Ноќта Пред Божиќ

Ноќта пред Божиќ (англиски: The Nightmare Before Christmas) — американски анимиран филм од 1993 година, во режија на Хенри Селик, според идејата и приказната на Тим Бартон.

Гласовите ги позајмуваат: Дани Елфман, Крис Сарандон, Кетрин О'Хара, Вилијам Хики итн. Филмот трае 76 минути и бил снимен со буџет од 18 милиони долари. Во 1994 година, филмот бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобри визуелни ефекти, како и за наградата „Златен глобус“ за најдобра музичка нумера.IMBd, The Nightmare Before Christmas (1993) — Awards (пристапено на 6.10.2015)

Содржина

Во Градот на Ноќта на вештерките (Halloween Town) живеат сите измислени плашила од приказните — врколаци, вампири, вештерки, зомбиња итн. На страшилото со глава на тиква, Џек Скелингтон му е дојдено преку глава од постојаните прослави на Ноќта на вештерките, која секоја година, на ист начин, ја организира градоначалникот. Сакајќи нешто да промени, тој добива необична идеја, откако случајно ќе појде во Градот на Божиќ (Christmas Town), каде ќе ги види Дедо Мраз, подароците, песните итн. Затоа, непосредно пред Божиќ, тој го грабнува Дедо Мраз и ја презема неговата улога. Единствено, девојката Сали, која е вљубена во Џек, се обидува да го разубеди, бидејќи претчувствува дека ќе се случат лоши работи.
Џек на сите деца им дава необични божиќни поклони — страшни играчки кои оживуваат и ги плашат децата. Така, на целата Земја настанува паника и војската со топови го гаѓа Џек додека тој лета на небото. Еден проектил го погаѓа Џек и тој паѓа на гробиштата, сфаќајќи дека погрешил. Тој набрзина се враќа во Градот на Ноќта на вештерките, каде Дедо Мраз е заробен од плашилото во форма на вреќа (Oogie Boogie). Џек се бори со плашилото и успева да ги спаси Дедо Мраз и Сали. Откако ќе биде ослободен, Дедо Мраз набрзина ја поправа работата и на сите деца им ги дели вистинските божиќни подароци, а над градот на страшилата започнува да паѓа снег.

Наводи

Tags:

19931994АнглискиАнимиран филмБуџетДоларЗлатен глобусИдејаКетрин О'ХараМинутаОскарРежијаТим БартонФилм

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Речник на стари македонски зборовиИзборна единица 4СреќаМоликаСолиВакцина против тетанусАтинаГрб на МакедонијаСидБета-таласемијаЦирозаСписок на држави по населениеЧасовен појасИсландЗаушкиТетанусДимитар ДимитровСтевчо ЈакимовскиОдбојкаСложена реченицаСамоилово ЦарствоОпштина Македонски БродЛокални избори во Македонија (2013)Министерство за животна средина и просторно планирањеЛокални избори во Македонија (2017)ВалентностОвчи сипанициРевизор (комедија)ИсхранаЈосип Броз-ТитоСтале ПоповВевчански карневалКумановоДиносаурусМРСАСегашно време во македонскиот јазикЕлектричен отпорРоманЕгејска МакедонијаДијалекти на македонскиот јазикАнтон ПановСлавко ЈаневскиДемократска партија на Турците на МакедонијаШирок СокакГудачки инструментиМакедонски ораОптичка мамкаПреспанско ЕзероДојранско ЕзероРомиВолшебното самарчеМакедонија во Втората светска војнаРевматоиден артритисБруто-домашен производПридавки во македонскиот јазикИзборна единица 5Македонски претседателски избори (2019)ДржаваРомантизамФернандо МагеланЦрн дробСвети Наум Охридски ЧудотворецСписок на градови во Македонија по населениеГалаксијаСтрумицаУбивањето на светиот еленМакедонска крвава свадбаБајрамВртоглавицаМакедонски народни песниСатурнови прстениСписок на владетели на БугаријаВидеоиграКрушевска РепубликаДемографија на МакедонијаРимаМјузикл🡆 More