Чудомир Кантарџиев

Чудомир Петров Кантарџиев е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Чудомир Кантарџиев
Чудомир Кантарџиев
Роден 23 септември 1883
Сливен, денес Бугарија
Починал 17 септември 1924
Пловдив, Бугарија

Животопис

Чудомир Петров Кантарџиев е роден во град Сливен на 23 септември 1883 г. Завршува гимназија во Сливен и извесно време е учител во бургаските села.

Во текот на 1902 г. се запишува на Софискиот универзитет. Во Софија се вклучува во дејноста на Внатрешната организација и во текот на 1904 г. го прекинува учењето и станува четник при Јане Сандански.

Во 1906 г. веќе е окружен ревизор на четите во Серски револуционерен округ и нелегален член на Серскиот окружен револуционерен комитет.

Станува еден од блиските соборци на Сандански и неговата група, којашто се залага за децентрализација на Организацијата. Тој го поддржува Сандански при убиството на задграничните претставници на ВМОРО Иван Гарванов и Борис Сарафов.

Чудомир Кантарџиев, заедно со Сандански и Тодор Паница, активно учествуваат во Младотурската револуција од 1908 г. и во новоформираната Народна федеративна партија.

Во 1909 г. Кантарџиев е учител во Педагошкото училиште во Сер. Подоцна истата година, со стипендија дадена од младотурската влада учи инженерство во Лозана, Швајцарија.

При избувнувањето на Балканската војна се враќа во Бугарија и на чело на чета учествува во ослободувањето на Пиринска Македонија.

После 1918 г. оди да живее во село Л'џене (денес квартал на Велинград) и заедно со Ѓорче Петров и други бивши санданисти се спротивставуваат на дејноста на Тодор Александров и возобновената од него ВМРО.

По убиството на Тодор Александров, поради сомнение дека учествувал во заговорот против него со решение на ЦК на ВМРО му е издадена смртна пресуда. Убиен е во Пловдив, каде што се сокривал, на 17 септември 1924 г.

Наводи

Tags:

Македонска револуционерна организацијаМакедонци

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Адам и ЕваМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаСојузни држави на САДИсторија на парите во МакедонијаТетовирање (филм)Владо ЧерноземскиМаксим ДимитриевскиЈошка МиленковскиПаневропски коридор VIIIЗмијаШишевски манастирПоникваАнтички МакедонциТриаголникЛесновски манастирОтоманско ЦарствоКамен од РозетаМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ХемоглобинХипертензијаИлеусЗаменки во македонскиот јазикНикола ГруевскиСвети ИлијаЈосип Броз-Тито‘Рбетен столбОхридско ЕзероФотосинтезаНенад СтојановскиВртоглавицаЛешочки манастирДуфски ВодопадДарко ПанчевСоединети Американски ДржавиСолунски атентатиАлшарЗабА1-телевизијаСпецијална антитерористичка единица „Тигар“ИлијадаФК Брајтон енд Хоув АлбионУрошевацКрал МаркоСписок на државни знамињаLАнксиозно растројствоГрегоријански календарКочо РацинЃорче ПетровДимитар КовачевскиГлаголска придавкаДебарШведскаБрадикардијаНародна Република КинаЗафир ХаџимановСојузни покраини во ГерманијаПрва балканска војнаБранко ЦрвенковскиПавле ВуисиќДијалекти на македонскиот јазикВикипедија на македонски јазикСредоземно МореБензенГрадски парк (Скопје)Големи и мали (роман)СуданКиткаРак на желудникАлбански фолклорСлезинаКрсте Петков МисирковМакедонијаСтале ПоповОпштина БитолаСписок на реки во Македонија🡆 More