Покраина Утрехт: покраина во Холандија

Утрехт (холандски: Utrecht) — покраина во средишна Холандија.

Се граничи со Емското Езеро на североисток, покраината Гелдерланд на исток и југоисток, покраината Јужна Холандија на запад и југозапад и покраината Северна Холандија на северозапад и север. Покраината Утрехт брои 1.353.596 жители (2019) и зафаќа површина од 1.485 км2, што ја прави најмала во земјата. Освен истоимениот главен град, поважни градови се Амерсфорт, Хаутен, Ајселстајн, Ниуегајн, Фенендал и Зајст. Во покраината се наоѓа најпрометниот железнички јазол во Холандија — Централната железничка станица на Утрехт.

Утрехт
Utrecht
покраини
Знаме на УтрехтГрб на Утрехт
Утрехт во рамките на Холандија
Утрехт во рамките на Холандија
ЗемјаХоландија
Главен град
(и најголем)
Утрехт
Управа
 • Кралев комесарХанс Остерс
 • СоветПокраински совет на Утрехт
Површина (2017)
 • Вкупна1.560 км2 (600 ми2)
 • Земјишна1.485 км2 (573 ми2)
 • Вода75 км2 (29 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно1.353.596
 • Густина981/км2 (2,540/ми2)
ИЧР (2019)0,966
многу висок
Мреж. местоprovincie-utrecht.nl
Покраина Утрехт: Историја, Географија, Религија
Катедралната кула во градот Утрехт.
Покраина Утрехт: Историја, Географија, Религија
Домот Вулперхорст кај Зајст.

Историја

Утрешката епископија е основана во 695 г. кога св. Вилиброрд бил поставен за епископ на Фризите од папата Сергиј I. Со согласност од франкискиот владетел Пипин Херисталски Вилиброрд се сместил во стара римска тврдина во Утрехт. По неговата смрт епископијата доста настрадала од нападите на Викинзите. Времињата се подобриле под водство на саксонските цареви, кои често ги вклучувале утрешките епископи на царските совети и собранија. Во 1024 г. епископот бил пригласен за кнез во Светото Римско Царство, така создавајќи епископско кнежевство. Со Вормскиот конкордат во 1122 г. правото на бирање владици му било одземено од царот и дадено на свештенството. Грофовите на Холандија и Гелдерн, кои владееле со околните територии исто така пројавиле интерес во изборот на епископ. Ова предизвикало низа спорови во кои често се вмешувала Светата Столица. По средината на XIV век папите непосредно назначувале епископи без да го консултираат свештенството.

За време на Војните помеѓу бакаларите и куките, за Утрехт се борел војводата на Бургундија, што довело до Првата (1470-1474) и Втората утрешка граѓанска војна (1481-1483).

Во 1527 г. епископот му ги продал териториите на царот Карло V и така кнежевството станало дел од хабсбуршките владенија, кои веќе ги опфаќале другите хооландски покраини. Свештенството му го предало правото на избирање епоскоп на Карло V; на ова дал согласност и папата Климент VII под политички притисок по грабежот на Рим. Меѓутоа, Хабсбурговците успале да ја задржат власта само за кратко бидејќи Утрехт зел учество во Холандското востание против шпанскиот крал Филип II во 1579 г. и потоа станал дел од Холандската Република.

Во Втората светска војна Утрехет бил под окупација на Германија сè до германската капитулацијата во оландија на 5 мај 1945 г. На 7 мај 1945 г. прешол под канадска окупација. Градовите Аудеватер, Вурден, Фијанен и Лердам еден по еден биле префрлени од покраината Јужна Холандија во покраината Утрехт во 1970, 1989, 2002 и 2019 г. Во февруари 2011 г. Утрехт изразил желба да биде да биде споен со Северна Холандија и Флеволанд во една нова покраина Рандстад. Јужна Холандија исто така изразила интерес, но таа не се споменува во документите. Оваа нова покраина во секој случај би била најголема во Холандија по површина и население.

Географија

Покраина Утрехт: Историја, Географија, Религија 
Карта на Утрехт од 2019 г.

На истокот на покраината се протега Утрешкото Ридје (Utrechtse Heuvelrug), венец од ридови останати како странични морени под дејство на леднички мраз по соленото заледникување кои му претходело на последното ледено време. Поради оскудноста на хранливи материи во брзоисцедната песоклива почва, најголемиот дел од земјиштето порано било вресиште, подоцна насадено со борови. Југот на покраината има речни предели. Западот претежно се состои од ливади. На север има големи езера образувани со вадењето на тресет од тресетишта настанати по последното ледено време.

Природа

Покраина Утрехт: Историја, Географија, Религија 
Поглед на природниот резерват Син Камер кај Ренен.

Едно од најпривлечние природни подрачја во покраината е Фехтстрек, сместен од обете страни на реката Фехт.

Седиштето на Светскиот фонд за природа во Холандија е во Зајст.

Националната природозаштитна организција „Природа и околина“ (Natuur en Milieu) има седиште во градот Утрехт.

Општини

Покраината е поделена на 26 општини:

  • Ајселстајн
  • Амерсфорт
  • Аудеватер
  • Барн
  • Буник
  • Бунсхотен
  • Вајк кај Дурстеде
  • Вауденберг
  • Вурден
  • Де Билт
  • Де Ронде Фенен
  • Емнес
  • Зајст
  • Леусден
  • Лопик
  • Монтфорт
  • Ниуегајн
  • Ренен
  • Ренсвауде
  • Сихтсе Фехт
  • Суст
  • Утрехт
  • Утрехтсе Хеувелруг
  • Фајфхеренланден
  • Фенендал
  • Хаутен

Религија

Во 2015 г. 20,3 % од жителите биле протестанти, 13,2 % биле католици, 6,6 % припаѓале на други цркви и вери, а 5,6 % биле муслимани. Преку половина од населението (54,3 %) се изјаснило како нерелигиозно.

Стопанство

Бруто домашниот производ (БДП) на регионот во 2018 г. изнесувал 71,5 милијарди евра или 9,2 % од вкупното државно производство. Истата година БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесувал 47.900 евра.

Значајни личности

  • Адријан VI (1459–1523) — римски папа, единствениот од Холандија
  • Кристоф Бајс Балот (1817–1890) — хемичар и метеоролог.
  • Пит Мондријан (1872–1944) — сликар
  • Герит Ритвелд (1888–1964) — дизајнер на мебел и архитект
  • Марко ван Вастен (born 1964) — фудбалер и тренер
  • Тео ван Дусбург (1883–1931) — уметник

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Покраина Утрехт ИсторијаПокраина Утрехт ГеографијаПокраина Утрехт РелигијаПокраина Утрехт СтопанствоПокраина Утрехт Значајни личностиПокраина Утрехт НаводиПокраина Утрехт Надворешни врскиПокраина УтрехтЈужна ХоландијаАмерсфортГелдерландЗајстПокраини во ХоландијаСеверна ХоландијаУтрехтХаутенХоландијаХоландски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Избори во МакедонијаПере ТошевЗајасКриптовалутаГолеми и мали (роман)Список на тегоби и болки на стапалатаСрпска напредна странка во МакедонијаОпштина ТетовоРак на грло на маткаВила ВодноЕлизабета ЃоргиевскаАутизамДемократска алтернативаАлбанијаРечник на стари македонски зборовиРелигијаДемократски сили на РомитеМакедонски ВласиОпштина РанковцеИсламизацијата во МакедонијаРак на грлоСписок на држави по населениеСлезинаАнална фисураАцо ШоповБалкански рисУд (македонски)Демократска партија на АлбанцитеБугарски возРоманијаОпштина ВрапчиштеДаме ГруевШармери од осмоВикипедија на македонски јазикУнгаријаПоткастСојуз на комунистите на МакедонијаИлијадаПанонска НизинаЗагрозен видМакедонски парламентарни избори (1990)Либерална партија на МакедонијаНационализамМечкаВидови аглиВенко ФилипчеПрва светска војнаВтора светска војнаНова социјалдемократска партијаЛазарова саботаПоделба на властаВодочки манастирДрогаАлтернатива (политичка партија)Ѓокица ЛукаревскиПрилепКирилицаЦер (село)Македонија (регион)Свети Наум Охридски ЧудотворецАли АхметиДемографија на МакедонијаГеографија на МакедонијаВилијам ШекспирДајреПресметување на датумот на ВелигденОНАДекамеронАрмија на МакедонијаПочваДен на планетата ЗемјаСписок на главни градови во светотТапанВооружена престрелка во Куманово (2015)Македонски парламентарни избори (2008)Обединето КралствоМакедонски претседателски избори, 2014🡆 More