Цуцулеста Кукавица

Цуцулестата кукавица (науч. Clamator glandarius) е член на семејството кукавици од редот на кукавицовидните.

Цуцулеста кукавица
Цуцулеста Кукавица
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Кукавицовидни
Семејство: Кукавици
Род: Clamator
Вид: Цуцулеста кукавица
Научен назив
Clamator glandarius
(Linnaeus, 1758)
Цуцулеста Кукавица
Clamator glandarius + Corvus cornix

Се среќава и во Македонија.

Распространетост

Цуцулестата кукавица е распространета низ југоисточна и југозападна Европа и западна Азија. Таа е птица преселничка која зимува во Африка.

Опис

Овој вид кукавица е само малку поголема од обичната кукавица, со должина од 35 до 39 см, но изгледа многу поголема заради широките крилја и долгата и тенка опашка. Возрасната единка е сива одозгора, со вито тело, долга опашка и силни нозе. Има сива капа и цуцулка, сиви крилја, жолтеникаво лице и гради, а одоздола е бела. Половите се слични. Младенчињата имаат темносиви горни делови и капа и кафени примарни пердуви на крилјата. При лет наликуваат на враните.

Размножување

Цуцулестата кукавица, како и другите кукавици е одгледувачки паразит, односно ги несе своите јајца во туѓи гнезда, особено во гнездата на враните, а најмногу на страчките. За разлика од обичната кукавица, ниту женката, ниту испилените малечки, не ги буткаат јајцата на домаќинот од гнездото. Но, малите страчиња често умираат зашто не можат да се натпреваруваат со кукавицата за храна.

Живеалиште и исхрана

Цуцулестата кукавица е птица на топлите отворени предели со дрвја. Се храни со инсекти, пајаци, мали влекачи и влакнести гасеници кои им се невкусни на другите птици, а за нив се специјалитет. Се огласуваат со гласни варијации на гракање како чер-чер-кри-кри, повторно имитирајќи ги страчките.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Цуцулеста Кукавица РаспространетостЦуцулеста Кукавица ОписЦуцулеста Кукавица НаводиЦуцулеста Кукавица Надворешни врскиЦуцулеста КукавицаБиномна номенклатураКукавицовидниМакедонијаРед (биологија)Семејство (биологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Пајак (пејач)Никола ТодоровПсихологија на личностаЕгипетФудбалСобрание на МакедонијаTrackBackСпор за името помеѓу Македонија и ГрцијаКалеш АнѓаТалат ЏафериЈудаизамВлада на Љубчо ГеоргиевскиСоцијалдемократски сојуз на МакедонијаАвтоимуна болестМРСАКрвен притисокБиблијаТито ПетковскиВелесuf2lnОпштина КичевоКожлеВесна БендевскаБета-таласемијаОпштина ЖелиноВелигденЈосип Броз-ТитоСеверна АмерикаПавел ШатевГлас од МакедонијаБроеви во македонскиот јазикДимитар АпасиевМакедонски претседателски избори (2004)Миле ЗечевиќАли АхметиОвулацијаПразници во мајПарите се отепувачкаТоксикологијаСпоменка (книга)Слепо цревоПрилепМакедонски претседателски избори, 2014Вилијам ШекспирЗборник на МиладиновциПертусисСписок на тегоби и болки на стапалатаДоста ДимовскаГлас за МакедонијаМакедонски КонцептМеѓународен аеродром СкопјеЛокални избори во Македонија (2017)Хороскопски знациИзборна единица 5Вакцина против тетанусБубрежна инфекцијаСердарот26 Април (спортска сала)Црна ГораАДХДЧорбаџи ТеодосГеографија на ГрцијаОливер СпасовскиРадишаниРак (болест)Крпен животХристо УзуновМакедонски претседателски избори, 2019СтрумицаЧир на желудникотСписок на реки во МакедонијаЗемји членки на Европската УнијаБугарски возОпштини во МакедонијаНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаМакедонски АлбанциВаршавски договор🡆 More