Кеплер-5

Кеплер-5 — ѕвезда сместена во соѕвездието Лебед во полето на набљудување на Кеплер, и проект на НАСА насочен за пронаоѓање на планети во премин, или планети кои минуваат пред, сопствените ѕвезди гледани од Земјата.

Една блискуорбитна планета, од Јупитеров тип, именувана како Кеплер-5b, е забележана околу Крплер-5. Планетата околу Кеплер-5's е една од првите пет планети откриена од вселенското летало Кеплер, нејзиното откривање било објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво откако била потврдена од бројни опсерватории ширум светот. Кеплер-5 е поголема и помасивна од Сонцето, но има слична металичност, голем фактор при создавањето на планетите.

Кеплер-5
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 19ч 57м &1000000000037688500000037,6885с
Деклинација +44° 2′ &1000000000000619000000006,190″
Прив. величина (V) 13,9
Особености
Привидна ѕвездена величина (J) 12,115 ± 0,029
Привидна величина (H) 11,863 ± 0,032
Привидна величина (K) 11,769 ± 0,025
Астрометрија
Сопствено движење (μ) Рект: −0,202 ± 0,036 млс/г
Дек.: −3,238 ± 0,031 млс/г
Паралакса (π)1.0829 ± 0.0202 млс
Оддалеченост2.934,7 ± 54,7 сг
(900 ± 17 пс)
Податоци
Маса1,347 M
Полупречник1,793 R
Сјајност0,669 L
Температура6.297 K
Други ознаки
KIC 8191672, KOI-18
Наводи во бази
SIMBAD— податоци
KIC— податоци

Номенклатура и историја

Направени се три откритија пред мисијата Кеплер, кои биле во видното поле на самата мсијаи, и им биле доделени ознаките Кеплер 1, Кеплер 2 и Кеплер 3. Кеплер-5 е всушност втора забележана ѕвезда со планети во текот на мисијата Кеплер, мисија на НАСА која е со цел да се откријат земјовидни планети кои минуваат, пред, нивната ѕвезда во однос на Земјата. Планетата околу ѕвездата, Кеплер-5b, била втората од петте планети, чие откритие било јавно објавено на 4 јануари 2010 година при состанокот на Американското астрономско друштво во Вашингтон, заедно со планетите околу Кеплер-4, Кеплер-6, Кеплер-7 и Кеплер-8.

Првичното откивање на Кеплер-5b од страна на мисијата Кеплер било преразгледано од страна на научниците при Кековата опсерваторија во Мауна Кеја, Хаваи; и Мекдоналдовата опсерваторија во западен Тексас, Паломарската опсерваторија и Ликовата опсерваторија во Калифорнија; MMT, WIYN и Випловата опсерваторија во Аризона и Рок де лос Мучачос на Канарските Острови.

Особености

Кеплер-5 е ѕвезда налик на Сонцето со маса од 1,374 (± 0,056) Msun и полупречник од 1,793 (± 0,053) Rsun, или е 137% од масата на Сонцето и 179% од полупречникот на Сонцето. Ѕвездата има металичност на [Fe/H] 0,04 (± 0,06), што ја прави по металичноста да биде налик на Сонцето, со што се зголемува можноста ѕвездата да поседува планети во орбита околу самата ѕвезда. Кеплер-5 има делотворна температура од 6.297 (± 60) K, што е поголема температура од онаа на Сонцето од 5.778 K. Кеплер-5 има светлосна величина од 13,4, и не може да се види со голо око.

Придружни ѕвезди

Неодамнешен каталог на ѕвезди придружници на Кеплерови ѕвезди определени преку високоразделна фотографија покажале два придружници на Кеплер-5 на растојание од 0,9 и 3,5 лачни секунди. Дали овие ѕвезди се физички сврзани со Кеплер-5 или се случајни подредувања е непознато но неодамнешните изучувања укажуваат дека 60 до 80% од придружниците во 1 лачна секунда на Кеплеровите ѕвезди се вистински двојни ѕвезди.

Планетарен систем

Кеплер-5 
Слика на која се прикажани релативните големини на првите пет планети откриени од страна на Кеплер. Кеплер-5b е втората по големина, и е означена со сино.

Кеплер-5b е со маса од 2,111 MJ и полупречик од 1,426 RJ. Следствено е со маса двапати од масата на Јупитер, и нешто помалку од три половини од Јупитеровиот полупречник. Кеплер-5b завршува една орбита на секои 3,5485 денови, наоѓајќи се приближно на 0,0538 ае од Кеплер-5. Ова значи дека станува збор за жежок Јупитер, или пак гасовит џин во блиска орбита околу ѕвездата. За споредба, Меркур кружи околу Сонцето на растојание од 0,3871 ае на секои 87,97 денови. За планетарното занесување се претпотавува дека е 0, што значи дека станува збор за кружна орбита.

Планетарен систем Кеплер-5
Придружници Маса Голема полуоска
(ае)
Орбитален период
(денови)
Занесеност Наклон Полупречник
b 2,111 ± 0,067 MJ 0,0538 ± 0,0015 3,548465446 ± 0 0 89,14 ± 0,44° 1,426 ± 0,036 RJ

Поврзано

Наводи

&1000000000000001900000019ч &1000000000000005700000057м &1000000000000037700000037,7с, +&1000000000000004400000044° &100000000000000020000002′ &100000000000000620000006,2″

Tags:

Кеплер-5 Номенклатура и историјаКеплер-5 ОсобеностиКеплер-5 Придружни ѕвездиКеплер-5 Планетарен системКеплер-5 ПоврзаноКеплер-5 НаводиКеплер-5ЅвездаЈупитерЗемјаЛебед (соѕвездие)МеталичностНАСАНачини на откривање на вонсончеви планетиСонцеСоѕвездие

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СтругаКултураОпштина ТеарцеТони НаумовскиТуберкулозаЕгипетРак на грлоСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаПлунковни жлездиРимско ЦарствоИнфрацрвена спектроскопијаШармери од осмоАртрозаStaphylococcus aureusСписок на македонски народни поговоркиРадовишОпштина ДојранКисел дождМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Државни празници во Македонија26 априлСписок на политички партии во МакедонијаГаличицаКрушевоМасакрот кај ВејцеГорјан ПетревскиОвчи сипанициВооружена престрелка во Куманово (2015)Десет Божји заповедиГраѓанска опција за МакедонијаМорфологија на македонскиот јазикЗбогум, Румелија (ТВ-серија)Сашо ОрдановскиВардарХлорамфениколМакедонски пасошКокошкаХамлетКрал МаркоВласиЧарлс IIIТурцијаЛила СтојановскаКсенофобијаПиринска МакедонијаЛасерОпштина ОхридНАТОПитагорова теоремаСојузници во Првата светска војнаРамазанПредмет (граматика)Кафеава мечкаЕдинствена МакедонијаДвижење БесаХристо УзуновСашко КедевПтициМакедонски парламентарни избори (2008)Шар ПланинаСписок на тегоби и болки на стапалатаФранцијаМомчило Бајагиќ-БајагаАртан ГрубиЕтничка групаНастинкаФранческо ПетраркаОпштина ТетовоГрцијаЗНАМСписок на градови во МакедонијаФилип II МакедонскиСписок на држави по населениеВештачка интелигенцијаВлада на Оливер СпасовскиОбединето КралствоЕмил ДимитриевФилипини🡆 More