Зимски Олимписки Игри 1980

XIII Зимски олимписки игри се одржале од 13 февруари13 до 24 февруари 1980 година во Лејк Плесид, САД.

XIII Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1980
XIII Зимски олимписки игри - Лејк Плесид 1980
Град домаќин Лејк Плесид, САД
Број на држави 36
Број на спортисти 1072 (840 мажи и 232 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 38
Отворање {{{Отворање}}}
Затворање 24 февруари 1980
Стадион

Меѓународниот олимписки комитет разгледувал две кандидатури за изборот на град-домаќин, но непосредно пред гласањето, градот Ванкувер ја подвлекол кандидатурата. ПО вторпат, Зимските олимписки игри се одржале во Лејк Плесид, по игрите во 1932.

Игрите останале одбележани по враќањето на НР Кина на Олимписките игри. Имено, Кинезите долго време ги бојкотирале игрите, поради тоа што МОК дозволувал Република Кина да учествува како самостојна земја.

На игрите, била воведена технолошка новина, а тоа била употребата на вештачки снег.

Краток преглед

  • Ингемар Стенмарк од Шведска доминирал во техничките дисциплини во алпско скијање, освојувајќи злато во слалом и велеслалом. Во женска конкуренција, Хани Венцл од Лихтенштајн, исто така освоила две злата во техничките дисциплини (слалом и велеслалом). Со овој нејзин успех, нејзината земја станала најмалата којашто некогаш освоила златен медал на Олимписките игри.
  • Во нордиска комбинација, Улрих Велинг од Источна Германија и во уметничко лизгање, Ирина Роднина од Советскиот Сојуз ги освоиле третите златни медали во своите дисциплини на Олимписките игри.
  • Биатлонецот Александр Тихонов го освоил својот четврти златен медал на четвртите последователни Зимски олипмписки игри. Сите златни медали ги освоил како дел од штафетата на својата земја.
  • Советскиот натпреварувач во скијачко трчање, Николај Зимјатов, освоил три златни медали во скијачко трчање.
  • Ерик Хајден од САД доминирал во брзо лизгање, освојувајќи 5 златни медали. Тој победил во трките на 500, 1.000, 1.500, 5.000 и 10.000 m, притоа поставувајќи 4 Олимписки и еден светски рекорд. Овој потфат, до денес останал не надминат во овој спорт.
  • Робин Кузинс од Велика Британија освоил златен медал во уметничко лизгање во машка конкуренција.
  • Во драматичен двобој во трката на 15 км во скијачко трчање, Швеѓанецот Томас Васберг го победил Финецот Јуха Мието за само 0,01 s. Ова е најмлаата разлика во овој спорт на олимписките игри досега. По игрите, била донесена одлука од страна на Меѓународна скијачка организација, според која времето во натпреварите на Олимписките игри да се мери во стотинки.
  • На турнирот во хокеј на мраз, хокеарската репрезентација на САД успеала да ја победи хокеарската репрезентација на Советскиот Сојуз во клучниот натпревар со 4-3. Драматичниот натпревар меѓу овие две репрезентации се смета за еден од најдраматичните во историјата на спортот и денес истиот е познат под епитетот „Чудо на мразот“. За овој натпревар, во 2004 година бил снимен филм насловен „Чудо“.

Спортови

Медали биле доделени во 38 дисциплини во 6 спортови.

  • Алпско скијање
  • Биатлон
  • Боб
  • Брзо лизгање
  • Хокеј на мраз
  • Санкање
  • Нордиско скијање:
    • Скијачко трчање
    • Нордиска комбинација
    • Скијачки скокови
  • Уметничко лизгање

Земји-учеснички

На игрите учествувале 1072 спортисти од 36 земји. Претседателот на САД Џими Картер најавил уште пред игрите дека ќе ги бојкотира Летните олимписки игри во Москва, но сепак тоа немало голем ефект, бидејќи натпреварувачите од Советскиот Сојуз учествувале на игрите.

Своето прво учество го забележале Кипар, НР Кина и Костарика. Спортистите од Република Кина, учествувале како претставници на „Кинески Тајпеј“. Боливија се вратила на Зимските олимписки игри по пауза од 24 години.

Освојувачи на медали

 Место  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Зимски Олимписки Игри 1980  СССР 10 6 6 22
2 Зимски Олимписки Игри 1980  Источна Германија 9 7 7 23
3 Зимски Олимписки Игри 1980  САД 6 4 2 12
4 Зимски Олимписки Игри 1980  Австрија 3 2 2 7
5 Зимски Олимписки Игри 1980  Шведска 3 0 1 4
6 Зимски Олимписки Игри 1980  Лихтенштајн 2 2 0 4
7 Зимски Олимписки Игри 1980  Финска 1 5 3 9
8 Зимски Олимписки Игри 1980  Норвешка 1 3 6 10
9 Зимски Олимписки Игри 1980  Холандија 1 2 1 4
10 Зимски Олимписки Игри 1980  Швајцарија 1 1 3 5

Поврзано

Наводи

Надворшни врски

Tags:

Зимски Олимписки Игри 1980 Краток прегледЗимски Олимписки Игри 1980 СпортовиЗимски Олимписки Игри 1980 Земји-учесничкиЗимски Олимписки Игри 1980 Освојувачи на медалиЗимски Олимписки Игри 1980 ПоврзаноЗимски Олимписки Игри 1980 НаводиЗимски Олимписки Игри 1980 Надворшни врскиЗимски Олимписки Игри 198013 февруари198024 февруариВанкуверЗимски олимписки игри 1932Меѓународен олимписки комитетСАД

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Андреј ПетровВесна БендевскаКрвна групаЕгипетТатјана ПетрушевскаДемократска партија на Турците на МакедонијаМакедонија во металното времеПрва влада на Зоран ЗаевШенка КолозоваЗајасПартија за движење на Турците во МакедонијаТимчо МуцунскиЈосип Броз-ТитоЛозје (книга)К-15Чернобилска несреќаРусијаАнална фисураПремиер на МакедонијаСашо ОрдановскиМултипла склерозаРециклирањеАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаitqmaПсоријазаСрпска странка во МакедонијаТигарФашизамИсламЕвропаБалканска приказна (ТВ-серија)Македонска обновителна реформска опција - Работничка партијаСветлинаЈордан МијалковПечалбариЗлосторство и казнаИлинденско востаниеДимитар МиладиновСлезинаСписок на македонски народни и староградски песниОпштина КривогаштаниРибиСписок на држави и територии во ЕвропаСкржавецот (Плавт)МиланоКалендар на Велигденски датумиМакедонски КонцептСиндром на стекнат имунолошки дефицитДиво месо (драма)Мртво МореГрцијаЅвезда од КутлешМакедонски претседателски избори (2009)Општина БрвеницаРомски јазикМеталЈужна АмерикаДоксициклинПелистерМинистер за финансии на МакедонијаИскра ГешоскаОксидационо-редукциона реакцијаВагинален исцедокАлшарОпштина ДолнениМакедонија во Втората светска војнаОпштина СарајАдаптација (биологија)БременостОпштина Чучер-СандевоАнгинаВиолинаВелигденски јајцаМакедонски парламентарни избори (2011)Цер (село)Соединети Американски ДржавиСедум светски чуда на античкиот светРимско ЦарствоСтевчо Јакимовски🡆 More