Флеволанд: покраина во Холандија

Флеволанд (холандски: Flevoland) — најновата покраина во Холандија, основана во 1986 г.

со спојување на југот и истокот на Флевополдер со Нордостполдер. Се наоѓа во средишниот дел на земјата, на територијата на некогашниот залив Заудерзе, претворен во слатководното Ајселското Езеро со затворање на насипот Афслаутдајк во 1932 г. Речиси сето земјиште е мелиорирано во 1950-тите и 1960-тите при одвојувањето на езерото Маркермер и пограничниите езера од Ајселското Езеро. Копнениот дел зафаќа површина од 1.412 км2.

Флеволанд
Flevoland
покраина
Знаме на ФлеволандГрб на Флеволанд
Флеволанд во рамките на Холандија
Флеволанд во рамките на Холандија
Местоположба на Флеволанд
ЗемјаХоландија
Создадена1986
Главен градЛелистад
Најголем градАлмере
Управа
 • Кралев комесарЛен Фербек
 • СоветСовет на Флеволанд
Површина (2017)
 • Вкупна2.412 км2 (931 ми2)
 • Земјишна1.412 км2 (545 ми2)
 • Вода1.000 км2 (400 ми2)
Население (2020)
 • Вкупно423.021
 • Густина299/км2 (770/ми2)
ИЧР (2018)0,912
многуј висок
Мреж. местоflevoland.nl
Флеволанд: Потекло на името, Историја, Општини
Карта на Флеволанд од 2018 г.

Покраината има 423.021 жители (2020) и се состои од 6 општини. Главен град е Лелистад, а најголем е Алмере, кој е дел од конурбацијата Рандстад. На крајниот север Флеволанд се граничи со Фризија, на североисток со Оверајсел, а на северозапад со езерата Маркермер и Ајселско Езеро. На југоисток покраината граничи со Гелдерланд; на југозапад се Утрехт и Северна Холандија. Вон урбаните подрачја покраината е претежно земоделска.

Потекло на името

Флеволанд е наречен по Флевонското Езеро забележано во римските извори на јужниот крај на подоцна настанатиот залив Заудерзе. Езерото го споменува Помпониј Мела во неговото дело „За хорографијата“ во 44 г. Поради постепеното накачување на морското ниво, на подрачјето се создале повеќе езера кои подоцна се соединиле. Помпониј вели: „Северниот ракав на Рајна се протега до Флевонското Езеро на кои име истоимен остров и потоа се влева во морето како обична река“. Со продолжетокот на процесот Заудерзе станал залив отворен од ова езеро.

Некаде помеѓу 790 и 1250 г. Флевонското Езеро се поврзало со Северното Море и со тоа се потопиле неколку села. Новонастанатото внатрешно море се нарекувало Алмере, по кое е наречен денешниот град.

Историја

По поплавата во 1916 г. било решено заливот Заудерзе да се затвори и мелиорира во проектот „Заудерзе“. Други извори посочуваат на други наврати и причини, но познато е дека во 1932 г. е завршен насипот Афслаутдајк, кој сосема го одвои Заудерзе од морето. Подоцна Заудерзе е поделено на Ајселското Езеро на крајот од реката Ајсел) и езерото Маркермер, предвидено за исцедување за да се направи Меркервард. Изградбата на Меркервард не се остварила поради кусокот од средства во повоеното време.

Првото мелиорирано земјиште е североисточниот полдер (наречен Нордостполдер) во 1942 г. Со ова се опфатени и дотогашните мали острови Урк and Схокланд. Земјиштето најпрвин било приклучено кон покраината Оверајсел.

Потоа е изграден југозападниот полдер Флевополдер; југоисточната половина е завршена во 1957, а другите делови во 1968 г.

A key feature of the latter is a narrow body of water, kept at 3 metres below sea level, along the old coastline to stabilise нивото на подводните води and to prevent coastal towns from losing their waterfront and access to the sea. Thus, the Флевополдер became вештачки остро поврзан со копното со мостови. Во 1986 г. општините на трите дела изгласале да станат покраина.

До денес покраината остварува приходи од цвеќарството, земјоделството и туризмот. Во поново време изградени се голем број на ветерни турбини како извор на обновлива енергија.

Општини

  1. Алмере — најзападниот дел на јужниот остров
  2. Дронтен — најисточниот дел на јужниот остров
  3. Лелистад — средина на северниот раб на јужниот остров
  4. Нордостполдер — највеќето од североисточниот полдер
  5. Урк — мало подрачје западно од североисточниот полдер
  6. Зеволде — јужниот дел на јужниот остров
Флеволанд: Потекло на името, Историја, Општини УркНордостполдерДронтенЛелистадЗеволдеАлмере
Општини во Флеволанд

Стопанство

Во 2018 г. бруто домашниот производ (БДП) на покраината изнесувал 14 милијарди евра, што сочинува 1,8 % од производството на Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ бил 29.500 евра.

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Флеволанд Потекло на иметоФлеволанд ИсторијаФлеволанд ОпштиниФлеволанд СтопанствоФлеволанд НаводиФлеволанд Надворешни врскиФлеволандПокраини во ХоландијаХоландијаХоландски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Овчи сипанициСписок на политички партии во МакедонијаРепродуктивен системМакедонија во Втората светска војнаДропкаОсновен приходМојот звукПрочкаПопис на населението во Македонија (2021)Општина РесенКоле НеделковскиЦар Едип (драма од Софокле)Јоаким КрчовскиОпштина СопиштеДишен системБактерииСтара ГрцијаСтруен ударСвети Климент ОхридскиЦрква „Св. Климент Охридски“ - СкопјеБукурешки договор (1913)Кокино (наоѓалиште)Девојка со бисерна обеткаВодаКатица ЌулавковаОпштина ДојранПодметПченкаВојдан ЧернодринскиЗнаме на МакедонијаСмртност на доенчињаФизикаКлеткаМакедонска радио-телевизијаПавле ТрајановБуринецЕпикаКлинесто писмоФилип РикерМејозаРак на панкреасотЈан Амос КоменскиПланетаГетеборгМакедонски народен театарПротестантствоЗлатоМечкин КаменСојуз на Ромите од МакедонијаЃорѓи АбаџиевПолицијаЛалеТуберкулозаСрбијаДолна БелицаМатичен млечИсторија на христијанствотоПрва помошНаполеон БонапартЈаспер де БејстПанонски легендиМаркови Кули (Прилеп)ПМГ колективЛокални избори во Македонија (2021)Изборна единица 2Драган МијалковскиПустина (роман)ЕнергијаАнална фисураОпштина ЗелениковоИсус ХристосОпштина БитолаЛокални избори во Македонија (2009)РомантизамПартија за движење на Турците во МакедонијаКрушевоПовикувачки броеви во МакедонијаЗемји членки на Европската УнијаПланетите во астрологијата🡆 More