Степска Еја

Степската еја или степски жабар (науч. Circus macrourus) е птица од родот еи (Circus) во семејството јастреби и е птица преселница, грабливка која лови во низок лет.

Степска еја
Степска Еја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
(или Јастребовидни, q.v.)
Семејство: Јастреби
Род: Еја
Вид: Степска еја
Научен назив
Circus macrourus
S. G. Gmelin, 1770
Степска Еја

Се размножува во јужните делови на источна Европа, вклучувајќи ја и Македонија, како и во централна Азија (во Иран), а зимува во Индија и југоисточна Азија. Ретко заскитува во Велика Британија и западна Европа, иако значителен број младенчиња се забележани како презимуваат во Норфолк (источна Англија) зимата 2002/3 г.

Опис

Степска Еја 
Мажјак
Степска Еја 
Женка
Податотека:Circus macrourus MHNT.ZOO.2010 ноември 97 ноември jpg
Circus macrourus

Кај степската еја е изразен половиот диморфизам, односно мажјаците се белосиви одозгора и бели одоздола, со зашилени црни врвови на крилјата. Должината им е од 40 до 48 см, а имаат распон на крилјата од 95 до 120 сантиметри. Тежат околу 315 грама, а женките се поголеми и тежат околу 445 грама. Женките се кафени одозгора, со бели пердуви на горниот дел од опашката, а долниот дел ѝ е жолтеникав со кафени шари. Младенчињата се слични со женките и често, заради белото кај опашката се нарекуваат „прстенестоопашни“.

Птицата живее во отворени, степски предели.

Исхрана

Степската еја лови и се храни со мали цицачи, влекачи и птици, изненадувајќи ги со брзиот и низок лет.

Размножување

Овој јастреб е моногамна птица која одгледува едно легло годишно. Гнездат директно на земја на тревна површина. Несат 3-5 светлосини јајца. Инкубацијата започнува откако ќе се снесе првото јајце и трае 28-30 дена. Ги лежи само женката, но за време на инкубацијата и првите денови по испилувањето, мажјакот носи храна и за женката и за пилињата. Младенчињата го напуштаат гнездото по 35-40 дена.

Наводи

Литература

    Распознавање

Forsman, Dick (1995) Field identification of female and juvenile Montagu's and Pallid Harriers Dutch Birding 17(2): 41-54

Надворешни врски

  • Степска еја - „Атлас на птиците на Јужна Африка“ (англиски)

Tags:

Степска Еја ОписСтепска Еја НаводиСтепска Еја ЛитератураСтепска Еја Надворешни врскиСтепска ЕјаЈастребиАзијаАнглијаБиномна номенклатураВелика БританијаГраблива птицаЕвропаЕиИндијаИранМакедонијаПреселба на птицитеРод (биологија)Семејство (биологија)

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Љупчо ГеоргиевскиОвчи сипанициМасакр во СребреницаМитДафина СтојаноскаКубаСписок на дипломатски претставништва на МакедонијаМеѓународен ден на трудотПиринска МакедонијаЧир на желудникотИзет МеџитиМакедонски парламентарни избори, 2011Десет Божји заповедиНикола Димитров (дипломат)Сојуз на комунистите на МакедонијаОдбојкаСоединети Американски ДржавиШар ПланинаМоликаМакедонски претседателски избори (2019)БременостЉубомир ФрчкоскиПрометејПартија за демократски просперитетЏек ЛондонПипи Долгиот ЧорапСписок на главни градови во ЕвропаСвети Кирил и МетодијИзборна единица 4Јоаким КрчовскиВладо МисајловскиЗоран ЗаевРомски јазикОхридско ЕзероДвижење за национално единство на Турците во МакедонијаОливера ТрајковскаДебарРепублика МакедонијаГ’зим ОстрениСоцијалистичка Федеративна Република ЈугославијаГордана Силјановска-ДавковаВнатрешна македонска револуционерна организација - Народна партијаСписок на градови во МакедонијаПретседател на МакедонијаТимчо МуцунскиПавле АрсоскиСДСМТатјана ПетрушевскаЉубомир ГајдовХрватски месециВтора влада на Бранко ЦрвенковскиСашо ОрдановскиВештачка интелигенцијаСкриеносеменициСрпска пропаганда во МакедонијаЖивотниЉубчо ГеоргиевскиВасил ТупурковскиИзбирачко местоТрансверзала (геометрија)Еден на еденЗнаме на МакедонијаМакедонски БродОпштина НовациМакедонски народни приказни (ТВ-серија)Вакцина против тетанусГрадинарствоВнатрешна македонска револуционерна организација (Автономистичка)Воен конфликт во Македонија (2001)Општина ДојранПсоријазаМакедонски претседателски избори (2009)Википедија на македонски јазикПартија на обединети пензионери и граѓани на МакедонијаЛимфом🡆 More