Текија: село во Општина Илинден

Текија — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје, сместено во непосредна близина на рафинеријата ОКТА и на автопатот Е75.

Текија
Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Текија

Текија во рамките на Македонија
Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Текија
Местоположба на Текија во Македонија
Текија на карта
Координати 42°04′29″N 21°40′00″E / 42.07472° СГШ; 21.66667° ИГД / 42.07472; 21.66667
Регион Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Скопски
Општина Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Илинден
Население 251 жит.
(поп. 2021)

Повик. бр. 02
Шифра на КО 25133
Текија на општинската карта
Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Текија во рамките на општината
Текија: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Текија на Ризницата

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948164—    
1953207+26.2%
1961307+48.3%
1971289−5.9%
1981327+13.1%
ГодинаНас.±%
1991303−7.3%
1994298−1.7%
2002304+2.0%
2021251−17.4%

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било заведено под името Теке и имало мешано христијанско и муслиманско население, каде имало 15 христијански и 6 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 39 мажи христијани, со 3 новороденчиња и 20 мажи муслимани со 3 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 130 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 192 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.

Според пописот од 2002 година, во селото Текија живеат 304 жители, од кои: 299 Македонци и 5 Срби.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 251 жител, од кои 230 Македонци, 2 Албанци, 11 Срби, 5 останати и 3 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 164 207 307 289 327 303 298 304 251

Родови

Текија сега е православно село, но во минатото било муслиманско, населението говорело турски, но родовите потекнувале воглавно од Турци и Албанци. Родовите од албанско потекло потекнувале од домазети.

Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се:

Родови од турско потекло

  • Доселеници: Оџаларци (6 к.) и Куртишевци (8 к.) потекнуваат од ист предок. доселени се од соседното село Аџилари (Миладиновци), а таму биле доселени одамна од Бергам во Мала Азија. Го знаат следното родословие: Абдула (жив на 58 г. во 1953 година) Бајрам-Куртиш-Абдула-Ибраим

Родови од албанско потекло

  • Доселеници: Узеирови (3 к.) и Џавидови (1 к.) доселени се околу 1912 година од Д’лга кај Куманово. Потекнуваат од ист предок; Зумберови (4 к.) доселени се од селото Блаца кај Качаник околу 1933 година; Јусуфови (1 к.) доселени се малку после нив од селото Жура кај Призрен; Џеладинови (1 к.) доселени се од селото Отља кај Куманово; Елмазови (1 к.) и Агушови (1 к.) доселени се од Кумановско. Првите од Романовце, а вторите од Сопот; Шерифови (2 к.) доселени се од селото Белановце кај Куманово; Алијови (1 к.) и Мемет (1 к.) доселени се од Куманово. Првиот род во Куманово бил доселен од некое кумановско село.

Род од словенско потекло

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

    Каменот на плодноста

Камен, висок повеќе од еден метар, фалусоидно исправен сретсело, најверојатно од паганско време е најголемиот знак по кој селото е познато. Спред верувањето, каменот лечи од неплоднот. Каменот го посетуваат луже најмногу ид Македонија, но и од соседна Србија, па дури и од Турција, потомци на некогашните жители на селото. Најмногу доаѓаат оние што не можат да имаат деца. Наводно, на сите што дошле по една година им се родило дете. Најпосетено е за Ѓурѓовден, кога се собираат и по 200-300 луѓе. Според редоследот на обредот, луѓето застануваат пред каменот, палат свеќа, оставаат некој дар и го обиколуваат, крстејќи се на сите негови четири страни. По обиколувањето жената треба да го опфати исправениот камен со две раце. Но, ако не може да го прегрне цел, тогаш го опфаќа со марамче. Откако ќе го направат тоа, старицата што го врши обредот, им собира камче, земја и трева околу каменот и како врзопче ѝ го дава на жената да го носи на бедрата цела година. По една година, жената, заедно со својот маж, треба да дојде повторно кај каменот и да ги остави камчето и земјата на истото место. Според верувањето, така ќе забремени и двајцата ќе добијат дете.

    Водата на Св. Петка

Во близина на Каменот во селото постои параклис со света вода посветен на Света Петка. Изграден е од селанец од селото, кој по сопствено видение сметал дека таму треба да се извади света вода. Денес ова место е доста посетено од луѓе кои се замиваат од оваа вода. Најголем собор се случува за денот на Света Петка Летна.

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Текија Географија и местоположбаТекија ИсторијаТекија СтопанствоТекија НаселениеТекија Општествени установиТекија Самоуправа и политикаТекија Културни и природни знаменитостиТекија Редовни настаниТекија ЛичностиТекија Култура и спортТекија ИселеништвоТекија НаводиТекија Надворешни врскиТекијаАвтопат „Александар Македонски“Општина ИлинденСкопје

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СветлинаЛиберално-демократска партијаОпштина Кисела ВодаВлада на Македонија од 1992БелградЦистична фиброзаИмер СелманиКипарМинистерство за внатрешни работи на МакедонијаСтоле ПоповИстанбулОпштина АеродромМесечинаПанко БрашнаровЦеребрална парализаЕвропска УнијаВилијам ШекспирЈане СанданскиЖивотниДоксициклинИзборна единица 6Димитар АпасиевПенис (човек)Македонски пасошЗлосторство и казнаРадовишТЕЦ „Неготино“Пиринска МакедонијаАлијанса за АлбанцитеМитко Чавков’РбетнициБалкански рисМладотурска револуцијаТромбоцитопенијаДржавна изборна комисијаОче нашПрилепБлагој ДавковХемороидTrackBackБиблијаИсторија на христијанствотоСписок на архаични зборови во македонскиот јазикВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоПавел ШатевМакедонски парламентарни избори, 2006Движење БесаМакпетролИзборна единица 1Петар Поп АрсовОхридски рамковен договорОпштина ЈегуновцеПсихологија на личностаРак (болест)Општина ДолнениГоран СтефановскиНационален парк ПелистерОфталмологијаДемократијаДевица (хороскопски знак)Историја на Македонија (1991 - денес)Масакр во СребреницаВодаТуберкулозаХепатит ЦОпштина КумановоГорјан ПетревскиПтициПовикувачки броеви во МакедонијаБелгијаВМРО-ДПМНЕСписок на загинати бранители во воениот конфликт во Македонија, 2001Македонски парламентарни избори (2008)Масакрот кај ВејцеЕритематозни дерматозиГрипТапанКултура🡆 More