Ѓорче Петров: македонски револуционер

Ѓорче Петров, целосно име Георги Петров Николов (2 април 1865, с.

Варош, Прилепско - 28 јуни 1921, Софија, Бугарија) — македонски професор, публицист, историчар, идеолог на Македонската револуционерна организација.

Ѓорче Петров
Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија
Роден 2 април 1865
Варош, Прилепско, Македонија
Починал 28 јуни 1921
Софија, Царство Бугарија

Се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887). Како учител во Скопје (1888–1891) соработувал со митрополитот Теодосиј Гологанов и ја поддржувал неговата идеја за возобновување на Охридската архиепископија. Бил професор во Битола (1891–1895) и во Егзархиската гимназија во Солун (1895–1897).

Основал повеќе револуционерни групи и кружоци на МРО (Штип, Битола, Прилеп, Охрид, Крушево, Кичево, Ресен, Леринско и Костурско). Член на Централен комитет на МРО. Учествувал на Солунскиот конгрес (1896) и бил еден од составувачите на Уставот и на Правилникот на ТМОРО. Ја објавил книгата Материјали по изучувањето на Македонија (Софија, 1896).

Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија
Корицата на книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ напишана и издадена од Ѓорче Петров во 1896

Бил задграничен претставник на ТМОРО, заедно со Гоце Делчев, во Софија (1897–1901). Учествувал во уредувањето на револуционерниот хектографиран весник На оружје. Во Илинденското востание предводел чета во Прилепско и во Мариовско. По востанието останал во Македонија и работел на обновувањето на организационата мрежа, учествувал на Прилепскиот, Струмичкиот и Рилскиот општ конгрес. На Рилскиот конгрес бил повторно избран за задграничен претставник на Организацијата во Софија.

Го уредувал списанието Културно единство (Солун, 1908–1909). Во времето на Балканските војни и на Првата светска војна бил на служба во Сер, Битола и Драма. Член на Привременото претставништво на бившата ВМРО, противник на врховизмот и на делбите на Македонија на Версајската конференција. Убиен по наредба на Тодор Александров.

Животопис

Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија 
Ѓорче Петров како ученик, последниот во првиот ред - десно.
Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија 
Гимназијално свидетелство на Ѓорче Петров од Пловдив.
Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија 
Од лево на десно, прв Ѓорче Петров, четврт Тодор Александров, шести Андреј Љапчев, седми Симеон Радев, осми Војвода Стаматов
Ѓорче Петров: Животопис, Мисли, Галерија 
Споменикот на Ѓорче Петров во истоимената скопска населба.

Тој е роден во ситно трговско семејство. Се школувал во Прилеп, Битола и Солун. Во солунската гимназија останал до 1885 година кога поради учество во ученичкиот бунт бил исклучен со група од 12 македонски ученици меѓу кои и еден друг иден револуционер, Пере Тошев.

Престојувал во Источна Румелија каде собирал финансиски средства за набавка на оружје за идните востанички акции во Македонија. Во 1885 година завршува 6-ти клас во обласната гимназија во Пловдив. Поради слабото здравје се вратил во татковината како егзархиски учител во Штип, 1885 година.

Во 1888 година заминал во Солун како коректор во основаната печатница на Коне Самарџиев. Во 1889 година станал учител во скопската бугарска гимназија сè до 1890 каде се запознал со владиката Теодосиј, заговорник за обновување на охридската архиепископија. Потоа заминал во Бугарија, време кое се покажува решавачко за создавање на ВМРО. Тој учествувал во испраќањето на ќирџијата Доне со пратки бомби од Штип до Битола.

Во март 1895 година во Солун бил кооптиран за член на ЦК на ВМРО каде на Солунскиот конгрес 1896 година заедно со Гоце Делчев добиле задача да го изготват уставот на организацијата. Подоцна со налог на организацијата занимал како задграничен претставник во Софија каде имал средби со Ризов и Лапчев кои го уверувале дека населението во Македонија не била подготвено само да се бори, да крева востание и дека им била потребна помош од врховниот комитет и од бугарските власти. Единствено тој и Гоце Делчев се спротивставиле за кревање на Илинденското востание поради неговата неподготвеност и избрзаност.

Своите погледи ги образложувал во својот весник „Бунтовник“ каде во средиштето на неговата идеологија лежеле паролата „Македонија на Македонците“. Иако не го поддржувал, тој сепак учествувал во Илинденското востание и тоа со чета во борбите кај прилепско-мариовскиот крај. На Рилскиот конгрес бил избран повторно како задграничен претставник на ВМРО во Софија. Во 1896 година кога во Македонија пристигнале претставници од македонскиот врховен комитет на чело со Луков и Сарафов тој рекол: „Ги пречекавме како Господ, за да потоа заклучиме дека не заслужуваат никакви почести. Станува збор за сосема друга спротивна политика кои ја воделе отцепените претставници, наречени врховисти.“

Смрт

Заради своите чисто македонски позиции станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на врховистите. Конечно, како цел на братоубиствената политика во Бугарија на 28 јуни 1921 година бил извршен атентат од платениците на Тодор Александров среде градот Софија.

Мисли

За природните убавини со кои е надарена Македонија:

... Благословена земја е Македонија со своите полиња и езера, особено со првите! Заградени со гори и планини, богато напојувани со реки и потоци од окружувачките им водести планини, тие полиња претставуваат места каде што се излеал сиот Божји благослов на земјата. Покриени со бујна, шарена растителност, тие се цветници многу пријатни за гледање, грижливо обработени од густото и трудољубиво население тие се вистински градини! Јас сум уверен, дека и швајцарските полиња би позавиделе на некои од нејзините полиња за плодноста, красотата и нивната свежина.

—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

За српските и бугарските тврдења во однос на народноста на Македонците:

... Денешните историски докажувања и расправии водат кон тоа дека тука владеела Србија, дека српскиот дух е силен и други такви со кои се служат „браќата“ за да докажат дека сме Срби и обратно, тврдењата на „Новини“ врз основа на некои факти од „Бугарската историја“ и врз мислењата на разни историчари и патописци, дури врз историските спомени на населението за српските владетели на кои спомени многу се силат „браќата“ или големото влијание на мизиските и тракиските Бугари врз Македонците и нивното заемно учество во разни движења, нивната нова заедничка историја, најпосле „славата“ на Милоевиќ и „курбанот“ на г.Шопов, сето тоа се бессодржински докажувања и аргументи кои можат да даваат материјал на секојдневните весници и списанија наменети за масата, но за науката не вредат ни луле тутун.

—Ѓорче Петров, „Материјали по изучувањето на Македонија“, 1896

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Ѓорче Петров ЖивотописЃорче Петров МислиЃорче Петров ГалеријаЃорче Петров НаводиЃорче Петров Надворешни врскиЃорче Петров186519212 април28 јуниБугаријаВарошМакедонска револуционерна организацијаПрилепСофија

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

МРСАГрегоријански календарИшијасПроста машинаМеѓународни празнициЛудвиг ван БетовенВодолија (хороскопски знак)Широк СокакЕлектричен отпорРенесансаБроеви во македонскиот јазикОпштина КумановоАмериканска црна мечкаЛокални избори во Македонија (2013)КошаркаМакедонски претседателски избори (2014)ХидроксидКамилиГоце ДелчевЕмре БејФлејтаСузан АкбелгеИлинденско востаниеОпштини во МакедонијаМинистерство за животна средина и просторно планирањеРоманијаВасил ИљоскиПовикувачки броеви во МакедонијаБрадикардијаОче нашЕвропска УнијаПанкреасДимитар МиладиновЛавАдаптација (биологија)Црна ГораОпштина ОхридЈапонијаПофално словоАстероидна месечинаСоветски СојузПресметување на датумот на ВелигденЛумбагоСилаВештачка интелигенцијаЦицеронОпштина ПрилепСтрумицаРак на панкреасотНародна Република КинаМоликаСердаротЉубе БошкоскиБелгијаПрочкаЕвгениј ОнегинКокичеОпштина КарпошЕрусалимКокошкаМавровоКлинесто писмоБалтиморАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаПериоден систем на елементитеГеометријаСписок на македонски народни и староградски песниЗаконодавна властТокиоВизантијаСписок на политички партии во МакедонијаМакедонциПингвинТетовоБор (град)Социјалистичка Федеративна Република Југославија🡆 More