Луис Карол

Чарлс Лудвиг Доџсон(27 јануари 1832 – 14 јануари 1898), попознат под псевдонимот Луис Карол бил англиски писател, математичар, логичар, англикански ѓакон и фотограф.

Неговите најпознати дела се „Алиса во Земјата на чудата“ и неговото продолжение „Низ огледалото“, како и поемите „Ловењето на Снарк“ и „Џабервоки“ кои денес се сметаат за едни од најдобрите примери на нонсенс литературата. Карол е познат по неговите игри со зборови и по бујната фантазија на што и се должи неговата светска популарност.

Чарлс Лудвиг Доџсон
tinted monochrome 3/4-length photo portrait of seated Dodgson holding a book
ПсевдонимЛуис Керол
ЗанимањеПисател, математичар, англикански свештеник, фотограф
НационалностБританец
ЖанрДетска литература, литература на фантастичното, поезија, литературна бессмислица
Значајни дела„Алиса во земјата на чудата“, Низ огледалото, Ловењето на Снарк, Џабервоки
ПотписЛуис Карол

Потекло

Семејството на Доџсон претежно потекнувало од северна Англија, со некои ирски корени. Конзервативни и високо англикански, многу од предците на Доџсон биле или офицери во војската или англикански свештеници. Неговиот прадедо, кој исто така се викал Чарлс Доџсон, се искачил низ црковната хиерархија до местото бискуп. Неговиот дедо, вториот Чарлс, бил капетан во војската, кој бил убиен во акција во 1803 година, кога неговите двајца синови биле штотуку родени. Неговата мајка се викала Френсис Џејн Лудвиг.

Најстариот од овие синови - уште еден Чарлс – бил таткото на Керол. Тој се посветил на другиот семеен бизнис и дал свештеничка заклетва. Го посетувал средното училиште „Рагби“, и од таму продолжил на универзитетот „Крајст Чрч“ во Оксфорд. Тој имал голем талент за математика и добил највисоки дипломски оцени по два предмета кои претставувале увертира во една успешна академска кариера. Но тој се оженил со својата прва братучетка во 1827 година и станал околиски пастор.

Таткото на младиот Чарлс бил активен и доста конзервативен свештеник на Англиканската црква кој бил вклучен, со големо влијание, во интензивните религиозни спорови кои ја разединувале Англиканската црква. Бил наклонет кон англо-католицизмот, обожавател на Џон Хенри Њуман и трактаријанското движење, и со сите сили се обидувал да ги наметне овие видувања на неговите деца. Меѓутоа младиот Чарлс, во целост ќе развие една замрсена врска со вредностите на неговиот татко и со Англиканската црква.

Животопис

Чарлс Доџсон (Луис Карол) е роден во малата парохија Дарсбури, близу Варингтон, Чешир, како најстар син, но веќе трето дете од четири и пол годишниот брак. По него се родиле уште осум други деца. Кога Чарлс бил на возраст од единаесет години, на татко му му било дадено место за живеење во пространата парохија Крофтонтиз во Северен Јоркшир, и целото семејство се преселило таму.

Школување

Луис Карол 
Автопортрет на Луис Карол од 1856

Во раното детство Карол се школувал дома. Списокот на лектири сведочи за рано развиена интелигенција, но како дете пелтечел што се манифестирало и кај неговите браќа и сестри. а истото со тек на годините имало влијание и на неговиот социјален живот. На 12 години се запишал во училиштето Ричмон Во 1846, се префрлил во училиштето Рагби каде не бил многу среќен но постигнувал успех, особено попредметот математика. Училиштето го напуштил кон крајот на 1849 и во 1850 се запишал во Оксфорд, на Christ Church факултетот каде што се школувал и татко му После само два дена поминати во Оксфорд, добил писмо од дома дека мајка му починала од запаление на мозокот на возраст од 47 години, па Керол се вратил дома. Академската кариера му варирала меѓу голем успех и немарност. Карол не работел секогаш трудољубиво, но поради интелигенцијата успевал да ја совладува успешно наставната содржина, не вложувајќи многу труд. Студирал математика и наскоро бил предложен за асистент. Останал на универзитетот како студент и како предавач, но следната година паднал на некој важен испит бидејќи не можел да се натера себеси да учи Сепак, неговиот талент бил толку голем што во 1855 станал универзитетски професор, Предавал 26 години на истиот универзитет. каде и покрај незадоволството останал сè до неговата смрт.

Книжевност

Уште во младоста Карол пишувал поезија и раскази кои биле објавени во семејниот часопис Мишмеш, и во други списанија, но со скромен успех. Во периодот од 1854 до1856 неговите дела биле објавени во национални часописи како Комик Тајмс. Повеќето негови дела биле сатирични или комични а неговите стандарди и амбиции биле мошне високи. После 1850, напишал неколку куклени претстави за забава на браќата и сестрите и една од нив зачувана е до денес. Во 1856 го објавил своето прво дело под псевдоним кој ќе му донесе глобална популарност. Неговата романтична песна, со наслов Осаменост (анг. "Solitude") се појавила во списанието Трејн (анг.The Train), а како автор се наведува Луис Керол. Псевдонимот во суштина бил игра на зборови од неговото вистинско име - Lewis е англиканизирана верзија на името Ludovicus, кое е латинска верзија на името Lutwidge додека пак Carroll било ирско презиме слично на латинското Carolus, кое се англиканизирало во името Charles.

Алиса

Луис Карол 
Алис Лидел со сестрите

Во 1856, на факултетот Christ Church стигнал нов декан, Хенри Лидел, заедно со неговото семејство кое ќе игра важна улога во животот на Карол. Карол се спријателил со сопругата на Лидел и со нивните деца, посебно со ќерките Лорина, Едит и Алис. Долго време се сметало дека неговата Алиса настанала токму според ќерките на деканот Лидел. Сепак, во тек на подоцнежните години, Карол демантирал дека неговата хероина настанала врз основа на некој постоечки детски лик, Иако нема доволно информации (записите на дневникот на Карол во периодот 1858-1862 недостигаат) сепак е јасно дека ова пријателство со семејството имало големо влијание во неговиот живот. Тој со нив честопати одел на веслање во околните села. Токму на еден таков излет, 1862, Карол ја смислил рамката на приказната која наскоро ќе стане неговиот прв и најголем комерцијален успех. По раскажаната приказна и молбите од страна на Алис Лидел да ја напише, Карол, после долго колебање, во ноември 1864 на малата Алис ѝ дал рачно напишан ракопис насловен Авантурите на Алиса под земја (ориг. Alice's Adventures Under Ground). После неколку пробни наслови, книгата конечно била испечатена под наслов Алиса во земјата на чудата (ориг. Alice's Adventures in Wonderland) а како автор е наведен Луис Карол, псевдонимот кој за првпат го користел девет години претходно.

Луис Карол 
Илустрација од првото издание на Алиса во земјата на чудата

Илустрациите за првото издание ги направил сер Џон Тениел.

Комерцијалниот успех му го променил животот на многу начини. Станал познат низ светот. Му стигнувале писма од обожаватели и бил опсипан со внимание. Неговата популарност била толку голема, што една комична анегдота вели дека кралицата Викторија толку ѝ се допаднала приказната за Алиса што предложила следното дело на Карол да ѝ се посвети на неа. Согласно желбата на кралицата, Карол, тој ѝ го посветил на кралицата следниот труд кој бил математичка научна студија со наслов An Elementary Treatise on Determinants. Сепак, Карол силно ја демантирал оваа анегдота, велејќи дека никогаш такво нешто не се случило", Книгата за Алиса му донела доста добар профит но Карол сепак решил да остане да работи на наизглед омразената работа како универзитетски професор на факултетот.

Кон крајот на 1871, го објавил продолжението Низ огледалото и што Алиса пронајде таму. Оваа книга е доста помрачна од првата што е последица веројатно на промените што следеле во неговиот живот: смртта на татко му во 1868 по што Карол западнал во депресија која траела неколку години.

Фотографија

Луис Карол 
Луис Карол: Алис Плезанс Лидел како питачка (1858.) - веројатно најпознатата и најконтроверзната фотографија што некогаш ја направил

Во 1856, Карол почнал да се занимава со фотографија, тогаш нова уметност, отпрвин под влијание на неговиот вујко а подоцна под влијание на еден негов пријател од Оксфорд. Напредувал и за кратко време постигнал голем углед и сметал дека од фотографијата би можел и да заработува. Студијата која ја спровеле Роџер Тејлор и Едвард Вејклинд детално ги прелистува сите негови фотографии по што Тејлор пресметал дека повеќе од 50% од фотографиите на карол покажуваат девојчиња, но бројката можеби е необјективна со оглед на тоа дека скоро 60% од неговиот опус денеска е изгубен Неговите портрети на деца секогаш се фотографирани во присуство на родители а голем број од нив е снимен водворот на семејството Лидел бидејќи за добра фотографија била потребна природна светлина. Фотографијата му ги отворала вратите кон повисоките општествени кругови. Во тек на најпродуктивниот период на неговата кариера, карол направил портрети од многу тогаш познати личности. Карол имал сопствено студио и изработил околу 3000 фотографии од кои останале помалку од 1000. Со фотографија се занимавал 24 години а нагло престанал во 1880.

Математика

Во склоп на математиката, Карол најмногу интерес покажал за геометријата, алгебрата, математичката логија и разонодната математика, пишувајќи речиси 12 книги објавени под неговото вистинско име. Некои од неговите дела биле објавени посмртно. карол речиси целиот свој живот работел како професор по математика на Оксфорд. Смислувал логички игри а смислил и бројни игри со зборови, меѓу кои и првата верзија на денес популарната игра Scrabble. Исто така, тој веројатно ја измислил, или барем ја популаризирал, денес познатата мозгалка позната како dublet. Станува збор за игра со зборови во која еден збор се претвора во друг така што се менува буква по буква додека не се добие некој нов збор, што практично би изгледало вака: збор CAT (анг. мачка) се менува во зборот DOG (анг. куче) на следниов начин- CAT, COT, DOT, DOG.

Подоцнежни години

Во тек на подоцнежните години, имал и богатство и слава но останал да предава на факултетот до 1881 живеејќи во кампусот. Неговиот последен роман Силви и Бруно, во два дела, објавен во 1889 и 1893 ни одблизу не го доживеал успехот на Алиса во земјата на чудата. Се продале само 13.000 примероци што било доста разочарувачки. Слабо патувал. Единствен пат кога ја напуштил Англија било патувањето во 1867 кога отпатувал во Русија. Белешките од патувањата објавени се во неговите Руски дневници, првпат објавени во 1935.

Починал во 1898 во Гилфорд од запаление на белите дробови како последица на грип, само 2 недели пред неговиот 66 роденден.

Дела

Книжевни дела

  • La Guida di Bragia, опера балада за куклен театар (околу 1850)
  • Алиса во земјата на чудата (1865)
  • Рима? И Разум? (1869; објавена и како Фантазмогорија)
  • Низ огледалото и што Алис пронајде таму (ја вклучува "Џабервоки") (1871)
  • 'Ловењето на С (1876)
  • A Tangled Tale (1885)
  • Силви и Бруно (1889)
  • Силви и Бруно, заклучокот (1893)
  • Проблеми на перницата (1893)
  • Што му рекла елката на Ахил (1895)
  • Три зајдисонца и други поеми (1898)

Математички трудови

  • A Syllabus of Plane Algebraic Geometry (1860)
  • Петта книга за Евклид третиран алгебарски (1858 и 1868)
  • An Elementary Treatise on Determinants, With Their Application to Simultaneous Linear Equations and Algebraic Equations
  • Евклид и неговите денешни соперници (1879), книжевно и математичко дело
  • Симболичка логика Дел I
  • Симболичка логика Дел II (посмртно)
  • The Alphabet Cipher (1868)
  • Логичка игра (1887)
  • Занимлива математика I (1888)
  • Занимлива математика II (1892)
  • The Theory of Committees and Elections

Надворешни врски

Наводи

Tags:

Луис Карол ПотеклоЛуис Карол ЖивотописЛуис Карол ШколувањеЛуис Карол КнижевностЛуис Карол АлисаЛуис Карол ФотографијаЛуис Карол МатематикаЛуис Карол Подоцнежни годиниЛуис Карол ДелаЛуис Карол Надворешни врскиЛуис Карол НаводиЛуис Карол14 јануари1832189827 јануариАлиса во Земјата на чудатаЛогикаМатематичарФотограф

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

БакарКаракалпакстанСеверна АмерикаЛимфомГрадец (Валандовско)ГрцијаПанонски легендиГајдаРибиСлаткаристикаМартинкаЊујорк (град)ШвајцаријаХемиска реакцијаГеографија на ИндијаТитан (месечина)Еп за ГилгамешВласиСвета ЛуцијаКапинаЈосифовоЛазарова саботаИталијаМагнетно полеМозочен ударМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Акутен панкреатитИзборни единици во МакедонијаХипертензијаЖивотниАнална фисураРазловечко востаниеКоскаФилмСветска програма за хранаГрчиштеНародна банка на Република МакедонијаВејселиХристијан МицкоскиРуска граѓанска војнаИстанбулЈосип Броз-ТитоИсак II АнгелМагнетЕрекцијаКрвПоезијаФинале на Светското првенство во фудбал 1998ПланетаСписок на држави и територии во ЕвропаЦарски орелИнфлацијаМакедонски претседателски избори (2024)ХомерМакедонска крвава свадбаИнтернетМомче во пижами со риги (филм)Сјогренов синдромСлонМрзнењеБилјана ВанковскаМакедонска кујнаМенструален циклусПритисокСтарословенска азбукаЦрнила (драма)ВиолинаИменкаЛимфен системАлшарЕдгар Алан ПоЃурѓовденСрцев ударИзборна единица 3Падовски универзитетРак на простатаСписок на езера во МакедонијаЕгејска МакедонијаГолеми и мали (роман)🡆 More