Радовишко Шипковица: село во Општина Радовиш, Македонија

Шипковица — раселено село во Општина Радовиш, во областа Радовишки Шоплук, во околината на градот Радовиш.

Шипковица
Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото од далечина

Шипковица во рамките на Македонија
Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Шипковица
Местоположба на Шипковица во Македонија
Шипковица на карта
Координати 41°44′52″N 22°27′51″E / 41.74778° СГШ; 22.46417° ИГД / 41.74778; 22.46417
Регион Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Југоисточен
Општина Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Радовиш
Област Радовишки Шоплук
Население 2 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22048
Надм. вис. 1.200 м
Шипковица на општинската карта
Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Шипковица во рамките на општината
Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Шипковица на Ризницата

Потекло и значење на името

Радовишко Шипковица: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќа во околината каде се наоѓа Партизанската болница

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Шипковице во XIV век (1347-50 г.). Неговото значење доаѓа од шипка, што може да означува шипкова река и/или шума.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, на југозападната падина на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на општините Виница и Карбинци. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.200 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, од кој е оддалечен 15 километри.

До селото води земјен пат од две страни: од селото Козбунар со исклучување на регионалниот пат 2431, или пак од крајот на асфалтираниот дел на регионалниот пат во околината на хотелот „Бел Камен“.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 21,3 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 1.923 хектари, на пасиштата отпаѓаат 114 хектари, а на обработливото земјиште 90 хектари.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948238—    
1953258+8.4%
1961190−26.4%
1971133−30.0%
198155−58.6%
ГодинаНас.±%
199130−45.5%
199420−33.3%
20020−100.0%
20212—    

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Шипковица живееле 85 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Шипковица имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.

Селото е мало, населено со македонско население и е во фаза на раселување. Така, во 1961 година селото имало 190 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на само 20 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Шипковица немало жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 85 176 238 258 190 133 55 30 20 0 2


Самоуправа и политика

Во XIX век, Шипковица било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Шипковица, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Козбунар, Коџалија, Парналија, Раклин и Супурге. Во периодот 1950-1952, селото претставувало дел од некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1607 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 3 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Споменици
  • Партизанска болница — болница за време на НОБ за ранетите во борбите со бугарските окупатори
  • Споменик на НОБ кај Партизанската болница
    Реки

Личности

    Родени во или по потекло од Шипковица
  • Дане Трајков — партизан

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Радовишко Шипковица Потекло и значење на иметоРадовишко Шипковица Географија и местоположбаРадовишко Шипковица ИсторијаРадовишко Шипковица СтопанствоРадовишко Шипковица НаселениеРадовишко Шипковица Самоуправа и политикаРадовишко Шипковица Културни и природни знаменитостиРадовишко Шипковица ЛичностиРадовишко Шипковица ГалеријаРадовишко Шипковица НаводиРадовишко Шипковица ПоврзаноРадовишко Шипковица Надворешни врскиРадовишко ШипковицаОпштина РадовишРадовишРадовишки Шоплук

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Општина КарпошХипертензијаКоличникКоле НеделковскиПартија за движење на Турците во МакедонијаВоен конфликт во Македонија (2001)Список на главни градови во светотБудизамВрхбоснаБубрежен каменШизофренијаДраслајцаСмоларски ВодопадСтрадањата на младиот ВертерДен на независноста на МакедонијаМеѓународни празнициФеникијаДерматитОпштина КончеЛимфоцитЛавСтојан АндовЦрна ГораТромбоцитопенијаЅвезда од КутлешОксидПравопис и правоговор на македонскиот јазикТриаголникЧасовникЛила СтојановскаНародна Република КинаГлигор ПоповскиПетар Поп АрсовРасејувањеРак на желудникПотенцијална енергијаИлијадаСловенски преселби на Балканскиот ПолуостровПланетите во астрологијатаОпштина Кисела ВодаИнтернетМакедонски парламентарни избори (2016)Локални избори во Македонија (2017)Јосиф СталинКралот ЛирОпштина ВаландовоДемократска партија на Турците на МакедонијаЈаспер де БејстЕлектрична енергијаКирхофови закони за струјното колоОпштина ШтипБигорски манастирФудбалска репрезентација на КолумбијаЧленконогиЗемји членки на Европската УнијаЈужна АмерикаЛеонтијВикинзиПолиграфМакедонски парламентарни избори, 2011КиселинаДора БакојаниОпштина КумановоНиколај ГогољТуризамФилип РикерПланетаЕлектромагнетЕрусалимПрочкаДенес над МакедонијаМакедонски парламентарни избори (2024)ВласиКомпасМомче во пижами со риги (филм)МојсејСлавко ЈаневскиИзборна единица 5🡆 More