Подареш: село во Општина Радовиш, Македонија

Подареш — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

До 2004 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина, која била припоена со Општина Радовиш.

Подареш
Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Поглед на селото

Подареш во рамките на Македонија
Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство
Подареш
Местоположба на Подареш во Македонија
Подареш на карта
Координати 41°36′50″N 22°32′32″E / 41.61389° СГШ; 22.54222° ИГД / 41.61389; 22.54222
Регион Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Југоисточен
Општина Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Радовиш
Население 1.260 жит.
(поп. 2021)

Пошт. бр. 2423
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22033
Надм. вис. 370 м
Подареш на општинската карта
Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство

Атарот на Подареш во рамките на општината
Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство Подареш на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.527 жители, со што селото се вбројува во големи села во областа на Конче и Радовиш.

Географија и местоположба

Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Сретселото

Селото се наоѓа во источниот дел на Радовишкото Поле, во источниот дел на територијата на Општина Радовиш. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 370 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 16 километри.

Селото се наоѓа во подножјето на Малешевските Планини, а низ него поминува регионалниот пат 29471.

Историја

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.

Стопанство

Атарот на селото е голем и зафаќа простор од 34,6 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 2.241 хектар, на обработливото земјиште отпаѓаат 748 хектари, а на пасиштата 362 хектари.

Во основа, селото има мешовита земјоделска функција. Во селото работат продавници и услужни објекти.

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.051—    
19531.178+12.1%
19611.263+7.2%
19711.359+7.6%
19811.480+8.9%
ГодинаНас.±%
19911.457−1.6%
19941.413−3.0%
20021.527+8.1%
20211.260−17.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Подареш живееле 700 жители, од кои 400 христијани (Македонци) и 300 Турци. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Подареш имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Подареш живееле 532 жители, од кои 196 Турци и 336 Македонци.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци и 200 Турци.

Подареш е големо село, со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото имало 1.263 жители, од кои 1.179 биле Македонци, а 67 Турци. Во 1994 година, бројот се зголемил на 1.413 жители, од кои 1.401 Македонец, а 11 жители Турци.

Според пописот од 2002 година, во селото Подареш живееле 1.527 жители, од кои 1.515 Македонци, 11 Турци и 1 Србин.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.260 жители, од кои 1.157 Македонци, 1 Албанец, 12 Турци, 1 Србин, 9 останати и 80 лица без податоци.

Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Подареш:

Година Македонци Албанци Турци Власи Срби Ост. Лица без под. Вкупно
1948 1.051
1953 902 0 239 32 3 2 1.178
1961 1.179 0 67 7 10 1.263
1971 1.344 0 12 1 2 1.359
1981 1.463 0 13 0 2 2 1.480
1991 1.438 0 17 0 1 1 1.457
1994 1.401 0 11 0 0 1 1.413
2002 1.515 0 11 0 1 0 1.527
2021 1.157 1 12 0 1 9 80 1.260

* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години

Родови

Подареш во минатото било мешано македонско-турско село, но денес е целосно населено со македонско население.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Староседелци: Петковци со Тасовци и Доневци (18 к.), Кусовци со Васовци (5 к.), Циневци со Димовци и Крстовци (16 к.), Купицовци и Тодоровци (15 к.), Китановци (7 к.), Доневци и Митевци (12 к.), Поцевци (20 к.) и Божиновци и Тодоровци (7 к.).
  • Доселеници: Јовановци и Спаиловци (4 к.), доселени се многу одамна од селото Немањици во Овче Поле; Кратиловци и Пантовци (4 к.), доселени се на почетокот од XIX век од селото Смиланци; Стојковци (2 к.), доселени се кон крајот на XIX век од селото Сушево кај Штип; Аранѓеловци (1 к.), доселени се од селото Дедино.
  • Турски родови:
    • Доселеници: Рустемовци (5 к.), Алиовци и Арифовци (10 к.), Исмаиловци и Асановци (12 к.), Зумбуловци и Аметовци (5 к.) и Мемедовци и Алиовци (5 к.).

Општествени установи

Самоуправа и политика

Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Грбот на поранешната Општина Подареш

Во XIX век, Подареш било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото село седиште на Општина Подареш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Подареш, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Покрајчево, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1618 и 1619 според Државната изборна комисија, сместени во месната заедница.

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.225 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.285 гласачи.

Културни и природни знаменитости

Подареш: Географија и местоположба, Историја, Стопанство 
Главната селска црква „Св. Ѓорѓи“
    Археолошки наоѓалишта
  • Градини — населба од римското време;
  • Градиште — средновековна утврдена населба;
  • Гробишта — средновековен сакрален објект и некропола;
  • Калата — средновековно кале;
  • Клешан — населба-викус од римското време;
  • Тулуко — населба од доцноантичкото време; и
  • Црквиште — средновековна некропола.
    Цркви
    Манастири
    Споменици
  • Споменик и спомен-плочи во чест на НОБ
    Реки

Личности

    Родени во или по потекло од Подареш
  • Васил Спасов — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Васил Стојанов Христов (1892-?) — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Иван Месаров (1858-1913) — македонски револуционер, војвода на ВМОРО;
  • Мане Наков (1892-?) — македоно-одрински ополченец, 3 чета на 3 солунска дружина, носител на орден „За храброст“ IV степен
  • Ставруш Месаров — македонски револуционер, војвода на ВМРО;
  • Стојан Стојков (р. 1941) — македонски композитор и професор; и
  • Јордан Митев (р. 1986) — македонски пејач.

Култура и спорт

Во селото работи фудбалскиот клуб „Готен“, како и фолклорниот ансамбл „Подарешани“.

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Tags:

Подареш Географија и местоположбаПодареш ИсторијаПодареш СтопанствоПодареш НаселениеПодареш Општествени установиПодареш Самоуправа и политикаПодареш Културни и природни знаменитостиПодареш ЛичностиПодареш Култура и спортПодареш ГалеријаПодареш НаводиПодареш ПоврзаноПодареш Надворешни врскиПодареш2004Општина ПодарешОпштина РадовишРадовиш

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РасејувањеТрапезМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ПМГ колективДесница (политика)Илинденско востаниеПанонски легендиАнте ПоповскиПиреј (роман)Лазар ЛиченоскиПавле ТрајановСписок на македонски народни поговоркиВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоДаут-пашин амамЗбаждиДланкаОпштина КончеКлеткаРомео и ЈулијаМали ВлајПридавки во македонскиот јазикМалиот принцСписок на македонски филмовиПискупштинаОбединето КралствоОче нашОпштина ЧаирСловенијаХипотензијаСтара скопска чаршијаМалтаНова алтернативаДаунов синдромНезависна Држава МакедонијаОпштина ВаландовоРак на грлоОпштина КратовоЊутнови закониЧовечки скелетКалендар на Велигденски датумиСпартаМојот звукМетодија Андонов-ЧентоЦрно семе (роман)Балкански ПолуостровХристијан МицкоскиКирилицаАјкулаРимско ЦарствоЕлектрицитетЈосип Броз-ТитоХеродотЉубовСписок на птици во МакедонијаЈугославијаБигорски манастирТетанусСолунОтоманска МакедонијаМатичен млечЛила СтојановскаЖил ВернБаза (хемија)Производ (математика)Рајко ЖинзифовФудбалска репрезентација на КолумбијаКавадарциВласиЗбогум Румелија (ТВ-серија)ДропкаВирусКалиштаПресметување на датумот на ВелигденОвчи сипанициИзборни единици во МакедонијаДемократија’Ржаново (Струшко)Титани🡆 More