Оскар За Најдобар Анимиран Филм

Оскарот за најдобар анимиран филм е награда која ја доделува Академијата за филмски уметности и науки (АМПАС) годишно за најдобриот анимиран филм, кој од Академијата е дефиниран како филм кој трае подолго од 40 минути, ликовите се создадени со помош на технниката стоп-анимација, содржи значаен број на анимирани ликови и најмалку 75 проценти од времетраењето на филмот вклучува анимација.

Наградата првпат била доделена за филмови направени во 2001 година.

Оскар за најдобар анимиран филм
ДржаваСоединети Американски Држави Уреди на Википодатоците
ДоделуваАкадемија за филмски уметности и науки Уреди на Википодатоците
Мрежно местоhttp://www.oscars.org Уреди на Википодатоците


Номинираните филмови за Оскар и победниците се избираат од страна на членовите на АМПАС. Доколку има шеснаесет или повеќе поднесени филмови, победникот се изгласува од потесен избор од пет филмови, во спротивно во потесен избор влегуваат три филмови. Дополнително, осум подобни анимирани филмови мораат да бидат издадени во округот Лос Анџелес во рамките на календарската година за оваа категорија да биде активирана.

Анимираните филмови можат да бидат номинирани и во други категории, но тоа е ретко; Убавицата и ѕверот (1991) бил прв филм номиниран за Оскар за најдобар филм. Нагоре (2009) и Приказна за играчките 3 (2010) исто така добиле номинации за најдобар филм откако Академијата го зголемила бројот на номинирани филмови.

Валцер со Башир (2008) е единствениот анимиран филм воопшто номиниран за Оскар за најдобар странски филм (и покрај тоа што не успеал да заработи номинација во категорија за најдобар анимиран филм). Ноќта пред Божиќ (1993) и Кубо и двете жици (2016) се единствените анимирани филмови номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти.

Победници и номинации

Оскар За Најдобар Анимиран Филм 
Хајао Мијазаки победи во 2002 година за Spirited Away
Оскар За Најдобар Анимиран Филм 
Ендрју Стентон

2000.

Година Победник Номинирани Нав.
2001 Шрек
– Арон Варнер
2002 Авантурите на малечката Чихиро
Хајао Мијазаки
  • Ледено доба – Крис Веџ
  • Лило и Стич – Крис Сандерс
  • Бестрашниот Спирит – Џефри Каценберг
  • Планетата со богатство – Рон Клементс
2003 Барајќи го Немо
Ендру Стентон
  • Братот мечок – Арон Блајс и Роберт Вокер
  • Белвил Рандеву – Силвен Шоме
2004 Спасители
– Бред Берд
  • Приказна за ајкулата – Бил Дамаш
  • Шрек 2 – Ендру Адамсон
2005 Валас и Громит: Големата завера на зајците
– Ник Парк и Стив Бокс
2006 Танцот на пингвините
– Џорџ Милер
  • Автомобили – Џон Ласетер
  • Куќа на чудовишта – Гил Кенан
2007 Рататуи
– Бред Берд
  • Персеполис – Маржан Сатрапи и Венсан Пароно
  • Диви бранови – Еш Бренон и Крис Бак
2008 Воли
Ендру Стентон
  • Гром – Крис Вилијамс и Бајрон Хауард
  • Кунг фу панда – Џон Стивенсон и Марк Озборн
2009 Нагоре
– Пит Доктер

2010.

Година Победник Номинирани Нав.
2010 Приказна за играчките 3
– Ли Ункрих
2011 Ранго
– Гор Вербински
  • Мачка во Париз – Анел Гањол и Жан-Луп Фелисиоли
  • Чико и Рита – Фернандо Труеба и Хавиер Марискал
  • Кунг фу панда 2 – Џенифер Ју Нелсон
  • Мачорот во чизми – Крис Милер
2012 Храбрата Мерида
– Марк Ендрус и Бренда Чапман
  • Моето најмило чудовиштеТим Бартон
  • Паранорман – Сем Фел и Крис Батлер
  • Пирати! Банда смотаници – Питер Лорд
  • Разбивачот Ралф – Рич Мур
2013 Снежно кралство
– Крис Бак, Џенифер Ли и Питер Дел Вечо
2014 Екипа за 6
– Дон Хол, Крис Вилијамс и Рој Конли
  • Бокстролови – Ентони Стачи, Греам Енабл и Тревис Најт
  • Како да го дресирате вашиот змеј 2 – Дин Деблуа и Бони Арнолд
  • Песна за морето – Том Мур и Пол Јанг
  • Приказната за принцезата КагујаИсао Такахата и Јошиаки Нишимура
2015 Опаку наопаку
– Пит Доктер и Џонас Ривера
  • Аномалиса – Чарли Кауфман, Дук Џонсон и Роза Трен
  • Момче и светот – Але Абреу
  • Овцата Шон – Марк Бартон и Ричард Старзак
  • Кога Марни беше таму – Хиромаса Јонебајаши и Јошиаки Нишимура
2016 Зоотропола
– Бајрон Хауард, Рич Мур и Кларк Спенсер
  • Кубо и двете жици – Тревис Најт и Ариан Сутнер
  • Ваијана – Џон Маскер, Рон Клементс и Оснат Шурер
  • Мојот живот како тиквичка – Клод Барас и Макс Карли
  • Црвената желка – Михаел Дудок де Вит и Тошио Сузуки
2017 Коко и големата тајна
– Ли Анкрич и Дарла К. Андерсон
  • Малиот директор – Том Мекграт и Ремзи Ен Наито
  • Хранителка – Нора Туми и Ентони Лео
  • Фердинанд – Карлос Салдана
  • Со љубов, Винсент – Дорота Кобела, Хју Велхман и Ајван Мактагарт

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Оскар За Најдобар Анимиран Филм Победници и номинацииОскар За Најдобар Анимиран Филм НаводиОскар За Најдобар Анимиран Филм Надворешни врскиОскар За Најдобар Анимиран ФилмАкадемијата за филмски уметности и науки

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Петар Поп АрсовВилсонова болестВлада на МакедонијаФК Реал СосиедадКарлес ПуџдемонБубрежна инфекцијаЕпилепсијаШпанијаБојан ЈовановскиРак на белите дробовиМакедонска азбукаВелики петокНикола КаревОхридМанастир ОстрогЗаушкиБраиловоРевматоиден артритисМакедонска револуционерна организацијаСписок на македонски филмовиШар ПланинаВладимир ПутинТестостеронГрегоријански календарМаксим ДимитриевскиИнфрацрвена спектроскопијаЛимфомМакедонски парламентарни избори (2006)Шармери од осмоФиброаденомСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Небо од ванила (филм)Внатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Локални избори во Македонија (2017)ГрузијаСтале ПоповОдржлив развојУстав на МакедонијаХристо УзуновАрбен ЏафериБроеви во македонскиот јазикСвети Климент ОхридскиТрајко ВељаноскиЏезЛозје (книга)Донтов методВенециско биенале за архитектураЛибанМасакрот кај ВејцеВтора влада на Бранко ЦрвенковскиИзборна единица 4ВиножитоМакедонски претседателски избори (1999)Надреден знакОпштина ГостиварНационален парк ГаличицаБлузУкраинаСрбијаАдријана АлачкиЗнаме на МакедонијаАмерикаЅвезда од КутлешОхридско ЕзероПарадоксот на ДиогенОхридски рамковен договорЛазар КолишевскиЛокални избори во Македонија (2005)Рак на желудникРак на дојкаСеверна АмерикаАзотСашо ОрдановскиИлинденско востаниеАтентат врз Киро Глигоров🡆 More