или јавен обед. Децата уживаат и учествуваат во славењето на повеќе начини, како што е украсување на тврдо варени јајца (писаница). Жените имаат клучна улога во организирањето на славењето, но и во пренесувањето на обичаите поврзани со Новруз. Новруз е поттик на вредностите на мирот и заедништвото меѓу генерациите и во рамките на семејството, но и вредностите на соседството, и така И придонесува на културолошката разноликост меѓу различните народи и заедници. Заради тоа Новруз е запишан во списокот на светското наследство во Азија и Океанија во 2009 година.

Наводи

Tags:

Персиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ПроливЛевица (политика)Македонски денарВМРО-ДПМНЕАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаОпштина ЧаирИлинденско востаниеПерунЉубе БошкоскиОпштина РесенДржавни празници во МакедонијаБлагој ДавковСтрептококен фарингитисТунисГорјан ПетревскиОпштина СарајИталијанска култураПавле ТрајановЕгејска МакедонијаГлас за МакедонијаСписок на политички партии во МакедонијаФранцијаЛокални избори во Македонија (2005)Робинзон КрусоРесенПехчевоНилНеготиноКубаНационален парк ГаличицаХрватскаЛатвијаИталијаМакедонски парламентарни избори (1998)БубрегПутурусГаличицаПравоаголникИзборна единица 7Мртво МореКатица ЈаневаАлександар ДаштевскиТигарМакедонски парламентарни избори (2020)Талат ЏафериРепортажа (филм)Густав ШвабДржаваУругвајХајди (роман)Гордана ДувњакПриродаСрцева слабостОпштина ПласницаХари КостовМинистер за здравство на МакедонијаСписок на држави во светотВласите во АлбанијаКрешник БектешиИсус ХристосЗНАМЛимонМакедонски народни приказни (ТВ-серија)СветлинаЈани МакрадулиВелесМухамед ХалилиКалеш АнѓаПанонски легендиЖивеалиште (екологија)Невзат БејтаОпштина Крива ПаланкаПенис (човек)Општина БрвеницаСаво КлимовскиЗијадин СелаАндреј ПетровОхридска пастрмка🡆 More