Тануше: село во Општина Маврово и Ростуше

Тануше — село во Општина Маврово и Ростуше, западна Македонија.

Тануше
Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото Тануше

Тануше во рамките на Македонија
Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Тануше
Местоположба на Тануше во Македонија
Тануше на карта
Координати 41°43′19″N 20°34′22″E / 41.72194° СГШ; 20.57278° ИГД / 41.72194; 20.57278
Регион Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Полошки
Општина Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Маврово и Ростуше
Област Горна Река
Население 2 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1256
Повик. бр. 042
Шифра на КО 07079
Надм. вис. 1260 м
Тануше на општинската карта
Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Тануше во рамките на општината
Тануше: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Тануше на Ризницата

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Горна Река, под планината Кораб. Атарот зафќа 16,7 км2 и се протега сè до врвот на планината. Целата западна страна на атарот се граничи со Албанија.

Западно од селото, во повисоките делови на атарот, течат Бабин Поток (Прои и Бабес) и Изворски Поток, кои потоа се спојуваат, образувајќи ја Рибничка Река. Таа во свиок го заобиколува селото од север и исток, и продолжува на југоисток крај селата Грекање и Рибница.

Историја

Сите села во Горна Река порано биле македонски. Во XIX век, Тануше како и останатите села во областа биле во процес на албанизација. Во XIX век Тануше било албанско село во Реканската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тапушани (Tapouchani) е село со 50 домаќинства сочинети од 126 жители; од нив 51 биле Албанци муслимани и 75 Албанци православни.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Танушане веќе било наполно муслиманско село и имало 350 жители Арнаути. Се поставува прашањето колкав дел од нив биле вистински Албанци доселени од Албанија, а колку биле албанизирани (или неалбанизирани) Македонци.

Стопанство

Тануше има сточарско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. атарот опфаќа 1.204 ха пасишта, 402 ха шуми и само 51 ха обработливо земјиште.

Население

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Танушани се води како чисто албанско село во Реканската каза на Дебарскиот санџак со 80 куќи.

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948215—    
1953257+19.5%
1961288+12.1%
1971330+14.6%
1981345+4.5%
ГодинаНас.±%
19913−99.1%
199489+2866.7%
200216−82.0%
20212−87.5%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Албанци и 50 Македонци.

Населението на Тануше опаднало во првиот период на XX век, но по Втората светска војна тоа почнало да се опоравува. Селото се зголемувало во текот на наредните децении за да опадне на само 89 жители во првата половина на 1990-тите, а потоа да се намали за 5,5 пати во наредните години. Интересно е да се забележи дека во 1953 г. се заведени 17 лица кои се изјасниле како Македонци, што значи дека сè уште имало жители со македонска свест.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 16 жители, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Албанци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 350 215 257 288 330 345 3 89 16 2


Општествени установи

  • Танушка џамија
  • Основно училиште

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Тануше Географија и местоположбаТануше ИсторијаТануше СтопанствоТануше НаселениеТануше Општествени установиТануше ЛичностиТануше ГалеријаТануше НаводиТануше Надворешни врскиТанушеЗападна МакедонијаОпштина Маврово и Ростуше

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Лазар Ристовски (глумец)ТашмаруништаОбновливи извори на енергијаГитараРимска кујнаИзборна единица 4Историја на БугаријаКалендар на Велигденски датумиСеверна АмерикаДаниел ДефоРомски јазикКипарРајчицаДелењеПавле ТрајановЦрна ГораОпштина ДојранМакедонски парламентарни избори (2008)Спомен-куќа на Мајка ТерезаИгор ЏамбазовШтипВтора светска војнаБиотички факториАртрозаСистем за варењеЕнтерококиСрбијаДишен системТитаниСловенијаХемоглобинЗглобЖивко МукаетовМорфологија на македонскиот јазикСостојба на материјатаИнфективна мононуклеозаРазловечко востаниеМакедонски хумористични народни приказни (книга)СлаткаристикаПредмет (граматика)Речник на стари македонски зборовиГај Јулиј ЦезарРенесанса20000 милји под моретоУкраинаЕгипетНикола ТеслаСпартаОпштина ВаландовоДен на востанието на МакедонијаСипанициЗНАМКонстантин МиладиновМакедонци-муслиманиРомантизамЏек ЛондонКорупцијаСкратеници во македонскиот јазикМакедонски парламентарни избори, 2008Струен ударБаснаМекотелиСписок на држави и територии во ЕвропаТрстВија ЕгнацијаОпштини во МакедонијаКорошиштаЦрнила (драма)ВодаХромозомГригор ПрличевПротестантствоМакедонски парламентарни избори, 2011МРП вакцинаКочаниЕвгениј ОнегинБлаже КонескиВилијам Шекспир🡆 More