Црнобуки: село во Општина Битола

Црнобуки — село во Општина Битола, во околината на градот Битола.

Црнобуки
Црнобуки во рамките на Македонија
Црнобуки: Географија и местоположба, Историја, Население
Црнобуки
Местоположба на Црнобуки во Македонија
Црнобуки на карта
Координати 41°7′27″N 21°19′23″E / 41.12417° СГШ; 21.32306° ИГД / 41.12417; 21.32306
Општина Битола
Население 264 жит.
(поп. 2021)

Шифра на КО 02123
Надм. вис. 573 м
Црнобуки на општинската карта
Црнобуки: Географија и местоположба, Историја, Население

Атарот на Црнобуки во рамките на општината
Црнобуки: Географија и местоположба, Историја, Население Црнобуки на Ризницата

Географија и местоположба

Црнобуки е пелагониско село со четиристотини жители и се наоѓа на стратешка позиција на само неколку километри пред Битола, помеѓу двете патни артерии кон Демир Хисар и Прилеп. До таму води патот за Демир Хисар преку Кукуречани, а веднаш потоа забраздува низ полето сè до реката Шемница, околу која се изградени куќите. Селските ниви се распослани кон утробите на Пелагониската Котлина до „прилепското џаде“ кај месноста Петилеб, а на другата страна над црквата се ридовите кои од памтивек селаните ги викаат Градиште. Од кај Лисолај, село со најубавото битолско грозје, земјен пат се искачува кон височините. Таму под самиот врв, во сува рида, зад едно големо дрво, од стените извира кладенецот Самовилец, кој никогаш не пресушил. Тука секогаш има оставено крпи, пари и други дарови. Селаните го сметаат за петочна вода. Од секаде доаѓаат жени што немаат пород. Оваа вода со својата мистичност и моќ, испиена во петок, помогнала намерничките да го добијат најпосакуваниот божји дар, породот и мајчинството, велат селските преданија. Оттаму, кон долината на Шемница распослан е големиот рид Стари Град. На самиот врв има две пештери, во кои девет децении никој не влегол. Најстарите од Макаловци, Белокозовци, Брдаровци и другите црнобучки семејства раскажуваат дека таму биле стационирани војските од Прва светска војна. Во едната пештера бил лазаретот, а друга била магацин со муниција. Долу под селото се пресекувал фронтот и по Шемница течела крв до колена. До денес, овие тајни останаа неразгатнати, а уште помалку тајните од далечните времиња.

Историја

Од памтивек по нивите и селските дворови, селаните од Црнобуки наоѓале разни предмети од античко време: ќупови, амфори, мермерни предмети и монети. Кога се направија колективите во времето на социјалистичките егзалтации и селски мачнини, возрасните биле загрижени за опстанокот на нивните семејства, а децата си играле со тие предмети. Никој не помислувал дека тоа се скриените камчиња на еден голем мозаик, што по половина век и подоцна, ќе ги создаде дилемите, дека тука се крие колевката на последниот македонски цар Персеј и дека во утробите на Стари Град се крие царството Персеида. "Селската чешма, која се напојува со изворска вода близу црквата, ја преместивме малку погоре од патот. Тука го поставивме мермерниот мозаичен камен, кој е пронајден во нивите и е од прастаро време. Сакавме да ја украсиме чешмата и симболично да потсетува за преданијата што со векови се плетат за ова место", велат селаните.

Вкупно 6 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948696—    
1953756+8.6%
1961849+12.3%
1971803−5.4%
1981830+3.4%
ГодинаНас.±%
1991674−18.8%
1994444−34.1%
2002406−8.6%
2021264−35.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црнобуки живееле 460 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Црнобуки имало 360 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црнобуки се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 52 куќи.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 750 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Црнобуки живеат 406 жители, сите Македонци.

Со миграционите движења кои ја доживеале својата поголема масовност во текот на 80-тите години, селото од големо преминало во средно по големина.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 264 жители, од кои 218 Македонци и 46 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 460 360 696 756 849 803 830 674 444 406 264

Родови

Црнобуки е чисто македонско православно село, во кое живеат доселенички родови. Сите родови се доселени до 1912та, т.е до крајот на турското владеење.

Родови во Црнобуки се:

  • Доселеници: Ѓорчевци (3 к.), Макаловци (1 к.), Башкаловци (3 к.), Шеќеровци (6 к.), Тасевци (3 к.), Чакаловци (1 к.), Брдаровци (7 к.), Белокозовци (7 к.), Стисниовци (5 к.), Цоцомановци (3 к.), Аџиовци (2 к.), Чоревци (2 к.), Василковци (1 к.), Бачваровци (1 к.), Момировци (3 к.), Митревци (2 к.) и Ѓорчевци (1 к.). Сите овие родови се доселенички со непозната старина. Првите два рода( Ѓорчевци и Макаловци) се најстари во селото, и потекнуваат од ист предок; Кочиштанци (5 к.) доселени се од раселеното село Кочишта, веројатно кај Дебар; Чапачуловци (5 к.), Тодевци (4 к.), Поповци (2 к.) и Огњановци (2 к.) доселени се од селото Лисолај, и во Лисолај биле доселени од некаде; Ѓуровци (4 к.) и Скубевци (3 к.) доселени се од соседното Ново Змирново, Скубевци се доселиле 1900; Добрушевци (2 к.) доселени се од Добрушево; Чагорци (2 к.) доселени се од пустото село Чагор; Шереметковци (5 к.) доселени се од Црновец, таму биле староседелци; Милевци (2 к.) доселени се од селото Смилево во Железник; Лавчанци (3 к.) доселени се од Габаловци, и таму биле доселени однекаде; Магловци (1 к.) доселени се од Долно Српци; Брсјаковци (3 к.) за нив се вели „биле Брсјаци порано“ и по тоа го добиле името, доселени се од селото Старо Велмеј во Дебрца; Јанкуловци (3 к.) оновачот на родот дошол како домазет од Могила; Драгарци (3 к.) тоа се најмлад род во селото, доселени се од Драгарино, таму припаѓале на родот Вељановци, доселени се 1910.

Муслимански ромски род: во селото има и еден ромски род Самизовци (1 к.) доселени се од Ресен во 1930-тите.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 197 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 303 гласачи.

Знаменитости

    Цркви
  • Црква „Св. Димитриј“ — главната селска црква изградена во 1866 година;
  • Црква „Св. Атанасиј“ — манастирска црква;
    Археолошки наоѓалишта

Култура и спорт

Фудбалскиот клуб од село Црнобуки се вика "Црно Буки ЗЛ" и во сезоната 2018/19 се натпреварува во третата лига Југозапад.

Личности

  • Поп Диме - деец на ВМРО, војвода на четата на Црнобуки за време на Илинденското востание.
  • Христо Котев (1860 - ?) - револуционер на ВМРО

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Црнобуки Географија и местоположбаЦрнобуки ИсторијаЦрнобуки НаселениеЦрнобуки Самоуправа и политикаЦрнобуки ЗнаменитостиЦрнобуки Култура и спортЦрнобуки ЛичностиЦрнобуки ГалеријаЦрнобуки НаводиЦрнобуки Надворешни врскиЦрнобукиБитолаОпштина Битола

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Оче нашЗаграчаниПоезијаИзборна единица 7Едгар Алан ПоЛокални избори во Македонија (2017)Алиса во земјата на чудатаИзборна единица 9БогородицаРасказРибиПсоријазаМочуриштеДемографија на МакедонијаНадреден знакПаралелограмДијана (принцеза од Велс)ХристијанствоСтепенување на придавки во македонскиот јазикМојсејАлжирМорфологија на македонскиот јазикЗаздравување на ранаЗбогум Румелија (ТВ-серија)ЕвропаГрад СкопјеГлаголПочваЖивко ЧингоЛионел МесиВасил ИљоскиСостојба на материјатаПавле ТрајановГаличка свадбаОпштина Гази БабаИндијаКралот ЛирПанкреасКронова болестМали ВлајНаум НаумовскиРелигијаГерманијаМакедонска револуционерна организацијаЕрман ШабанКавадарциТашко ГеоргиевскиБор (град)Летно сметање на времетоПечалбариНАТОГаличицаБраќа МиладиновциОпштина ПехчевоШведскаЛила СтојановскаЖабаЦар СамоилКокошкаМакедонска радио-телевизијаПравопис и правоговор на македонскиот јазикКрсте Петков МисирковЦрвени крвни зрнцаМинистерство за животна средина и просторно планирањеПраисторијаЛабуништаРадолиштаХемоглобинСтрептококен фарингитисАнална фисураПресметување на датумот на ВелигденОпштина КривогаштаниТешкото (песна)КамилаЈан Амос КоменскиРаички манастирВагинален исцедок🡆 More