Религија Во Мозамбик

Религијата во Мозамбик има значајна улога во животот на земјата.

Религија во Мозамбик
Религија Процент
Христијанство
  
56,1 %
Ислам
  
17,9 %
Нерелигиозни
  
18,7 %
Останати
  
7,3 %

Најголема религија во земјата според последниот попис на Националниот институт за статистика во 2007 година е христијанството со 56.1%, додека втора по големина е исламот со 17.9%, 18,7% немале религија, а 7,3% се придржувале кон други верувања. Сепак има големо оспорување на овие проценти.

Религиозните заедници се расфрлани низ целата земја. Северните провинции се претежно муслимански, особено по должината на крајбрежниот појас, но некои области во северниот дел на внатрешноста имаат посилна концентрација на протестантски или католички заедници. Протестантите и католиците се генерално побројни во јужните и централните региони, но популацијата на муслиманското малцинство е исто така присутна во овие области.

Водечките муслимански водачи во земјата и Католичката црква во текот на историјата често се обидувале да ги елиминираат традиционалните домородни практики од нивните места за обожавање. Сепак, некои христијански и муслимански следбеници продолжуваат да ги инкорпорираат традиционалните практики и ритуали, а религиозните власти генерално дозволуваат такви практики..

Странските мисионерски групи функционираат слободно во земјата. Некои групи нудат религиозни наставни центри во нивните локални заедници, додека други обезбедуваат стипендии за студентите да студираат во нивните земји..

Уставот предвидува слобода на религијата, а Владата генерално го почитува ова право во пракса..

Христијанство

Религија Во Мозамбик 
Црква во Мозамбик

Според Националната дирекција за религиозни работи во Министерството за правда, евангелските христијани ја претставуваат најбрзо растечката религиозна група во земјата. Општо земено, верските заедници имаат тенденција да ги привлекуваат своите членови од етнички, политички, економски и расни основи..

Постојат 732 религиозни деноминации и 144 верски организации регистрирани во Одделот за верски работи на Министерството за правда. Во извештајниот период биле регистрирани 10 деноминации и 20 религиозни организации. Најголеми христијански религиозни групи се англиканци, Баптистите, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, Методисти, Назарени, Презвитеријани, Јеховини сведоци, Римокатолици, Адвентисти на седмиот ден, како и Евангелисти, Православни и Пентекости.

Ислам

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа под влијание на суфизмот. Во земјата има и мало шиитско муслиманско население, главно од јужноазиско потекло. Растечката јужноазиска имигрантска популација главно е сунистичка која ја следи Ханифиската школа. Трите главни исламски организации се Исламски конгрес, Исламски совет и Азиската муслиманска заедница.

Останати

Еврејските, хиндуиските и бахајските верски групи се регистрирани и зазимаат многу мал процент од населението..

Статистички податоци

Религиозна припадност во Мозамбик
Припадност 1997 2007
Христијани 49.1% 56.1%
Римокатолици 23.8% 28.4%
Zionist Christian 17.5% 15.5%
Евангелисти 7.8% 10.9%
англиканци - 1.3%
Муслимани 17.8% 17.9%
Нерелигиозни 23.1% 18.7%
Останати/Непознато 10.0% 7.3%
Забелешка

Наводи

Tags:

Религија Во Мозамбик ХристијанствоРелигија Во Мозамбик ИсламРелигија Во Мозамбик ОстанатиРелигија Во Мозамбик Статистички податоциРелигија Во Мозамбик НаводиРелигија Во Мозамбик2007ИсламМозамбикХристијанство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

ШизофренијаМарфанов синдромТурска култураДрамаБилирубинРасказАмамМихаил III ПијаницатаХартијаУстав на МакедонијаИнфективна мононуклеозаСинонимМејозаЖивко МукаетовРусијаСкопски земјотрес (1963)БрајковциГорјан ПетревскиМарвинциОптички кабелСублимацијаСократесЕдгар Алан ПоФатаморганаЗаменки во македонскиот јазикНР КинаСлавко ЈаневскиГолеми и мали (роман)Волгоградска областСкопско КалеВид (биологија)Прехранбена индустријаВселенаОпштина КарпошКандидАврамски религииПолип на маткатаКамен мост (Скопје)ФК ЈувентусЦрвени крвни зрнцаДојранИзборна единица 6ФК СаутхемптонМакедонски парламентарни избори (2014)Богородичната црква во ПаризСпецијална антитерористичка единица „Тигар“Бруто-домашен производКонстантин МиладиновПарикутин (вулкан)ЖолчкаСписок на повикувачки броеви на земјитеСпоменка (книга)ФилмОпшта теорија за релативностаЈапонски календарБраќа МиладиновциЛозје (книга)БегалкаНикол КидманАнтичка МакедонијаЕлектрицитетЃурѓовденСписок на македонски писателиРамностран триаголникАтинаМали сипанициКрвна групаЧорбаџи ТеодосМасовни медиумиПредмет (граматика)Стар ЕгипетДемократијаТулаНезависна Држава МакедонијаСеверен ВиетнамБактерииЧеченија🡆 More