Систем За Излачување

Системот за излачување или екскреторен систем е органски систем чијашто основна функција е екскрецијата (излачувањето) на штетните или непотребни материи (екскрети) од организмот.

Екскретите се производи од активниот метаболизам. Тие, доколку се задржат подолго време во организмот, може да бидат штетни, па дури и смртоносни. Најчести екскрети кај животните се водата, амонијакот, уреата и мочната киселина. Сите овие материи се отстрануваат од телото преку најразлични патишта, односно во процесот на екскреција учествуваат повеќе органски системи, како кожниот, респираторниот, дигестивниот и други. Меѓутоа, најголемиот дел од нив се екскретираат преку специјализирани органи за излачување.

Систем За Излачување
Човечки екскреторен систем: бубрези и мочоводи

Видови екскреторни органи

Во животинскиот свет се среќаваат неколку видови на органи за екскреција: нефридии, метанефридии, малпигиеви цевчиња и како еволутивно најусовршени се бубрезите.

Нефридии

Нефридиите (или протонефридиите) се карактеристични екскреторни органи за сплесканите црви. Нефридијата е всушност цевчест орган, кој се состои од два (или повеќе) основни канали, поставени надолжно во телото. Од овие канали се разгрануваат се помали, од кои едни завршуваат во ткивата со ѕвездеста клетка, додека други преку екскреторна пора комуницираат со надворешната средина. Ѕвездестата клетка содржи трепки со чијашто помош се буткаат екскретите од ткивата во каналниот систем на нефридијата. Потоа тие се пренесуваат до екскреторната пора откаде се елиминираат од организмот.

Метанефридии

Метанефридиите се карактеристични екскреторни органи за прстенестите црви. Како и нефридиите, и тие се цевчести органи. Во телото на прстенестите црви има многу метанефридии. Секоја од нив се состои од почетен, инковиден дел наречен нефростом, кој продолжува во главната или собирна цевка. Потоа, таа се поврзува со мочното ќесе, од каде што преку екскреторна пора екскретите се изнесуваат од организмот.

Секоја метанефридија со нефростомот се наоѓа во еден сегмент од целомот, додека со другите елементи е во друг. Притоа, таа го пробива перитонеумот (целомската преграда).

Малпигиеви цевчиња

Тие се карактеристични за повеќето членконоги, особено за инсектите. По морфологија се цевковидни и се наоѓаат меѓу средното и задното црево од дигестивниот систем. Тие ги транспортираат водата, уреата и некои јони преку активен транспорт од целомската течност во дигестивниот систем. Потоа во ректумот уреата се таложи и кристализира и се одделува од остатокот. Овој дел се реапсорбира по пат на осмоза назад во целомската течност, додека уреата, заедно со фецесот се отстранува во вид на сув екскрет.

Бубрези

Бубрезите се еволутивно најусовршените екскреторни органи. Се среќаваат кај повеќето ‘рбетници. Тие функционираат по терк на метанефридиите. Постојат морфолошки различни видови на бубрези - од лентовидни кај рибите до гравовидни кај луѓето.

Бубрегот кај човекот се состои од неколку слоеви: бубрежна капсула, бубрежна кора, бубрежна срцевина и бубрежно легенче. Во кората и срцевината се простира основната функционална единица на бубрегот - нефронот. Преку процесите на филтрација, реапсорпција и секреција, тој ја формира конечната урина.

Кај повеќето ‘рбетници, бубрезите се дел од екскреторниот систем, кој ги опфаќа и мочоводите, мочниот меур и мочниот канал.

Tags:

Систем За Излачување Видови екскреторни органиСистем За ИзлачувањеАмонијакВодаДишен системЕкскретЕкскрецијаЖивотниКожен системМетаболизамМочна киселинаОрганОрганизамОргански системСистем за варењеУреа

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Влада на МакедонијаПодржи КоњМинистер за финансии на МакедонијаВелко НеделковскиХороскопски знациМојот звукЗагрозен видМакедонија (регион)ГолосеменициЖивотниАвстралијаОксидационо-редукциона реакцијаКрвРевизор (комедија)Талат ЏафериОпштина ЦентарСредоземно МореБубрежна инфекцијаБлагој ДавковОпштина Чучер-СандевоЗамок БранМакедонски народни приказни (ТВ-серија)ПодметСписок на команданти на ОНАМакедонски претседателски избори (1994)Домашно говедоПрво заседание на АСНОМЛевица (политика)УкраинаСложена реченицаБошко СмаќоскиЏезАндреј ЖерновскиКостадин КостадиновНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаГригор ПрличевБраќа МиладиновциСтефан ЛазаровНафтен танкерМакедонски парламентарни избори (1986)Вакцина против тетанусПрва влада на Зоран ЗаевАнгинаИменкаГенералот на мртвата војскаПретседателКиро ГлигоровБилјана ВанковскаКатастарски општини во МакедонијаВлада на Љубчо ГеоргиевскиОпштина КумановоМатка (кањон)ДебрцаМакедонски ВласиПридавки во македонскиот јазикГлаголицаДемократијаИзборна единица 8РационализамАнемијаНикола КаревДемохристијанствоДаме ГруевДесница (политика)ГрадинарствоГолемата вода (роман)Арбен ТаравариТатјана ПетрушевскаДекларацијаКавадарциНова социјалдемократска партијаДемократска партија (Македонија)ЃурѓовденСоцијалдемократски сојуз на Македонија🡆 More