Либерално-Демократска Партија

Либерално демократската партија — македонска политичка партија со либерална ориентација.

Партијата е наследник на Демократската и Либералната партија, кои на 19 април 1997 се обединиле, формирајќи ја ЛДП. За прв претседател на ЛДП е избран Петар Гошев, дотогашниот претседател на Демократската партија. ЛДП е полноправна членка на Либералната Интернационала. Моментален водач на партијата е Моника Зајкова.

Либерално-демократска партија
ВодачМоника Зајкова
Основана19 април 1997
ШтабСкопје
Идеологијалиберализам
Собрание
2 / 120
Општини
0 / 80
Мрежно место
www.ldp.mk
Знаме
Либерално-Демократска Партија
Политика на Македонија
Политички партии
Избори

Историја

На парламентарните избори 1998 година ЛДП настапи во коалиција со Демократската партија на Македонија (ДПМ) од Тетово. На овие избори ЛДП освои 79.000 гласови (4 пратенички мандати). За пратеници беа избрани: Петар Гошев, Стојан Андов, Латиф Пајковски и Слободан Даневски. На Првиот конгрес на ЛДП во пролетта 1999, а по неуспехот на парламентарните избори 1998, Петар Гошев се повлече од претседателската функција. За нов претседател е избран Ристо Пенов, дотогашен потпретседател на партијата.

Во 1999 во текот на Косовската војна, ЛДП влезе во Владата на Република Македонија. За член на Владата, како министер без ресор, беше избран Радован Стојкоски. Како помошник министер за развој беше избрана Лилјана Поповска. По завршувањето на Косовската војна, ЛДП се повлече од Владата.

На претседателските избори во 1999 година ЛДП учествуваше со свој кандидат, Стојан Андов. Тој на овие избори освои 112.000 гласови и не успеа да се пласира во вториот круг.

На почетокот на 2000 дел од припадниците на поранешната Либерална партија на чело со Стојан Андов (и со пратениците Пајковски и Даневски) ја напушти ЛДП и ја формира Либералната партија на Македонија. Истата година, на Локалните избори 2000 година ЛДП настапи како дел од коалицијата За Македонија заедно, во која членуваа и СДСМ, СПМ и Лигата за демократија.

Во коалиција со СДСМ, ЛДП учествуваше на парламентарните избори 2002 година, освојувајќи 13 пратенички места и влегувајќи во новата влада со 4 министри.

Во 2005 година ЛДП доживеа уште едно отцепување. Лилјана Поповска ја напушти партијата и формира своја партија, Демократска обнова на Македонија.

На парламентарните избори во 2006 година, ЛДП повторно настапи во коалиција со СДСМ и освои 5 пратенички мандати. Претседателот на партијата, Ристо Пенов, најави повлекување од водачката позиција, по што, на 11 февруари 2007 година за нов претседател на Партијата е избран Јован Манасијевски.

Во 2009, партијата за првпат настапува самостојно на локалните и претседателските избори каде што го кандидира порашниот амбасадор при НАТО, проф. д-р Нано Ружин.

На парламентарните избори во 2020 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ и освоила 2 пратенички места.

На парламентарните избори во 2024 година, партијата учествувала во коалиција предводена од СДСМ.

Парламентарни избори 2011

На Парламентарните избори на 5 јуни 2011 година партијата добила вкупно 16.551 гласови. Поради лошиот изборен резултат и неосвојувањето на ниедно пратеничко место, претседателот Манасијевски на 6 јуни 2011 поднел неотповиклива оставка. На негово место е избран Андреј Жерновски.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Либерално-Демократска Партија ИсторијаЛиберално-Демократска Партија Парламентарни избори 2011Либерално-Демократска Партија НаводиЛиберално-Демократска Партија Надворешни врскиЛиберално-Демократска Партија19 април1997Демократска партија (Македонија)ЛиберализамЛиберална партија (Македонија)МакедонскаМоника ЗајковаПетар ГошевПолитичка партија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Гоце НиколовскиПравопис и правоговор на македонскиот јазикВладимир АнгеловскиСојузни држави на САДЦрква „Св. Јован Канео“ - ОхридСебороичен дерматитОНАМакедонија (регион)РокселанаЦркваСевастополВтора македонска фудбалска лигаБлагоја ПетровСтојне НиколоваСтрумицаГлаголска придавкаЈугославијаПлаошникШишевски манастирБистра вода (серија)Солунска ГлаваОпштина КичевоБерлинПростатаВасил ШишковАна ФранкTime.mkОтоманско ЦарствоМеѓународен ден на трудотРепублика СрпскаПеперугиБубрежна слабостСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Риби (хороскопски знак)Ревматоиден артритисЧовечки папиломен вирусСрцева слабостПавел ШатевКрушевоХемоглобинКонопГабаОпштина КавадарциМечкаМало ЦрскоГрадски парк (Скопје)Општина БитолаШтипАнтониа ГиговскаАнета МицевскаБилјанини ИзвориВиницаСписок на македонски народни и староградски песниКочаниТалат ЏафериШизофренијаПатраАпостол ПавлеЖивотниПченкаАнтибиотикБродец (Скопско)СлаткаристикаБеловиште (Тетовско)Streptococcus pyogenesШведскаДаниела ТемелковскаТракијаСања ЦинцеваЃурѓовденДуховденКанадаКалеш АнѓаСписок на повикувачки броеви на земјитеЕјакулацијаВевчани🡆 More