Парси

Парси (персиски Парс значи „Персиец“) се етничка изолирана заедница со потекло од Персија, заедница која е првиврзана кон зороастризмот.

Поголемиот дел од нив денес живеат во Индија.

Парси
Семејство Парси во традиционална облека

Историја

Според легендата, припадниците на заедницата Парси потекнуваат од Корасан, регион на Иранската Висорамнина. После падот на Сасанидското Царство во 8 век и исламизирањето на Персија, тие пребегнале во Индија. Процесот на зороастриската емиграција започнал во 10 век, кога голем број на зороастријци заминале за Индија, каде биле познати како Парси, со значење „Персијанци“. Официјалниот датум на нивното пристигнување на западниот брег на Индија е 937 година, но во текот на наредните 700 години за нив не се знае речиси ништо.

Се здружиле со Индијците во обидот да се спротивстават на муслиманската инвазија на Индија, во текот на 16 век, а потоа се покажало дека муслиманското владеење со Индија не било толку брутално како она во Персија. Припадниците на оваа заедница биле посредници кога во 17 век таму пристигнале европските трговци, кои во Бомбај основале мрежа на влијателни и богати семејства. Останале одвоени од Британците, иако напредувале во чекор со нив. Во 1885 година одиграле влијателна улога во формирањето на Индискиот национален конгрес.

Припадниците на заедницата Парси и денес се влијателни и богати семејства во Индија. Поради високото ниво на образовани лица, тие започнале да се иселуваат, посебно во Соединетите Американски Држави, со што бројот на припадници на Парси заедницата во Индија постојано опаѓа.

Верувања

Парсиската религија во Индија се развила во два основнi правца: во контекст на првиот правец, граделе храмови и е спроведена реформа која имала за цел религијата да ја направи кохерентна со современиот начин на размислување. Вториот правец е обид да се создаде некој вид на теозофија, езотерична мудрост наречена Илм-и Кшном („Патот на Знаењето“), тврдејќи дека овој правец ја гаи древната мудрост која им е доверена на учителите зороастријци.

Население

Парси 
Надгробен споменик на Парси во Лондон.

Тешко е да се процени вкупниот број Парси, но најчесто се смета дека се околу 90.000. Една статија од 2003 година, проценува дека нивниот број во светот е околу 200.000 жители. По индиското стекнување на независност во 1947 година, многумина од нив се раселиле низ светот. Според пописот од 2001 година, во Индија живеат 69.601 Парси, најмногу во Мумбај. Оваа етничка група ужива големо почитување поради своите добродетелства. Но, нивниот број е во постојан пад од разни причини меѓу кои и неприфаќањето на деца од мешани бракови.

Во Северна Америка живеат од 18.000 до 25.000 Парси. Парсите имаат дијаспора ширум светот, а на Запад се познати по својата хуманитарна работа.

Меѓу најпознатите Парси спаѓаат Дадабај Науроџи, првиот член на британскиот парламент од индиско потекло, пејачот Фреди Меркјури, писателот Роинтон Мистри, писателката Мехер Пестонџи и диригентот Зубин Мета. Фероз Ганди, сопругот на Индира Ганди и татко на Раџив Ганди, бил припадник на заедницата Парси.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Парси ИсторијаПарси ВерувањаПарси НаселениеПарси НаводиПарси Надворешни врскиПарсиЗороастризамИндијаИранПерсиски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Македонија (регион)РЕК „Битола“МенаџментПетар ПанЛанец на исхранаСкопјеЗанаетПластикаВеличествениот султан (ТВ-серија)Македонски јазикНикола ГруевскиИндијаПроста реченица во македонскиот јазикСтево ПендаровскиЗаменкаКрвна групаИгор ЏамбазовАлиса во земјата на чудатаЗабВаршавски договорРак на желудникЧешкаСончев СистемГравитацијаПенис (човек)БелградСписок на ударни музички инструментиЖичени инструментиБадминтонс бендИсландИнтервал (музика)Ден на шегатаВаташаШехзаде Џихангир (син на Сулејман I)Рок-музикаСреќаПопис на населението во Македонија (2021)Автомобилски регистарски таблички во МакедонијаЗора зад аголот (роман)Димитар Поп-Георгиев БеровскиКонтрацепцијаАтинаРоманијаЕзероАвантурите на ПинокиоПоезијаОкеанШехзаде Бајазит (син на Сулејман I)АДХДАлгоритамПроста реченицаАна ФранкСписок на острови во Фарските ОстровиСвета ГораГубернаторДијабетична кетоацидозаПроизвод (математика)Вујко ВањаАутизамСветско првенство во ракомет за мажи 2023КоцкаСузана ГавазоваКрвен притисокТумор на мозокЗглобЏузепе ВердиСписок на државни знамињаКичевоПланетаКралство ЈугославијаБегалкаРисто ШишковОвчи сипанициРепродуктивен системСкржавецот (драма од Плаут)ИлијадаМеморија (музичка група)🡆 More