.Nz

.nz — семрежен највисок државен домен за Нов Зеланд.

Раководен е од InternetNZ преку својата подружмница, NZ Registry Services, каде прегледите и споровите се водат и решаваат од Domain Name Commission Ltd. Регистрациите се прават преку одобрени регистратори. Во март 2011 година имало 433.183 регистириани домени со .nz.

.nz
NZ Registry Services .nz
Воведен1987
Тип на доменНајвисок државен домен
СостојбаАктивен
РегистарNZ Registry Services
ПокровителInternetNZ
Наменета употребаЕнтитети поврзани со Нов Зеланд Нов Зеланд
Фактичка употребаСе корити во Нов Зеланд
Ограничувања на рестрацијатане постојат огрничувања за повеќето второстепени, неколку се „следени“ што значи дека се проверува подобноста пред да се дозволи регистрација
СоставИмињата се регистрираат на трето ниво во општи второстепени категории
Правила при спорСпоровни и жалбени процеси
Мреж. местоNZ Registry Services
Комисија за именување на домени
DNSSECДа

Историја

Како и со другите долгогодишни регистрирани домени, регистарот бил одржуван неформално во одреден временски период. Првиот формално призната раководна организација бил Универзитетот Ваикато сè додека одговорноста не била префрлена на InternetNZ која била создадена во 1995 година.

Пред моменталната структура, водењето на регистарот на .nz било од страна на Domainz. Историски, Domainz било подружница на InternetNZ која исто така работела као регистратор и нудач на други сервиси како што се DNS. На ова се гледало како на монопол кој ја пригушувал конкуренцијата па InternetNZ го преместила обезбедувањето или регистрирањето на услугите во посебана организација која била под строг надзор. Конечниот дел на овој премин била продаѓбата на Domainz на Melbourne IT во август 2003 година.

Од први април 2008 година „Office of the Domain Name Commissioner“ го смени името во „Domain Name Commission Limited“, подруѓница на претпријатието InternetNZ.

Второстепени домени

Како и водругите земји во кои се користи англискиот јазик, без САД, Канада и Република Ирска, постојат одреден број на второстепени домени кои покажуваат дали корисникот е претпријатие, нетрговска организација, владино тело или некоја друга класификација.

Во октомври 2013 година, InternetNZ одлучи да дозволи да се регистрираат домени со името .nz во второстепените домени, со што се изедначиле со останатите домени од највисок ред кој дозволувале ваква регистрација.

Заразлика од другите земји во кои се говори англискиот јазик, Нов Зеланд користи 'govt' наместо 'gov' за владините тела, па оттука и второстепениот домен 'govt.nz'. Постојат и подстепени домени кои се единствени во Нов Зеланд, како што се 'iwi.nz' и 'maori.nz', за маорите и други организации, и 'geek.nz' за 'компјутерџиите'.

Следниве второстепени домени се во употреба со нивните официјални описи.

Неследени

  • .ac.nz – Третостепени образовни институции и поврзани организации.
  • .co.nz – Организации кои се занимаваат со реклами и други намени
  • .geek.nz – За луѓе кои се насочени, технолошки образовани и способни да работат со сметачи
  • .gen.nz – За личности организации кои не се споменуваат никаде
  • .kiwi.nz – За луѓе и организации кои се поистоветуваат со изразот 'Kiwi'
  • .maori.nz – За маорите, нивните групи и организации
  • .net.nz – Организации и обезбедувачи на услуги поврзани со семрежјето во Нов Зеланд
  • .org.nz – За непрофитни организации
  • .school.nz – Првостепено, второстепено и предшколско образование и организации

Следени

  • .cri.nz – Крунски истражен институт
  • .govt.nz – национални, регионални и месни владини организации кои имаат управителни моќи. Владиниот регистар, DNS.govt.nz ја контролира регистрацијата и владиниот портал кој работи на адресата www.govt.nz
  • .health.nz – здравствени организации
  • .iwi.nz – традиционални маорски племиња, хапу. Достапни од register.iwi.nz Архивирано на 24 јули 2011 г.
  • .mil.nz – воената организација на владата на Нов Зеланд – новозеландските одбранбени сили
  • .parliament.nz – се користи од парламетарните организации, канцелариите на парламентот,и парламентарните политички партии и нивните избрани членови

Претходно користени

Доменот archie.nz постоел какопребарувачки опслужувач кој бил користен од страна на универзитетот Ваикато сè до средината на 90-тите од минатиот век.

Бидејќи само дел од домените се следени, м ожно е да се направи регистрација надвор од наменетата област.

Софтвер за регистрација и протоколи

Новозеландскиот .nz регистер користи слободен софтвер, кој периодично се објавува на SourceForge. Протокоот кои го користи овој софтвер има неотповикливост вградена во PGP, и за разлика од „.com“ не постои концепт за „заклучени“ домени – пренесувајќи го барањето за доменот бара познавање на тајна наречена UDAI клуч, кој според трговските правила се праќа на регистрантите при регистрацијата. На овој начин се спречува кражбата на доменот. Овој протокол бил современик на ЕРР, и со своите дополнителни својства сега се води како интернет RFC.

Маорски имиња на домени

На 22 јули 2010 година,комисијата за имиња на домени на Нов Зеланд објави дека .nz имињата на домени со макронски самогласки (ā, ē, ī, ō и ū) ќе бидат достапни за да се овозможи правилно претставување на домените на маорски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

.Nz Историја.Nz Второстепени домени.Nz Софтвер за регистрација и протоколи.Nz Маорски имиња на домени.Nz Наводи.Nz Надворешни врски.NzНајвисок државен доменНов Зеланд

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Сулфур диоксидШтитна жлездаСвети Наум (манастир)Партија за демократски просперитетАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаОпштина ОхридОксидационо-редукциона реакцијаМавровоРак на желудникГрипБорис ПисториусХалк банкаРак на дојкаБогородицаСписок на македонски народни и староградски песниБРИКСАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаНационален парк ГаличицаИзборна единица 8СДСМОпштина Маврово и РостушеИзборна единица 1Бисера Костадиновска-СтојчевскаЈосип Броз-ТитоБојан МиовскиМочуриштеНова алтернативаЛабуништаАцо ШоповДраган Павловиќ ЛатасМовВлатко СтефановскиСашо ОрдановскиМакедонски парламентарни избори (2002)СтругаБалканска приказна (ТВ-серија)Општина ДолнениГлавна страницаКоле НеделковскиХлорамфениколХристијанствоДебарФилипиниОдбојкаСтале ПоповВевчаниДропкаПопис на населението во Македонија (2021)Пиреј (роман)БитолаТестостеронПремиер на МакедонијаРак (болест)Општина Чучер-СандевоАрхиепископ Охридски и Македонски г.г. СтефанСилвио ПиколоминиГаличникМали сипанициМакедонски парламентарни избори (2011)Народна Република КинаНикола Димитров (дипломат)Демократска унија за интеграцијаМакедонски претседателски избори (2024)СловенијаЛазар КолишевскиДемократска алтернативаАбортусМетодија Андонов-ЧентоКандидЈордан МијалковВлада на Љубчо ГеоргиевскиБор (дрво)НепроштеноЗоран ЗаевОслободителна народна армијаМакедонски парламентарни избори, 2014Црвен крст на МакедонијаКозјак (езеро)🡆 More