Покраина Уеска: покраина во Шпанија

Уеска (шпански: Huesca, арагонски: Uesca, каталонски: Osca), официјално Huesca/Uesca, е покраина во североисточна Шпанија, во северниот дел на Арагон.

Главниот град е Уеска.

Покраина Уеска
Покраина
Езерото Марборе со Монте Пердидо и Силиндро де Марборе во позадина
Езерото Марборе со Монте Пердидо и Силиндро де Марборе во позадина
Знаме на Покраина УескаГрб на Покраина Уеска
Местоположба на покраината Уеска во Шпанија
Местоположба на покраината Уеска во Шпанија
ДржаваШпанија
Автономна заедницаАрагон Арагон
ПрестолнинаУеска
Површина
 • Вкупна15.626 км2 (6,033 ми2)
Ранг6.
 3.10% од Шпанија
Население (2018)
 • Вкупно219,345
 • Ранг43.
 • Густина0,014/км2 (0,036/ми2)
ДемонимOscense; Уесканец
Јазицишпански, арагонски, каталонски

Поставена само јужно од средишниот дел на Пиринеите, Уеска граничи со Франција и француските департмани Атлантски Пиринеи и Горни Пиринеи. Во рамките на Шпанија, соседните провинции на Уеска ѝ се Навара, Сарагоса и Љеида.

Географија

Покраина Уеска: Географија, Историја, Административни поделби 
„Јајцето од Морано “ или карпената формација „Пења фалконера“ (шпански: El Huevo de Morrano)

Зафаќајќи првенствено планинска област од 15626 км2, покраината Уеска има вкупно население од 219.345 во 2018 година, со скоро една четвртина од своите луѓе кои живеат во главниот град Уеска. Ниската густина на населението, 14,62 / км2, значи дека бујните долини на Уеска, реките и возвишените планински масиви останале релативно чисти и неискористени од човековиот напредок.

Дом на величествена глетка, највисоката планина во Пиринеите, Ането; вечни ледници, како на пример во Монте Пердидо; и Националниот парк Ордеса и Монте Пердидо, богат со флора и заштитена фауна. Познати со планинари, истражувачи на пештери, параглајдери и кајакари на брзи води, таа е исто така познато место за скијање со значајни центри во Канданчу, Формигал, Астун, Пантикоса и Серлер.

Историја

Римјаните ја колонизирале провинцијата Уеска, која го обликувала северниот дел на Хиспанија Тараконенсис и продолжиле да живеат таму дури во 5 век до доаѓањето на Визиготите. Како планински пограничен регион, бил тешко да се доминира. Северните окрузи некогаш припаѓале на Кралството Навара, но се разделиле и успеале да ги запрат раните мавритански инвазии во Средниот век со создавање сојузи меѓу себе и со Франките, за да станат Франкиски феудални марки. Императивот на суверенитет, или независност, за северните гранични грофови, довело до подем на Кралството Арагон, кое било претходник на Империјата или Арагонската круна, и на крајот Кралството Шпанија.

Административни поделби

Современата покраина денес опфаќа 10 комарки и 202 општини.

Комарка Главен град
Алто Гаљего Сабињаниго
Бахо Синка Фрага
Синка Медио Монсон
Хоја де Уеска Уеска
Хакетанија Хака
Ла Литера Тамарите де Литера
Монегрос Сарињена
Рибагорза Граус, порано Бенабаре
Собрарбе Аинса и Болтања
Сомонтано де Барбастро Барбастро

Следниве комарки кои го имаат главниот град во покраината Уеска вклучуваат општинска власт во покраината Сарагоса:

  • Бахо Синка : Мекиненза .
  • Хоја де Уеска: Муриљо де Гáлего и Санта Еулалија де Гаљего .
  • Хакетанија : Артиеда, Мијанос, Салватиера де Еска и Сигуес.
  • Монегрос: Ла Алмолда, Бухаралоз, Фарлете, Лесињена, Монегриљо и Пердигера.

Јазик

Шпанскиот јазик е првостепен јазик во покраината. Како и да е, локалните јазични сорти во средиштето и северот на покраината (честопати наречени фабла) припаѓаат на арагонскиот јазик, кој сега преживува главно во најсеверните комарки, како што се долината на Арагон во Јакетанија, Алто Гаљего, Собрарбе и Рибагорза, каде досега скриените и изолирани села му помогнале на јазикот да живее во 21 век.

Во источните области на покраината, се зборуваат сорти на каталонски јазик, со неколку преодни дијалекти тешко да се класифицираат како арагонски или каталонски.

Забелешки и наводи

Надворешни врски

Tags:

Покраина Уеска ГеографијаПокраина Уеска ИсторијаПокраина Уеска Административни поделбиПокраина Уеска ЈазикПокраина Уеска Забелешки и наводиПокраина Уеска Надворешни врскиПокраина УескаАрагонАрагонски јазикКаталонски јазикПокраини во ШпанијаШпанијаШпански јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Внатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоТурцијаГемиџииТамбура (македонска)КанцониеротГригор ПрличевСредоземно МореИзвршна властСтево ЦрвенковскиСашко КедевЗагрозен видХристијан МицкоскиРамазанПрометејЕден на еденПретседателОтворени листиЛевица (политика)Мали сипанициВевчаниОпштина СтрумицаТапанРаковиБалканска приказна (ТВ-серија)Атрибут во македонскиот јазикПсоријазаТелевизијаМакедонски хумористични народни приказни (книга)ГрадинарствоСашо ОрдановскиМоликаБигорски манастирПолитика на МакедонијаМинистер за здравство на МакедонијаМасакр кај ВејцеМитДемократска партија на Србите во МакедонијаМуса ЏафериБедија БеговскаБубрежен каменЈудаизамЗоран ЗаевМакедонска православна црква - Охридска архиепископијаКомунизамВтора влада на Никола ГруевскиСкопјеШар ПланинаОвчи сипанициКронова болестПопулизамДрогаИзборна единица 1Магнетна резонанцијаМакедонски парламентарни избори (2011)ТартифАлијанса за АлбанцитеГ’зим ОстрениМакедонски парламентарни избори (1998)ПодметОпштина Демир ХисарКалендар на Велигденски датумиОрелПоткастОпштина ИлинденПирамида (геометрија)Густав ШвабКафеава мечкаВолфганг Амадеус МоцартДимитар КовачевскиБлерим РекаМесечинаЛокални избори во Македонија (2021) — Град СкопјеМакедонски парламентарни избори (2024)Замок БранПопис на населението во Македонија (2021)Мртво МореКомуњар🡆 More