Македонија Во 1992 Година

Страницава не е достапна на други јазици

Република Македонија во 1992 година
Знаме на Македонија Грб на Македонија
Години : 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995
Векови: 20 век · 21 век · 22 век
Децении: 1980-ти 1990-ти 2000-ти 2010-ти 2000-ти 2010-ти 2020-ти
Години: 1989 1990 1991 1992 1993 1994 1995

Водачи

Настани

јануари

Македонија Во 1992 Година 
Божик прогласен за неработен ден
  • 4 јануари - Владата на Република Македонија донесе одлука со која 7 јануари - првиот ден Божик, се прогласува за неработен ден. Ова е првпат во Македонија верски празник да биде прогласен за неработен.
  • 11 јануари - Одржан е референдум за автономија на Албанците во западниот дел од Македонија - вклучувајќи ја и Илирида. Референдумот и резултатите од референдумот биле прогласени за нелегални од страна на македонските власти.
  • 15 јануари - Арбитражната комисија на Европската Заедница на чело со претседателот Робер Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Словенија и Македонија.
  • 15 јануари - Владата на Бугарија ја призна Македонија за суверена и независна држава. Бугарија е воедно и прва земја што ја призна Македонија.
  • 26 јануари - Прва работна посета на Киро Глигоров во САД и Канада.
Македонија Во 1992 Година 
ЈНА

февруари

март

Македонија Во 1992 Година 
Полиција
Македонија Во 1992 Година 
Македонски олимписки комитет
  • 10 март - Наместо терминот Милиција, почна да се употребува терминот Полиција.
  • 11 март – Постариот водник Сонко Ангеловски, за првпат на македонски јазик, ја прими должноста командир на караулата "Рамна нива" на македонско-бугарската граница во близина на Крива Паланка. Истиот ден се преземени и караулите "Рамна нива" и "Коприва".
  • 16 март – Основана е Демократска партија на Србите во Македонија.
  • 17 март – При пречекот на делегацијата на Република Словенија на чело со претседателот Кучан, за првпат при пречек на висок гостин беше интонирана македонската државна химна „Денес над Македонија се раѓа“, првпат беше построена Почесната единица на АРМ со македонско државно знаме и за првпат командантот на почесната единица, полковникот Стефан Лазаревски, на македонски јазик му рапортираше на еден претседател кој допатувал во официјална посета на Република Македонија.
  • 20 март - Во Скопје е формиран Македонски олимписки комитет. За прв претседател е избран Васил Тупурковски.
  • 20 март – Заврши примопредавањето на граничните објекти – караули на Република Македонија со соседните држави: Бугарија, Албанија и Грција.
  • 26 март – Во Скопје е преземен последниот и најголем воен објект на Македонија касарната "Маршал Тито", денес "Илинден".
  • 27 мартРепублика Македонија ја презеде контролата над сета своја територија со своја војска. За ова е потпишан договор во Скопје меѓу претседателот на земјата, Киро Глигоров и генералот на ЈНА, Никола Узелац. Со тој чин, всушност, од Република Македонија замина и последниот војник на ЈНА.
  • 30 март – Република Македонија и Република Хрватска со размена на ноти склучија спогодба за воспоставување дипломатски односи меѓу двете држави на ниво на амбасади.
  • 31 март – Поголем број етнички Албанци демонстрирале во Скопје, барајќи од меѓународната заедница да не ја признае македонската држава сè додека не добијат автономија во деловите на државата каде го опфаќаат мнозинството.

април

Македонија Во 1992 Година 
Банкнота од 10.000 денари
  • 14 април – Во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут, припадник на Армијата на Република Македонија. Тоа беше велешанецот Панче Јамандиев, роден во 1970 година.
  • 15 април – Во касарните во Скопје, во Штип и во Битола пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија.
  • 17 април – Во Скопје, претседателот на Република Македонија Киро Глигоров ја откри новата натпис-плоча на Домот на Армијата, на кој пишува: „Република Македонија, Дом на Армијата – Скопје“. Со тоа на симболичен начин беше одбележано доаѓањето на првите регрути на Армијата на Република Македонија и на нејзиното воено осамостојување.
  • 26 април - Македонија монетарно се осамостои со ново име на валутата „денар”.

мај

  • 8 мајРепублика Филипини ја призна Република Македонија.
  • 9 мај – Во касарната "Маршал Тито", денес "Илинден", првата класа регрути од регрутниот состав на Армијата на Република Македонија ја даде својата свечена обврска. Следните денови македонските регрути свечена обврска дадоа и во другите касарни на Републиката.
  • 19 мај – На граничниот премин Меџитлија, кај Битола, на границата со соседна Грција, е извршено менување на дотогашните државни ознаки со македонски, а следниот ден и на граничните премини Богородица и Дојран.
  • 21 мај - Владата на Македонија донесе одлука за формирање на Македонско прес-биро.
  • 23 мај - Во Струга, во организација на Сојузот на студентите на Македонија, почна Првата македонска универзијада.
  • 28 мај – Собранието на Република Македонија го донесе законот за преминување на државната граница и преминување на државниот појас.

јуни

јули

  • 3 јули - На Попова Шапка е осветен и поставен камен-темелникот на манастирскиот комплекс посветен на Свети Наум Охридски - Чудотворец.
  • 7 јули - Собранието ѝ изгласа недоверба на Владата на Никола Кљусев.
  • 23 јули - Во Скопје е формирана Комора на приватниот капитал на Македонија.
  • 24 јули – Во Скопје, во издание на Министерството за одбрана на Република Македонија, е промовиран првиот број на списанието "Одбрана".
  • 24 јули - Карго авион „Антонов 12“ на авионската компанија „Волга-Дњепар“ се урна на 26 километри југоисточно од Скопје, за време на приоѓање кон аеродромот. Авионот удри во планина близу селото Лисец. Во оваа несреќа животот го загубија осум лица.

август

Македонија Во 1992 Година 
Петар Гошев
  • 5 август - Русија ја призна Република Македонија.
  • 6 август - Петар Гошев го врати мандатот за формирање на Влада на РМ.
  • 11 август - Собранието со повеќе од двотретинско мнозинство, го донесе законот за новото знаме.
  • 20 август - Пред зградата на Собранието на Република Македонија почна да се вее новото македонско знаме.
  • 26/28 август - Претседателот Глигоров ја предводи македонската делегација на Лондонската конференција за Југославија.

септември

Македонија Во 1992 Година 
Првата редовна поштенска марка

октомври

Македонија Во 1992 Година 
МРТВ
  • 8 октомври - Македонската радио-телевизија го извести генералниот секретар на здружението на југословенските радио-телевизии, дека МТВ донесе одлука за истапување од ЈРТ, во согласност со одредбите на договорот за основање здружение на југословенските радио-телевизии.
  • 15 октомври - Во Скопје е регистрирана Демократската партија на Турците на Македонија, со седиште во Скопје, а за претседател е избран Ердоган Сарач.
  • 23 октомври - По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото.
  • 24 октомври - Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени.
  • 28 октомври - Во Собранието на Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов беше 15-годишен престој.

ноември

декември

Култура

Музика

Филм и телевизија

Книги и списанија

Објекти

Останато

Спорт

Фудбал

Кошарка

Ракомет

Родени

Македонија Во 1992 Година 
Дејан Манасков

Починати

Наводи

Tags:

Македонија Во 1992 Година ВодачиМакедонија Во 1992 Година НастаниМакедонија Во 1992 Година КултураМакедонија Во 1992 Година СпортМакедонија Во 1992 Година РодениМакедонија Во 1992 Година ПочинатиМакедонија Во 1992 Година НаводиМакедонија Во 1992 Година

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Свети Кирил и МетодијАлександар КирацовскиДаниел ДефоБубрежен каменИгор КостескиГ’зим ОстрениСузан АкбелгеСветлинаШтитна жлездаБилјана ВанковскаХрватскаЛила СтојановскаГлаголАнтибиотик со широк спектар на дејствоМравкаuf2lnТромбоцитопенијаСебороичен дерматитСипаници26 Април (спортска сала)ФудбалАртан ГрубиАзотКарлес ПуџдемонУрологијаИндијаСтојан АндовГорјан ПетревскиКанцониеротСтаромакедонски јазикМакедонски претседателски избори, 2004Велики четвртокВлада на Македонија од 1992Изборна единица 126 априлДоста ДимовскаМакедонски парламентарни избори (1990)Десница (политика)Петар Поп АрсовРак на дојкаРамазанАвтоимуна болестПарадоксот на ДиогенСашко КедевПсоријазаПавле ТрајановСписок на политички партии во МакедонијаСтругаАјдучка треваНикола ТодоровВанчо ШехтанскиКипарШар ПланинаВенко ФилипчеПартија за демократски просперитетЛиберална партија на МакедонијаВлада на Љубчо ГеоргиевскиРак на панкреасотДанте АлигиериДимитар КовачевскиМакедонски јазикИзборна единица 6БлогСтрептококен фарингитисАнгинаИзборна единица 2ЛешокЛиберално-демократска партијаМладотурска револуцијаСојуз на Ромите од МакедонијаЛокални избори во Македонија (2017) — Град СкопјеСеверна АмерикаМаргарет ТачерОпштина БитолаАдријана АлачкиЦрвен крст на МакедонијаБРИКС🡆 More