Петар Гошев: Политичар од Македонија

Петар Гошев (роден на 5 септември 1948 година во Пирава, Валандовско) — македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија.

Петар Гошев
Петар Гошев: Политичар од Македонија
Министер за финансии
На должноста
1 ноември 2002 – 7 ноември 2003
Премиер Бранко Црвенковски
Претходник Никола Груевски
Наследник Никола Поповски
Гувернер на НБРМ
На должноста
2004 – 2011
Претходник Љубе Трпески
Наследник Димитар Богов
Лични податоци
Роден(а) 5 септември 1948
Пирава, Валандовско, Југославија
Партија СДСМ (1991-1993)
ДП (1993-1997)
ЛДП (1997-денес)
Установа Економски факултет
Националност Македонец

Животопис

Петар Гошев дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1971 година, а во 1983 станал магистер по економски науки. Работел како економист во Фабриката за автобуси „11 Октомври“ Скопје. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.

Од 1984 до 1988 е член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија. Во 1989 бил избран за претседател на СКМ и на таа функција останал до 1991 година. Бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ.

На Парламентарните избори во 1990 година, Гошев бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СКМ-ПДП. Поради несогласувања со новото раководство на СДСМ, Гошев во 1993 се отцепил од партијата и ја формирал Демократската партија. При тоа бил избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станал претседател на Либерално демократската партија. На Парламентарните избори во 1998 година бил повторно избиран за пратеник. Претседател на ЛДП бил до 1999 година, кога поради неуспехот на партијата на Парламентарните избори во 1998 година, поднесол оставка.

По Парламентарните избори во 2002 година, во периодот од 1 ноември 2002 до 7 ноември 2003 година бил Министер за финансии на Република Македонија. На функцијата Гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година и на таа функција се задржал до 2011 година.

Наводи

Претходник
Љубе Трпески
Министер за финансии
1 ноември 2002 - 7 ноември 2003
Наследник
Никола Поповски
Претходник
Никола Груевски
Гувернер на НБРМ
2004 - 2011
Наследник
Димитар Богов

Tags:

19485 септемвриВаландовскоМакедонијаНародна банка на МакедонијаПираваПолитичар

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина Ново СелоКорозијаПиту ГулиСловенска писменостМакедонски народни носииСтарецот и моретоОпштина КичевоСрцева слабостВладимир Илич ЛенинМикеланџело БуонаротиСоцијалистичка Република МакедонијаАцо ШоповДобовјаниАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаЈудаизамМакедонски ораОпштина ЧаирВртоглавицаПрометејРоднински односиИзвори на енергијаНационален парк ГаличицаРегионален пат 1101ЕкологијаРомантизамМалиот принцКалендар на Велигденски датумиГаличка свадбаЃорѓи АбаџиевСписок на државни знамињаМакедонски јазикСтранствувањето на Чајлд ХаролдАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаХемороидЉубовВикипедија на македонски јазикКанадаЦирозаПечалбариЗаздравување на ранаФилип II МакедонскиКрушевоСелциПочваМатичен млечШенген-зонаРомбДерматитЦрни и жолтиСончев СистемИвона ТалевскаДабМакедонски народни песниОпштина Демир ХисарМакедонска радио-телевизијаСистем за варењеНаум НаумовскиЛалеБукурешки договор (1913)Список на држави и територии во ЕвропаЦрвени крвни зрнцаАртритисСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаКралство ЈугославијаРимаХристијанизација на Киевска РусијаЦрно семе (роман)Македонски хумористични народни приказни (книга)Придавки во македонскиот јазикСписок на хемиски елементиЕлектрична струјаМенструален циклусМинистерство за животна средина и просторно планирањеГликемијаМали ВлајИсус ХристосЃомлезе🡆 More