Оверајсел: покраина во Холандија

Оверајсел (холандски: Overijssel; долногермански: Oaveriessel; германски: Oberyssel) — покраина во источна Холандија.

Името значи „преку Ајсел“, и води потекло од Епископското Кнежевство Утрехт кое управувало со областа до 1528 г. Главен град е Зволе (нас. 127.497), а најголем е Енсхеде (нас. 158.986). Во ноември 2019 г. покраината броела 1.162.215 жители. Теренот се состои претежно од тревести површини и некои шумски предели (вкл. националнипт парк Саландсе Хеувелруг); во мал дел се граничи и со Ајселското Езеро на запад.

Оверајсел
Overijssel
покраина
Знаме на ОверајселГрб на Оверајсел
Оверајсел во рамките на Холандија
Оверајсел во рамките на Холандија
ЗемјаХоландија
Главен градЗволе
Најг. градЕнсхеде
Управа
 • Кралев комесарАндрис Хејдема
 • СоветПокраински совет на Оверајсел
Површина (2017)
 • Вкупна3.421 км2 (1,321 ми2)
 • Земјишна3.323 км2 (1,283 ми2)
 • Вода98 км2 (38 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно1.162.215
 • Густина350/км2 (900/ми2)
ISO 3166NL-OV
Religion (2006)протестантство 29 %
католицизам 26 %
ислам 2 %
останато 6 %
без вера 37 %
ИЧР (2018)0.921
многу висок
Мреж. местоwww.overijssel.nl

Географија

Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство 
Топографска карта на Оверејсел од 2019 г.

Покраината се граничи со Германија (Долна Саксонија и Северна Рајна-Вестфалија) на исток, регионот Ахтерхук во Гелдерланд на југ, регионот Фелуве во Гелдерланд и Флеволанд на запад и Фризија и поранешните голети во Дренте на север. Оверајсел опфаќа три региони: Коп ван Оверајсел на северозапад, Саланд во средиштето и Твенте на исток. Освен главниот град Зволе, други покрупни градови се Алмело, Девентер, Хенгело, Енсхеде и Кампен.

На југозапад теренот е претежно песоклив, пресечен со мали реки како Регел и Динкел и други потоци. На севрозапад преовладуваат талози од т.н. оверајселски фехт и глина. Северните делови некогаш биле покриени со тресетишта кои го двоеле посувиот и пообработлив југ од Дренте и кои во голема мера се експлоатирале за гориво. Денес преостануваат само мали делчиња (кај Гестерен, Хаксберген) и Енсхеде). На крајниот северозапад преовладува систем од езера образувани со вадење на тресет, денес заштитени како национален парк Де Верибен-Виден, кој претстаува значајно моклиште.

Највисока точка во Оверајсел е ридот Танкенберг во општината Лосер, висок 85 м. Најниска точка е полдерот Мастенбрук кај Кампен на 2 м под морското ниво.

Поважни реки : Ајсел, Зварте Ватер, Фехте, Динкел, Реге и Рест.

Поважни канали : Твентски Канал (Енсхеде и огранокот Зутфен за Алмело), Оверајселски Канал, каналот Алмело-Де Хандрик, Алмело-Нордхорн (надворешен) и Дедемсварт (претежно непроточен).

Клима

Оверајсел се одликува со океанска клима (класа Cfb). Меѓутоа, зимите се постудени отколку во остатокот од Холандија поради оддалеченоста од брегот.

Историја

Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство 
Map of the Утрешката епископија around 1350, when present-day Overijssel was part of the region Oversticht

Оверстихт

Оверајсел порано се нарекувал Оверстихт и го опфаќал најголемиот дел од денешната покраина Дренте. Во 1336 г. станал дел од Грофовијата Гелдерн, но во 1347 г. ѝ е отстапен на Утрешката епископија. Епископијат му го предала Оверстихт на светиот римски цар Карло V во 1528 г. кој притоа го стекнал звањето Господар на Оверајсел. Населението се придружило во буната против шпанскиот крал Филип II. Со Оверајсел управувале најмоќните градоначалници и велможи, меѓу кои и намесниот управник Николас Шмелцинг (1561–1629).

По кратка окупација од војската на Минстерскиот епископ (1672–74), во Оверајсел стаил нов вид на ушравување кое им дало поголема власт на намесниците (стадхаудери). Широко распространетиот отпор кон оваа власт во нискоземските покраини дпвел до создавање на Батависката Република во 1795 г. Се појавил централистички облик на управување со кои територијата била поделена на разни департмани по пример на оние во револуционерна Франција.

Оверајсел

Оверајсел најпрвин бил свој департман, а во 1798 г. бил споен со Дренте образувајќи го Стар Ајсел (Ауден Ајсел), преименуван во Оверајсел во 1801 г.

Франција ја припоила Батависката Република во 1810 г. и територијата на покраината станала нов француски департман наречен Устие на Ајсел. По поразот на Наполеон во 1814 г. се создало Нискоземското Кралство, а со тоа била пресоздадена старата покраина Оверајсел.

Покраината била окупирана од Германија за време на Втората светска војна од мај 1940 до април 1945 г. Мелиорираната територија Нордостполдер била во состав на Оверајсел од 1962 до 1986 г. кога прешла во новосоздадената покраина Флеволанд.

Стопанство

Бруто домашниот производ (БДП) на регионот изнесува 43,2 милијарди евра (2018) или 5,6 % од производството на Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесува 32.700 .

Покраината е високоиндустријализирана. Во XIX век во регионот Твенте на југоисток се развиле памучната индустрија, ткаењето и белењето, со што станал еден од главните центри на холандската текстилна индустрија. Главни стопански центри се Енсхеде, Алмело, Хенгело и Олдензал. Други поважни индустриски центри се Девентер, Кампен и Зволе.

Општини

Оверајсел е поделен на 25 општини:

  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Алмело (1)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Борне (2)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Вирден (23)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Далфсен (3)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Девентер (5)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Динкелланд (4)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Енсхеде (6)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Звартеватерланд (24)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Зволе (25)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Кампен (12)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Лосер (13)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Олдензал (14)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Олст-Ваје (15)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Омен (16)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Рајсен-Холтен (18)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Ралте (17)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Стапхорст (19)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Стенвајкерланд (20)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Твентерланд (22)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Туберген (21)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Хаксберген (7)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Харденберг (8)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Хелендорн (9)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Хенгело (10)
  • Оверајсел: Географија, Историја, Стопанство  Хоф ван Твенте (11)

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Оверајсел ГеографијаОверајсел ИсторијаОверајсел СтопанствоОверајсел ОпштиниОверајсел ГалеријаОверајсел ПоврзаноОверајсел НаводиОверајсел Надворешни врскиОверајселАјселГермански јазикДолногермански јазикЕнсхедеЗволеПокраини во ХоландијаХоландијаХоландски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СердаротНАТОМакедонски парламентарни избори, 2008ХемороидОливера НиколоваКипарСрбијаПрва влада на Никола ГруевскиЧовечко телоЛозје (книга)ВМРО-ДПМНЕБукурешки договор (1913)Сузана СпасовскаАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаОНАЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеБајкаИзборна единица 3ЕпилепсијаОпштина ЦентарСадула ДуракуКичевоКрешник БектешиОхридски рамковен договорСрпска напредна странка во МакедонијаМалиот принцИлинденско востаниеKлиндамицинСредоземно МореТалат ЏафериЛевица (политика)Ѓорѓија СајкоскиДанте АлигиериБременостВладимир ГлигоровВтора влада на Бранко ЦрвенковскиДостоинство (политичка партија)Левица (политичка партија)Европска УнијаРак (болест)Ден на ослободувањето (Италија)Гордана СилјановскаБугарски возЖолчкаКрушевоНикола ГруевскиНикола КаревХамлетМакедонски парламентарни избори, 2002ЦветнициДомашно говедоЗемја (планета)МозокТеута АрифиОпштина ДојранРак на белите дробовиЈордан МијалковПретседателВелики четвртокОвчи сипанициМасакр кај КарпалакПанкреасНеутрализацијаЛиберална партија на МакедонијаУставен суд на МакедонијаГолемата вода (роман)Македонски претседателски избори, 201420000 милји под моретоСтале ПоповМасакр кај ВејцеРециклирањеМакедонска револуционерна организацијаОпштина ОхридИзбори во Република МакедонијаПанонски легендиМртво МореСписок на градови во Македонија🡆 More