Степанце: село во Општина Старо Нагоричане

Степанце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Степанце
Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Поглед на маало од Степанце

Степанце во рамките на Македонија
Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја
Степанце
Местоположба на Степанце во Македонија
Степанце на карта
Координати 42°15′0″N 21°54′15″E / 42.25000° СГШ; 21.90417° ИГД / 42.25000; 21.90417
Регион Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Североисточен
Општина Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 58 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17094
Надм. вис. 470 м
Слава Спасовден
Степанце на општинската карта
Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја

Атарот на Степанце во рамките на општината
Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја Степанце на Ризницата

Потекло на името

Името на селото е старо. Поединци мислат дека името дошло од некое истоимено село од каде се населиле првите доселеници. Се поставува прашањето дали е тоа селото Степанци, во близина на Велес.

Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во средишниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина околу 470 метри. Од градот Куманово селото е оддалечено 28 километри.

Селото се наоѓа во подножјето на планината Козјак, на пространа висорамнина. Села со кои се граничи Стапенце се: Жегљане на север и Врачевце на југ.

Атарот зафаќа површина од 11,3 км2. На него пасиштата заземаат површина од 534 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 422 хектари.

Степанце е село од разбиен тип. Најстаро е Горно Маало. Останатите маала вообичано се наречени по имињата на родовите кои живеат во нив. Селото има вкупно 17 маала.

Историја

Народната традиција вели дека пред денешното село постоела друга постара населба. Од тоа време се останатите урнатините од црквата „Св. Никола“ во Горно Маало, стари гробови и земјени ќупови. По пропаѓањето на старото село, одредено време просторот на денешното село не бил населен. Кон крајот на XVIII век тука се населиле 3-4 домаќинства во денешното Горно Маало. Од тие домаќинства настанале две групи на родови: едната група славеле Свети Никола, а втората група Свети Архангел.

Во XIX век, Степанце било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото има полјоделско-сточарска функција.

Покрај тоа, селото, заедно со селата Канарево и Орах, е познато по своите каменоресци. Жителите изработувале корита („мрамори“), надгробни споменици, блокови за ѕидање на куќи и други.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948395—    
1953438+10.9%
1961382−12.8%
1971297−22.3%
1981199−33.0%
ГодинаНас.±%
1991152−23.6%
1994118−22.4%
200288−25.4%
202158−34.1%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Степанце имало 380 жители. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Степанце имало 406 жители.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.

Степанце е населено со македонско население, коешто во 1961 година броело 382 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 118 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Степанце имало 88 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 48 Македонци, 1 Србин и 9 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 380 406 395 438 382 297 199 152 118 88 58

Родови

Сите родови потекнуваат од доселените родови. Една група ги сочинуваат: Ѓорѓовци (7 к.), Ивковци (5 к.), Брдарци (3 к.), Шукарци (2 к.), Бучуци (2 к.), Дудунци (2 к.) и Максимовци (2 к.), слават Свети Никола. Другата група ги сочинуваат: Басарци (3 к.), Шуљковци (3 к.), Вељковци (2 к.), Менковци (2 к.) и Ружајци (1 к.), слават Свети Архангел. Третата група на родови е составена од: Дрењарци (2 к.), слават Свети Архангел; Мушуци (1 к.), слават Свети Никола; Наридњак или Јосим (1 к.), слават Свети Архангел и Џакевци (1 к.), слават Свети Никола.

Помлади родови, чие потекло се знае, се: Шаљинци (7 к.), слават Свети Никола, дошле од Шајинце во Горна Пчиња; Беговци (3 к.) и Петковци (2 к.), потекнуваат од ист предок, доселени од Малотино, слават Свети Архангел; Гарејци (4 к.), слават Свети Никола, доселени од соседното Карловце; Саздини (2 к.), слават Свети Архангел, доселени од соседното Канарево.

Иселеништво

Најголем дел од иселениците од Степанце се населиле во селата од Горна Пчиња, како и во селата Сушево (Жегљанци, 7 к.), Челопек (2 к.), Горно Коњаре (2 к.) и Лопате (1 к.). Поголем одлив на населението се случил по Втората светска војна, кога голем дел од младото население се иселил во градот Куманово.

Самоуправа и политика

Степанце: Потекло на името, Географија и местоположба, Историја 
Дел од селото

Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Степанце се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Жегљане, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце и Пузајка.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.

Редовни настани

Личности

    Родени во или по потекло од Степанце

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Степанце Потекло на иметоСтепанце Географија и местоположбаСтепанце ИсторијаСтепанце СтопанствоСтепанце НаселениеСтепанце Самоуправа и политикаСтепанце Редовни настаниСтепанце ЛичностиСтепанце НаводиСтепанце Надворешни врскиСтепанцеКозјачијаКумановоОпштина Старо Нагоричане

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

СкриеносеменициМорфологија на македонскиот јазикВодолија (хороскопски знак)Горан МинчевИзборна единица 8Нова социјалдемократска партијаИндијаБосна и ХерцеговинаОпштина ДолнениОмепразолНадбубрежна жлездаТони НаумовскиБлагој ДавковСлепо цревоМакедонска револуционерна организацијаЗаконодавна властМендух ТачиТито ПетковскиЛокални избори во Македонија (2000)Список на тегоби и болки на стапалатаСашо МијалковСписок на претседатели на САДСписок на градови во МакедонијаАутизамМакедонски парламентарни избори, 2008Пиреј (роман)Кожичка на пенисДемократска партија на АлбанцитеГостиварГраѓанска опција за МакедонијаОпштина ЧашкаДекарСредоземно МореГордана Силјановска-ДавковаМасакрот кај ВејцеКрпен животДебарРак на панкреасотМинато определено свршено време во македонскиот јазикДвижење БесаСтрумицаМакедонски претседателски избори (1994)Список на политички партии во МакедонијаГригор ПрличевМајка ТерезаНикола КљусевМакедонски парламентарни избори, 2014Антифашистичко собрание на народното ослободување на МакедонијаБолести и аномалии на очитеОпштина СтругаКомунизамБлогПневмонијаХронична опструктивна белодробна болестАбортусБелгијаМетронидазолТеодосиј СинаитскиСловенијаГлавна страницаОпштина ГостиварГоце ДелчевМакедонски ораМакедонски парламентарни избори (2016)СоцијалдемократијаСашко КедевЛеукемија’РбетнициКрвен притисокЉупчо ГеоргиевскиВесна БендевскаПолскаЛокални избори во Македонија (2009)Крушевски манифестФатмир БесимиОхридско ЕзероСлуз-цедење во грлото🡆 More