Туденце: село во Општина Јегуновце, Македонија

Туденце — село во Општина Јегуновце, во областа Долен Полог, во околината на градот Тетово.

Туденце
Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на селото

Туденце во рамките на Македонија
Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја
Туденце
Местоположба на Туденце во Македонија
Туденце на карта
Координати 42°1′48″N 21°7′5″E / 42.03000° СГШ; 21.11806° ИГД / 42.03000; 21.11806
Регион Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Полошки
Општина Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Јегуновце
Област Долен Полог
Население 371 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1228
Повик. бр. 044
Шифра на КО 28084
Надм. вис. 385 м
Слава Света Петка
Туденце на општинската карта
Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Туденце во рамките на општината
Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја Туденце на Ризницата

Потекло и значење на името

Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Куќи во селото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Туд во XIV век (1300 г.). Името доаѓа од патронимското име -енци од постаро именување Туд што се поврзува со личното име Туде или Тудор/Тодор.

Географија и местоположба

Туденце се наоѓа во областа Долен Полог, сместено непосредно на десната страна на реката Вардар, во јужниот дел на територијата на Општина Јегуновце. Селото е рамничарско, на надморска височина од 385 метри.

Низ селото поминува локален асфалтен пат, кој ги поврзува селата Јегуновце и Сиричино, а воедно со асфалтен пат е поврзано и со селото Прељубиште.

Туденце е потпланинско село, сместено помеѓу планината Жеден на исток и реката Вардар на запад. Во минатото, водата за пиење се добивала од бунари.

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Колоишта, Котлина, Бела Грамада, Кромач, Јабучки Врв, Рамниште, Ѓукаље, Крагујец, Рупа, Пепелиште, Китка, Средни Рид, Присој, Црквиште, Габер, Крива Липа, Селиште, Бучеи, Лаз, Долно Поле, Брчкаица, Мост, Аљојца, Салиица, Грчеица, Сердарица, Горно Поле, Казалица и Завој.

Селото има збиен тип, а куќите се поделени во три маала: Горно, Долно и Средно Маало. Во маалата куќите се делат на родови.

Историја

Североисточно од Туденце се наоѓа месноста Селиште, каде некогаш се наоѓа село од разбиен тип и во него се наоѓала црква „Св. Петка“. Тоа село и црква подоцна биле разрушени. Преостанатото население го основале новото село на денешната местоположба. Во новото село, мештаните изградиле нова црква посветена исто така на Света Петка. На местото каде било старото село и црквата се наоѓаат одредени фрагменти.

Во отоманските даночни регистри од 1626-1627 година е обележано селото Туденце со 32 домаќинства.

На почетокот на XIX век, во Туденце бил основан чифлигот на Куртиш-ага од Тетово. На неговиот чифлиг работеле предците на денешните родови: Вражевци, Димчески и Гоедарои. Куртиш-ага им помагал на селаните да изградат црква, како би се населиле и други македонски чифчии поради црквата. Агата имал чифлиг и во селото Ратае.

Во минатото, агата на чифлигот населил и две албански семејства (Шугљевци) од селото Церово во Скопски Дервен. Овие семејства не сакале да работат на туѓа земја, поради што агата ги иселил од Туденце.

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 8,7 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 587 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 194 хектари, додека пасишта нема.

Во основа, селото има полјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948554—    
1953570+2.9%
1961521−8.6%
1971539+3.5%
1981536−0.6%
ГодинаНас.±%
1991501−6.5%
1994446−11.0%
2002431−3.4%
2021371−13.9%

Според статистиката на Васил К’нчов (Македонија, Етнографија и статистика) од 1900 година, Туденце има 285 жители, сите Македонци. Според секретарот на егзархијата Димитар Мишев од 1905 година, во Туденце живеат 160 жители, Македонци патријаршисти.

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, во Туденце има 82 куќи со 625 жители, Македонци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Селото е средно по големина, коешто во 1961 година имало 521 жител, додека во 1994 година бројот се намалил на 446 жители, од кои 440 биле Македонци, а четворица жители Срби.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Туденце живееле 431 жител, од кои 430 Македонци и 1 останат.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 371 жител, од кои 358 Македонци, 2 Албанци и 11 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 285 160 554 570 521 539 536 501 446 431 371

Родови

Туденце е чисто македонско православно село. Родовите во селото се староседелски и доселенички. Поголемиот број родови во селото се доселенички..

Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Гоедарои (1 к.), за нив се збори дека во минатото многу изумирале. Имаат иселеници во Белград (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
  • Доселеници: Богојевци (7 к.), доселени се од сега албанското село Бојане во Скопски Дервен. Потекнуваат од предокот Богоја. Го знаат следното родословие: Самојл (жив на 65 г. во 1947 година) Анасија-Ѓоре-Трпче-Богоја, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Романија (две семејства); Вражевци (29 к.), доселени се од селото Врбјани во Дебрца. Од таму поради зулум се иселил некој предок. Го знаат следното родословие: Атанас (жив на 78 г. во 1947 година) Ристо-Маринко-Стојан, еден од првите доселеници. Имаат иселеници во Тетово (две семејства), Брвеница, Бугарија (две семејства); Жилчански (7 к.), основачот на родот се викал Стојан. Тој се доселил од Охридско. Тој најпрво се населил во селото Жилче, по кое село и е наречен овој род. Стојан овде се доселил по повик од Вражевци. Стојан имал двајца браќа, Русе и Стојче. Тој кога се населил во селото ги повикал и своите браќа да се населат во Туденце. Во овој род се знае следното родословие: Јосиф (жив на 50 г. во 1947 година) Тоде-Момир-Трпче-Стојан, кој се доселил во селото; Димчевци (12 к.), доселени се во исто време со родовите Вражевци и Жилчански. Доселени се од селото Тумчевиште кај Гостивар. Имаат иселеници во Романија (едно семејство); Смиљковци (2 к.), доселени се од селото Волковија. Го знаат следното родословие: Нико (жив на 60 г. во 1947 година) Диме-Даљко-Смиљко, кој се доселил. Имаат иселеници во Тетово (две семејства) и во Бугарија (едно семејство); Поповци (6 к.), доселени се од селото Тумчевиште кај Гостивар. Го знаат следното родословие: Софре (жив на 50 г. во 1947 година) Коце-Димко-Гавро, основачот на родот кој се доселил. Во Тумчевиште имале предци кои биле свештеници. Нив ги убиле некои муслимани, по што морале да се иселат; Малаи Милошевци (3 к.), доселени се од Тумчевиште кај Гостивар. Имаат иселеници во Прељубиште, Тетово (едно семејство), Романија (едно семејство) и во Америка (едно семејство); Големи Милошевци (3 к.), доселени се од селото Церово во Скопски Дервен. Го знаат следното родословие: Петре (жив на 60 г. во 1947 година) Коце-Голем Милош, кој се доселил во селото. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство); Гале (1 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Долна Лешница. Основачот на родот влегол во Вражевци. Таму биле доселени од Порече (Сушица или Брезница), во Долна Лешница овој род припаѓал на родот Кузмановци; Никушевци (2 к.), потекнуваат од домазет доселен од селото Прељубиште. Овде влегол во родот Димчевци; Томевци (2 к.), доселени се во 1916 година од Горно Село во Средска. Основачот на родот бил домазет во Димчевци; Гого (1 к.), основачот на родот дошол како домазет од Беловиште. Влегол во родот Поповци; Крсто (1 к.), потекнуваат од домазет од селото Непроштено. Влегол во родот Поповци; Петруш (1 к.), потекнуваат од домазет од селото Сетоле. Влегол во родот Жилчански. Во Сетоле овој род бил староседелски, припаѓал на родот Тасеи; Урошој (1 к.), доселени се од селото Слатино. Подалечно потекло од Овче Поле.

Иселеништво

Покрај споменатите иселувања по родовите се знае и за следниве иселени родови: Тагајовци (3 к.), живеат во Радиовце каде дошле од Туденце, едно нивно семејство се преселило во Брвеница; Смиљанци (4 к.), живеат во Прељубиште, каде дошле од Туденце и Атанаскоски (1 к.), живеат во Брвеница, каде дошле од Туденце.

Во поново време од селото има иселеници во Европа и во прекуокеанските земји.

Општествени установи

Туденце: Потекло и значење на името, Географија и местоположба, Историја 
Поглед на основното училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Туденце било село во Тетовската каза на Отоманското Царство.

Селото претставува дел од Општина Јегуновце, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со додавање на поранешната Општина Вратница. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така дел од Општина Јегуновце.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Тетово. Селото припаѓало на некогашната општина Теарце во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Шемшево, во која покрај селото Туденце, се наоѓале и селата Жилче, Јанчиште, Јегуновце, Копанце, Озормиште, Подбреѓе, Прељубиште, Раотинце, Сиричино и Шемшево. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Шемшево, во која влегувале селата Озорниште, Прељубиште, Сиричино, Туденце и Шемшево.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2123 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 352 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 347 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Споменици

Култура и спорт

Фудбалскиот клуб Младост, реактивиран летото 2017, моментално се натпреварува во општинската лига на Тетово каде во сезоната 2017/18 заврши на 6. место од девет екипи.

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Туденце Потекло и значење на иметоТуденце Географија и местоположбаТуденце ИсторијаТуденце СтопанствоТуденце НаселениеТуденце Општествени установиТуденце Самоуправа и политикаТуденце Културни и природни знаменитостиТуденце Култура и спортТуденце ГалеријаТуденце ПоврзаноТуденце НаводиТуденце Надворешни врскиТуденцеОпштина ЈегуновцеПолошка КотлинаТетово

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Бор (град)Стара скопска чаршијаТапанРајко ЖинзифовПролетЧума (појаснување)Правопис и правоговор на македонскиот јазикЛимфен јазолПротестантствоСловенијаСеверна АмерикаБедија БеговскаМакедонски парламентарни избори, 2006ГетеборгСкржавецот (Плавт)Изборни единици во МакедонијаЖивко ЧингоАтрибут во македонскиот јазикПридавкаВикипедија на македонски јазикСоцијалистичка Република МакедонијаИзборна единица 9Список на држави во светотАнтифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаВикинзиНезависна Држава МакедонијаStaphylococcus aureusМарко ЦепенковМенингитисПодметСписок на градови во МакедонијаКристијано РоналдоНикола ТеслаМахидевранСолунЈосип Броз-ТитоШтрковиЕгипетСузан АкбелгеГорјан Петревски27 мартЕлектрицитетКрсте Петков МисирковСрцева слабостЛатински јазикЖил ВернПрирокМејозаГригор ПрличевЛокални избори во Македонија (2009)ПожарХананЦрна смртЛионел МесиТројанска војнаСтрофаФлејтаЕлектромагнетЗлосторство и казнаЕрман ШабанЕнергијаСкратеници во македонскиот јазикГлавна страницаАлиса во земјата на чудатаОпштина КончеКлинесто писмоРевматоиден артритисДувачки инструментРевизор (комедија)КлеопатраЕкологијаПавле Арсоски‘Рбетен столбКорупцијаОпштина Демир ХисарЛирикаПресметување на датумот на ВелигденЕпика🡆 More