Предлошка:Април 2024 13 април — 103-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (104-и во престапна година).
Остануваат 262 денови до крајот на годината.
Настани:
1898 | Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум. |
1913 | Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“. |
1943 | Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-40 г. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990 г. |
1970 | Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало „Аполо 13“ и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна. |
Родени:
1519 | Катерина де Медичи — регент на Франција и сопруга на францускиот крал Анри II († 1589). |
1743 | Томас Џеферсон — претседател на САД. |
1883 | Александар Василевич Александров — руски и советски композитор. |
1885 | Ѓерѓ Лукач — унгарски марксистички филозоф, естетичар и политичар († 1971.). |
1901 | Жак Лакан — француски психоаналитичар и психијатар († 1981). |
1906 | Антон Панов — македонски драмски писател († 1968). |
1906 | Семјуел Бекет — ирски писател и нобеловец († 1989). |
1939 | Шејмус Хини — ирски поет, нобеловец и добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата († 2013). |
1942 | Киро Поповски — македонски правник и политичар. |
1946 | Ал Грин — американски пејач. |
1946 | Јосиф Татиќ — српски глумец. |
1948 | Драго Јанчар - словенечки писател и политичар. |
1949 | Кристофер Хиченс — англиски новинар и општественик. |
1955 | Сафет Сушиќ — југословенски и босански фудбалер и тренер. |
1963 | Гари Каспаров — руски шахист-велемајстор, светски првак (1985. - 2000). |
1967 | Валентина Божиновска — македонска глумица и политичарка. |
1977 | Анхел Висиосо — шпански велосипедист. |
1976 | Дарија Лоренци Флац — хрватска глумица. |
1978 | Силви ван дер Варт — холандска водителка и модел. |
1978 | Карлес Пујол — шпански фудбалер. |
1983 | Клаудио Браво — чилеански фудбалер. |
1986 | Николај Учиков — бугарски одбојкар. |
1991 | Игор Кобзар — руски одбојкар. |
1991 | Бранкица Михајловиќ — српска одбојкарка. |
1996 | Марко Грујиќ — српски фудбалер. |
1999 | Алесандро Бастони — италијански фудбалер. |
2001 | Неко Вилијамс — велшки фудбалер. |
Починале:
1695 | Жан де Лафонтен — француски поет и баснописец. |
1992 | Благоја Попов — македонски политичар и државник. |
2012 | Ташко Георгиевски — македонски писател и филмски сценарист. |
2015 | Гинтер Грас — германски писател, добитник на Нобеловата награда во 1999 година. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article 13 април, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.