издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, често нарекувана како Трка на две мориња. Започнала на 7 март во Доноратико, а завршила на 13 март во Сан Бенедето дел Тронто и се состоела од седум етапи, вклучувајќи го и екипниот хронометар на почетокот на трката и поединечниот хронометар на крајот. Таа била трета трка од сезоната на светската турнеја.
Трката била освоена од Италијанецот Винченцо Нибали од Ликвигас-Канондејл, по постигнувањето побрзо време во завршниот поединечен хронометар од возачите на РадиоШек-Нисан Крис Хорнер и на Астана Роман Кројцигер, со тоа успевајќи и обата возача да ги победи; во текот на трката, Нибали исто така ја освоил и кралската етапа на трката до Прати ди Тиво. Нибали исто така ја освоил и црвената маичка за освојувањето на најголем број на бодови во текот на етапите на средните спринтови и етапните краеви и победил во генералниот пласман со четиринаесет секунди предност пред освојувачот на второто место Хорнер. Кројцигер го освоил третото место, 12 секунди зад Хорнер и 26 секунди зад Нибали.
Во останатите пласмани во трката, Ваут Пулс од Вакансолел-ДКМ ја освоил белата маичка за највисоко пласиран возач роден во 1987 или подоцна со освојувањето на осмото место во генералниот пласман, додека возачот на Колнаго-ЦСФ Бардијани Стефано Пираци го освоил планинскиот пласман,, а Аг2р-Ла Мондијал завршиле на чело на екипниот пласман.
Екипи
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од светската турнеја на UCI, сите 18 UCI ProTeam екипи се поканети автоматски и се обврзани да испратат екипа. Четири други екипи биле повикани дополнително преку посебни покани, и со тоа се создава групата од 22 екипи за оваа трка.
22-те екипи, кои се натпреваруваат во трката се:
Етапи
Етапа 1
Резултати од етапа 1 | | Генерален пласман по етапа 1 |
Етапа 2
- 8 март 2012 — Сан Винченцо до Индикаторе, 230 км
Резултати од етапа 2 | | Генерален пласман по етапа 2 |
Етапа 3
- 9 март 2012 — Индикаторе до Терни, 178 км
Резултати од етапа 3 | | Генерален пласман по етапа 3 |
Етапа 4
- 10 март 2012 — Амелија до Кјети, 252 км
Резултати од етапа 4 | | Генерален пласман по етапа 4 |
Етапа 5
- 11 март 2012 — Мартинсикуро до Прати ди Тиво, 196 км
Резултати од етапа 5 | | Генерален пласман по етапа 5 |
Етапа 6
- 12 март 2012 — Офида до Офида, 181 км
Резултати од етапа 6 | | Генерален пласман по етапа 6 |
Етапа 7
Резултати од етапа 7 | | Последен генерален пласман |
Поредок
Наводи
Надворешни врски
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Тирено-Адријатико 2012, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.