Козбунар: село во Општина Радовиш, Македонија

Козбунар — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Козбунар
Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на куќите долж регионалниот пат 2431

Козбунар во рамките на Македонија
Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Козбунар
Местоположба на Козбунар во Македонија
Козбунар на карта
Координати 41°43′36″N 22°28′20″E / 41.72667° СГШ; 22.47222° ИГД / 41.72667; 22.47222
Регион Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југоисточен
Општина Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Радовиш
Област Јуруклак
Население 3 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22025
Надм. вис. 1.050 м
Козбунар на општинската карта
Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Козбунар во рамките на општината
Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Козбунар на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 17 жители, со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.

Географија и местоположба

Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Куќи во селото

Селото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Радовиш, чиј атар се издига до сртот на планината Плачковица, каде што се допира со подрачјето на Општина Виница. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 1.050 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 12 километри.

Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431, каде се наоѓаат повеќе новоизградени куќи.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.

Стопанство

Атарот на селото е релативно голем и зафаќа простор од 29 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 2.539 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 209 хектари, а на пасиштата 125 хектари.

Во основа, селото има полјоделско-шумарска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948401—    
1953436+8.7%
1961236−45.9%
1971118−50.0%
198152−55.9%
ГодинаНас.±%
199136−30.8%
199423−36.1%
200217−26.1%
20213−82.4%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Козбунар имало 190 жители, сите Македонци. По податоци на секретарот на егзархијата, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) од 1905 година во Козбунар (Kozbounar) имало 216 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Козбунар е мало село по големина, коешто во 1961 година броело 236 жители, додека во 1994 година само 23 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Козбунар живееле 17 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 401 436 236 118 52 36 23 17 3

Родови

Козбунар е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:

  • Доселеници: Омарци со Крстовци и Ристовци (12 к.), доселени се во XVIII век од Кратовско; Каровци (8 к.), доселени се од Кратовско; Стојановци и Домазетовци (3 к.), и тие се од Кратовско; Николовци (5 к.), исто така од Кратовско; Димитријевци (8 к.), доселени од Кратовско; Мановци (2 к.) и Коцировци (8 к.), доселени се, но не знаат од каде.

Општествени установи

  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Во XIX век, Козбунар било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш. Селото припаѓало на некогашната општина Радовиш во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Радовишка градска општина, во која покрај селото Козбунар, се наоѓале градот Радовиш и селата Аликоч, Коџалија, Парналија, Раклин, Супурге и Шипковица. Во периодот 1950-1952, селото претставувало седиште на некогашната Општина Козбунар, каде влегувале селата Козбунар и Шипковица.

Избирачко место

Козбунар: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Троица“

Во селото постои избирачкото место бр. 1606 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница. Во избирачкото место влегува и селото Ново Село.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 6 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви

Личности

    Починати во Козбунар
  • Дане Трајков — партизан

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Козбунар Географија и местоположбаКозбунар ИсторијаКозбунар СтопанствоКозбунар НаселениеКозбунар Општествени установиКозбунар Самоуправа и политикаКозбунар Културни и природни знаменитостиКозбунар ЛичностиКозбунар НаводиКозбунар ПоврзаноКозбунар Надворешни врскиКозбунарОпштина РадовишРадовиш

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Кочо РацинМијациСписок на држави по населениеВлатко СтефановскиЧир на желудникотГемиџииМакедонски претседателски избори (2014)Список на повикувачки броеви на земјитеДеменцијаСкорпија (хороскопски знак)ГариБујар ОсманиАзот (област)Влада на Оливер СпасовскиОкситоцинТестостеронСписок на држави и територии во ЕвропаЗНАМЕкосистемHTMLНационални паркови во МакедонијаПанко БрашнаровПолскаВикипедијаЦрвен крст на МакедонијаМали сипанициДијалекти на македонскиот јазикАкутен панкреатитДемократи (политичка партија)Владимир ПутинШармери од осмоИзбори во МакедонијаСписок на македонски зборови од турско потеклоНикола КљусевРоднински односиБубрежен каменСлуз-цедење во грлотоГлас за МакедонијаДемографија на МакедонијаХрватскаИлинденско востаниеПолип на маткатаНадреден знакБугаријаУпад во Собранието на Македонија (2017)Бигорски манастирВолфганг Амадеус МоцартПроливАзијаРадмила ШекеринскаНационален парк ГаличицаМакедонски парламентарни избори (2016)Парадоксот на ДиогенСписок на претседатели на САДБобан ТрајковскиЛокални избори во Македонија (2021)Ристо КрлеАлександар КирацовскиЗагадување на воздухотДесница (политика)ЕстрогенДржавни празници во БугаријаЦрн дробСрцева слабостСвети Климент ОхридскиВилијам ШекспирСписок на Влади на МакедонијаВештачка интелигенцијаХИВБозелМакедонски парламентарни избори (2011)Општина СарајИзборна единица 7Список на команданти на ОНАТурцијаМакедонски парламентарни избори (2020)🡆 More