Анархија (грчки: ἀναρχίᾱ anarchíā, „без владетел“) означува одредена политичка состојба, најчесто овој поим означува отсуство на јавно призната влада или друг политички авторитет подолг временски период.
Кога се користи во оваа смисла, анархија може но не мора да значи политички неред или беззаконие во едно општество. Во друга пак смисла, анархија не мора да значи комплетно отсуство на некој авторитет или политичка организација, туку да означува состојба во општеството каде владее апослутна непосредна демократија или либертарианизам.
Општествени уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Список на општествени уредувања
|
Портал Политика · уреди |
Анархија е облик на опшествено уредување во кое се настојува да се анулира секоја форма на наметнат авторитет. Анархистите веруваат во човековата природна способност на самоконтрола. Постоењето на опшествени правила и договори априори не се исклучува во ваквии опшества, битно е тие правила и договори слободно да ги одреди и прифати заедницата на која истите се однесуваат и да не се наметнати одозгора, како што се случува во опшества каде едни луѓе имаат поголема моќ од другите.
Низ историјата имало низа на примери на опшества засновани на анархистички принципи.
Зборот анархија често погрешно се користи како поим за хаос и неред, но во исто време анархистичката идеја е прифатена од голем број на интелектуалци, како што е Ноам Чомски од МИТ унивезитетот.
Анархијата е збир на антиавторитативни односи помеѓу поединци и заедници.
Анархистичкото опшество е засновано на слободни договори, на солидарност, слободно здружување, на федерации, на почитување на поединецот кој сака да учествува во сето тоа, придржувајќи се на принципот дека одлуките важат само за оние кои ќе се согласат да ги почитуваат. Во едно такво опшество, не постојат закони, наредби, давачки, принципи засновани на вољата на мнозинството, дискриминација, казни односно војната како метод на разрешување на споровите.
Сопственоста се зема како можност за користење на стварите за добробит на сите а не како можност на останатите да им се ускратат тие ствари. Анархистичкото опшество тежнее кон остварување на принципот „секому според можностите, секому според потребите“.
И во анархијата не е исклучен конфликтот помеѓу поединците или заедниците, само што во анархистичко опшество правдата не е повластица само на една институција, правдата се бара во изнаоѓање на спогодба, општа или поединечна, заедничка или поединечна, помеѓу луѓето. Несогласувањето и конфликтиот се сметаа за нормални и човечни
Анархистичкото опшество се заснова на поединецот и нејзината способност да создава. Според анархистичката теорија потребата за мир, правда и благосостојба не може да биде оправдување за постоење на јавни структури на моќ како што се државата и војската. Дури се преиспитуваат и поимите: семејство, училиште и работа.
Во анархистичкото опшество јасно се разликува организацијата од власта, авторитетот и хиерархијата, бидејќи истите даваат само привидна слобода и правда бидејќи се темелат на спротивното од слободата и правдата.
Анархистичкото опшество не е опшество на изнудена согланост туку опшество засновано на меѓусебни договори. Слободата раѓа слобода, Правдата раѓа правда, Насислството раѓа насилство.
Низ историјата познати се случаи на анархистички групи и поединци кои биле учесници во насилни манифестации, па дури и атентати. Еден од најпознатите примери е убиството на Умберто Савојски извршено од анархистот Гаетано Бреши, кој изјавил дека тоа го направил заради освета на илјадници невини жртви кои ги масакрирала кралската војска во Милано една година пред атентатот. Тој начин на делување се нарекува „пропаганда со дело“ и бил прилично популарен начин на делување на преминот од 19. во 20. век.
Подоцна овој начин на делување бил отфрлен сметајќи дека е повеќе штетен отколку полезен, и веќе стотина години не се практикува.
Видете анархија во Викиречник, слободниот речник. |
This article uses material from the Wikipedia Македонски article Анархија, which is released under the Creative Commons Attribution-ShareAlike 3.0 license ("CC BY-SA 3.0"); additional terms may apply (view authors). Содржината е достапна под CC BY-SA 4.0 освен ако не е поинаку наведено. Images, videos and audio are available under their respective licenses.
®Wikipedia is a registered trademark of the Wiki Foundation, Inc. Wiki Македонски (DUHOCTRUNGQUOC.VN) is an independent company and has no affiliation with Wiki Foundation.