Смиланци: село во Општина Радовиш, Македонија

Смиланци — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Смиланци
Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Куќи во селото

Смиланци во рамките на Македонија
Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Смиланци
Местоположба на Смиланци во Македонија
Смиланци на карта
Координати 41°41′48″N 22°36′19″E / 41.69667° СГШ; 22.60528° ИГД / 41.69667; 22.60528
Регион Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југоисточен
Општина Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Радовиш
Население 11 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22042
Надм. вис. 800 м
Слава Митровден
Смиланци на општинската карта
Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Смиланци во рамките на општината
Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Смиланци на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 39 жители, со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.

Географија и местоположба

Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поглед во селото

Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужната падина на планината Плачковица. Селото е планинско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 20 километри.

Смиланци е сместено во подножјето на планината Плачковица, а низ селото тече Смиланска Река.

Селото е поврзано со селото Подареш со регионалниот пат 1310, кој води низ долината на Плаваја. Патот не е довршен и само делумно е асфалтиран.

Смиланци поседува зачувани куќи со традиционална архитектура.

Историја

Според археолошкото наоѓалиште Преслап во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.

Разловечко востание

Откако четата на Димитар Беровски ги победила Турците во Лаки тие се упатиле кон селото Смиланци, каде претходно било складирано оружје. Меѓутоа, во Смиланци дошло до предавство од месниот полјак во Радовиш, така што и тука турскиот аскер брзо реагирал и востаниците доживеале неуспех. На 29 мај, турскиот аскер, засилен со башибозук од околу 1.000 души, тргнале во противофанзива против 300 востаници. Селаните кои не успеале да побегнат биле ѕверски убивани, оставани за пример на населението, а некои од селаните од реонот биле мачени како затвореници во Сер, Солун, Скопје и други места. Поп Стојан се самоубил, а околу 30 востаници од разловечката чета, на чело со Димитар Поп-Георгиев Беровски, успеала делумно да се задржи и да ја продолжи борбата во Малешевските Планини, Пијанец, Осоговските Планини и во Кресна.

Зачувани куќи со традиционална архитектура

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 20 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 3.631 хектар, на пасиштата отпаѓаат 901 хектар, а на обработливото земјиште 454 хектари.

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948495—    
1953532+7.5%
1961384−27.8%
1971309−19.5%
1981167−46.0%
ГодинаНас.±%
1991106−36.5%
199471−33.0%
200239−45.1%
202111−71.8%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Смиланци живееле 250 жители, сите Македонци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Смиланци имало 344 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Селото не е големо и е населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 384, а во 1994 година 71 жител. Намалувањето се случува како последица на миграцијата село-град.

Според пописот од 2002 година, во селото Смиланци живееле 39 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 11 жители, од кои 9 Македонци и 2 лица без податоци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 344 495 532 384 309 167 106 71 39 11

Родови

Смиланци е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:

  • Доселеници: Стојановци со Гоцевци, Стојковци, Петровци, Златковци и Станојевци (16 к.), потекнуваат од двајца браќа Стојан и Гоце. Тие се доселени во XVIII век од селото Владимирово кај Берово; Атанасовци (15 к.), доселени се многу одамна од некое село во Малешевијата (Беровско); Филиповци со Лазаревци, Гоцевци и Коцировци (7 к.), доселени се однекаде; Бојчовци (3 к.), доселени се од селото Лаки кај Виница; Казанџијевци (2 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Митрашинци кај Берово; Јањевци (2 к.), доселени се во набрзо по претходниот род од селото Будинарци кај Берово; Тројановци (2 к.) и Величковци (2 к.), доселени се од селото Русиново кај Берово.

Општествени установи

Смиланци: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Поранешното основно училиште „Гоце Делчев“
  • Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“

Самоуправа и политика

Во XIX век, Смиланци било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село дел од некогашната Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Смиланци, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Покрајчево, Саригон, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Смиланци, во која влегувале селата Ново Село, Смиланци и Шаинташ.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1620 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.

Културни и природни знаменитости

    Археолошки наоѓалишта
    Цркви
    Споменици
  • Илинденски споменици пред влезот на селото
    Реки

Редовни настани

    Слави

Личности

    Родени во или по потекло од Смиланци
  • Нада Ципушева — политичарка

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Смиланци Географија и местоположбаСмиланци ИсторијаСмиланци СтопанствоСмиланци НаселениеСмиланци Општествени установиСмиланци Самоуправа и политикаСмиланци Културни и природни знаменитостиСмиланци Редовни настаниСмиланци ЛичностиСмиланци ГалеријаСмиланци НаводиСмиланци ПоврзаноСмиланци Надворешни врскиСмиланциОпштина РадовишРадовиш

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

АнтибиотикОпштина Ново СелоМозокЕлена ЗагорскајаБледски договор (1947)‘Рбетен столбМакедонски хумористични народни приказни (книга)ШтипАлиса во земјата на чудатаИталијаДојранско ЕзероМарко ЦепенковРак на панкреасотЗевсЕвгениј ОнегинДајреБалканска приказна (ТВ-серија)ТашмаруништаНатриум хидроксидОпштина ЛипковоНапонНиколај Римски-КорсаковС’ботскоРајко ЖинзифовИзборна единица 1ТаџикистанМакедонски парламентарни избори (2014)РамазанИзборна единица 5Лазар ЛиченоскиМирко ПоповПартија за целосна еманципација на РомитеВелесStaphylococcus aureusРак на грлоМекотелиОпштина ЛозовоМакедонски парламентарни избори, 2011Македонски претседателски избори (2019)ДерматитОбновливи извори на енергијаПоезијаБор (град)Сончев СистемБакарРазловечко востаниеФотосинтезаГлаголски прирокЧовекови праваГлаголи во македонскиот јазикЛалеСрбијаПолицијаПоплаваАли АхметиСтар заветСписок на повикувачки броеви на земјитеНародна Република КинаМакедонски народни инструментиЗемјотресСписок на планини во МакедонијаОпштина ЗелениковоЗборник на МиладиновциМбутска митологијаМакедонски парламентарни избори, 2008Кинетичка енергијаНепалРак на дојкаМакедонска радио-телевизијаКактусиЖивко МукаетовДемографија на МакедонијаМајка ТерезаТетовоПожарЦар Едип (драма од Софокле)ЕлектрицитетПечалбари🡆 More