Антитело

Антителата (или имуноглобулини) се серумски гликобелковинии т.е.

белковини кои се образуваат по навлегувањето на антиген во организмот и можат посебно да се поврзуваат со него.

Антитело
Структура на антитело.

Тие се специфични бидејќи препознаваат само одреден антиген, и таа реакција на сврзување на антиген со антитело е наречена антиген-антитело реакција. При оваа реакција опасниот антиген се уништува, а човечкиот организам долго време е заштитен.

Антителата припаѓаат на гама глобулините. Тие се создаваат и секретират од активираните B-лимфоцити - плазмоцити кои даваат одговор на антигенски стимул. Се содржат во крвниот серум, во лимфата, во минимални количини во меѓуклеточните простори или урината. Се наоѓаат и на површината на циркулирачките В-лимфоцити.

Структура

Антителата се тешки белковини (~150 kDa) со големина од околу 10 nm, кои се состојат од три глобуларни региони во форма на буквата Y.

Класи

Има 5 класи на имуноглобулини (Ig) - IgA, IgD, IgE, IgG и IgM.

Изотипови на антитела кај цицачите
Име Типови Опис Комплекси на антитела
IgA 2 Го има на слузници, како црева, респираторен тракт и урогенитален тракт, и ја спречува колонизацијата на патогени. Исто така го има и во плунката, солзите и мајчиното млеко. Антитело 
IgD 1 Антигенски рецептор на Б клетки кои не биле изложени на антигени. Ги активира базофилите и маст клетките да произведуваат антимикробни фактори.
IgE 1 Се врзува со алергени и предизвикува ослободување на хистамин од маст клетките и базофилите. Исто така штити од паразитски црви.
IgG 4 Со неговите четири форми, го обезбедува најголемиот дел од имунитетот посредуван од антитела против патогени. Претставува единствено антитело кое може да ја премине плацентата и да обезбеди пасивен имунитет на фетусот.
IgM 1 На површината на Б клетките се наоѓа како мономер и во неговата секретирана форма како пентамер. Ги елиминира патогените во раните фази на имунитетот посредуван од Б клетките пред да се достигнат поголеми количини на IgG.

Типови и реакции

  • Антитоксини - неутрализираат отрови на инфективни агенси;
  • Аглутини - предизвикуваат аглутинација (слепување) на туѓи клетки;
  • Опсонини - ги прават инфективните агенси почувствителни на фагоцитоза;
  • Лизини - ги отстрануваат инфективните агенси по пат на растворање (лизија);
  • Преципини - преципитират (таложат) туѓи материи.


Наводи

Tags:

Антитело СтруктураАнтитело КласиАнтитело Типови и реакцииАнтитело НаводиАнтителоАнтигенГликобелковини

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Прва балканска војнаГај Јулиј ЦезарСтрадањата на младиот ВертерАлиса во земјата на чудатаОхридска пастрмкаПензиски системИнтервал (музика)Речник на стари македонски зборовиТелефонСвети КирилТодор АнгелевскиДушан Трпковски - РингоСтрумицаСреќаЕгејска МакедонијаДекарАдам и ЕваХипертироидизамБлаже КонескиПоштенски броеви во МакедонијаВетарСистем за варењеСмрт во ВенецијаИталијаЧкембариЛавци (Битолско)АргентинаБојан МиовскиЖелезоЈонче ХристовскиБакрописАнгелот на Света СофијаКила1637 во уметностаСтудени нозеРисто СамарџиевНорвешкаГраматички категории на именките во македонскиот јазикРокселанаДислексијаСловенска митологијаАтомГоце ДелчевПанонски легендиДишењеПчеларствоЕкологијаСписок на реки во МакедонијаОдисејаХектарДраган ГиновскиЈодидГустав ШвабАкутен бронхитисФудбалска репрезентација на МакедонијаГрадови во СловенијаЗаконодавна властКанадаВујко ВањаМајка ТерезаКрвна групаРусијаСимеон Мони ДамевскиЃорче ПетровТемператураЗлосторство и казнаЈугославијаШизофренијаНикола КоперникПочваТрапезПрограмски јазикЈоаким КрчовскиЕнергијаАлое вераРЕК „Битола“ВолкПенис (човек)Карпош🡆 More