Семејно Насилство

Семејно насилство (семејно малтретирање, малтретирање на брачниот другар или насилство врз интимниот партнер) — меѓучовечка појава кога одреден член на семејството, партнер или поранешен партнер, физички или психички се обидува да доминира врз другиот.

Семејното насилство често се однесува на насилство меѓу брачните другари или малтретирање на брачниот другар, но исто така може да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се во брак. Семејното насилство се појавува во сите култури; луѓе од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители на семејно насилство. Семејното насилство се извршува и од мажи и од жени.

Семејно Насилство
Илустрација на семејно насилство врз дете и жена, дело на Жан Игнас Исидор Жерар.

Има многу видови семејно насилство, меѓу кои најзастапени се физичкото насилство, сексуалното злоупотребување, емоционалното малтретирање, заплашувањето, економско лишување и насилнички закани. Насилството може да биде кривично и вклучува физички напад, како што се тепањето, туркањете или малтретирање, сексуално злоупотребување, како што се несаканата или присилената сексуална активност, и скришно следење на жртвата. Иако емоционалното, психолошкото и финансиското малтретирање не се кривични поведенија во некои правни системи, тие се форми на малтретирање и може да водат кон кривично насилство.

Важен составен дел на семејното насилство кој е често игнориран е доменот на пасивното малтретирање, кој води кон насилство. Пасивното малтретирање е тајно, лукаво и прикриено. Ова вклучува прогонување, одолговлекување, расеаност, двосмисленост, запоставување, духовно и умствено малтретирање.

Неодамнешното внимание кон семејното насилство започнало со „движењето на жените“, особено феминизмот и правата на жените, во 1970-тите, кога се здобило со внимание загриженоста за жените кои се тепани од нивните мажи. Сознанието и документацијата за семејно насилство се разликува од земја до земја. Проценките кажуваат дека само третина од случаите на семејно насилство се пријавени во САД и Велика Британија. Според Центрите за контрола на болеста, семејното насилство е сериозен, јавен здравствен проблем што може да се спречи, кој зафаќа повеќе од 32 милиони Американци или повеќе од 10% од населението на САД.

Популарно било ставањето акцент на жената како жртва на семејно насилство. Сепак, со порастот на „движењето на мажите“, а особено маскулизмот и правата на мажите, сега има застапување за мажите кои се измачувани од страна на жените. Во специјалниот извештај за повреди поврзани со насилство од страна на Министерството за правда на САД, престојувањата во болничките оддели за ургентни случаи што се однесуваат на семејно насилство покажуваат дека физички малтретираните мажи претставуваат само една шестина од вкупниот број пациенти кои признале во болничкото соопштување дека семејното насилство е причина за нивните повреди. Извештајот нагласува дека значително повеќе мажи, отколку жени, не го откриле идентитетот на нивниот напаѓач.

Дефиниција

Терминот „насилство на интимниот партнер“ (НИП) често се употребува синонимно. Семејно насилство е широка дефиниција, често употребена за да вклучи и малтретирање на дете, малтретирање на повозрасни и други насилнички постапки меѓу членовите на семејството. „Малтретирање на сопругата“, „тепање на сопругата“ и „ќотек“ се термини кои понекогаш се употребуваат кај жртвите на насилството, било тоа да се или не во брак или живеат според други договори. Во последните години, „тепање“ или „тепана жена“ станале помалку прифатлива терминологија, бидејќи малтретирањето може да има други форми освен физичко малтретирање и често мажите се исто така жртви на насилство. Други форми на малтретирање може постојано да се случуваат, додека пак физичкото малтретирање се случува повремено. Другите форми на малтретирање имаат способност да водат кон ментална болест, повреда на самиот себе]па дури и обиди за самоубиство.

Одделот за насилство против жените на САД (ОНЖ) го дефинира семејното насилство како „начин на навредливо однесување во некоја врска кој е употребен од едниот партнер да добие или да задржи власт и контрола над другиот интимен партнер“. Дефиницијата вклучува дека семејното насилство „може да му се случи на секој без разлика на расата, возраста, сексуалната ориентација, религијата и полот“ и дека може да има многу форми, вклучувајќи го физичкото малтретирање, сексуалното малтретирање, емоционално, економско и психолошко малретирање.

Детската и семејна судска советодавна служба и служба за поддршка во Велика Британија во својата „Политика за семејно насилство“ го користи семејното насилство кога опишува голем број насилнички и навредливи поведенија, кои ги дефинира како:

Начините на однесување се одликуваат со злоупотребата на моќта и контролата на една личност над друга кои се или биле во интимна врска. Тоа може да се случи во љубовни врски од мешани полови и љубовни врски од исти полови и има длабоки последици во животите на децата, поединците, фамилиите и заедниците. Може да биде физичко, сексуално, емоционално и/или психолошко малтретирање. Последниот може да вклучува заплашување, малтретирање, оштета на имот, закани и финансиска злоупотреба.

Во Шпанија, воведувањето на Органски закон 1/2004 од 28 декември за мерки за целосна заштита против половото насилство одредил некоклу клучни термини. Законот го одредува половото насилство како насилство кое е насочено кон жената поради фактот што си жена и поради тоа напаѓачите сметаат дека ги немаш основните права за слобода, почит и способност за донесување одлука. Новиот закон основа судови именувани како Судови за насилство против жените и ја отстранува претпоставка на невиност за маж обвинет за семејно насилство. Судовите се овластени да ги држат затворени вратите на сослушувањата пред судењето и законски да го протераат мажот од домот; да му ги одземат родителските права, старателството на детето или правата за посета и да му забранат на мажот да поседува оружје.

Начини на малтретирање

Семејното насилство може да биде во неколку облика. Физичкото насилство исто така може да биде извршено на неколку начини, така што може да се сретне од најмал физички контак, преку силување па до убиство. Недиректното физичко насилство може да вклучува уништување предмети, удирање или фрлање предмети близу до жртвата или штета на љубимците. Покрај физичкото насилство, малтретирањето на брачниот другар често вклучува умствено или емоционално малтретирање, вклучувајќи вербални закани за физичко насилство на жртвата, на себе или други, меѓу кои и децата, движејќи се од јасни, детални закани па сè до имплицитни и нејасни закани што се однесува на содржината и временскиот период. Исто така, вербално насилство вклучува закани, навреди, омаловажувања и напади. Невербалните закани може да бидат гестови, изрази на лицето и држење на телото. Психолошкото малтретирање може да вклучува економска и/или социјална контрола, како што е контролирање на парите на жртвата и други економски средства, потоа спречување на жртвата да се гледа со пријателите и роднините, активно попречување на општествените врски на жртвата и изолирање на жртвата од општествени контакти.

Физичко насилство

Семејно Насилство 
Насилно однесување на личност во алкохолизирана состојба. Ваквата состојба често доведува до физичко малтретирање, силување или убиство.

Физичкото насилство е намерната употреба на физичка сила со можност за создавање повреда, штета, инвалидност или смрт, како на пример удирање, туркање, гризење, клоцање или употреба на оружје.

Сексуално насилство

Сексуалното насилство е поделено во три групи:

  1. употреба на физичка сила за да се присили личност да има сексуална активност против негова или нејзина желба, без разлика дали делото е направено или не;
  2. обид за сексуална активност или направена сексуална активност вклучувајќи личност која не може да ја разбере природата или состојбата на делото, не може да го спречи тоа или не може неподготвено да комуницира да се впушти во сексуална активност, на пример поради малолетна незрелост, болест, инвалидност, влијанието на алкохол или други дроги, поради заплашување или притисок;
  3. навредлив сексуален контакт.

Емоционално малтретирање

Семејно Насилство 
Приказ на стара жена со депресеивно и тажно лице. Депресијата е честа кај жртвите на семејно насилство.

Емоционалното малтретирање, или понекогаш нарекувано психолошко малтретирање или ментално малтретирање, може да вклучува приватно или јавно понижување на личноста, контролирање што жртвата може и не може да прави, криење информации од жртвата, намерно да се направи нешто за жртвата да се чувствува потценета и засрамена, изолирање на жртвата од пријатели и фамилија, индиректно уценување на жртвата со наштетување на другите кога жртвата покажува независност или среќа или ускратување пристап до пари на жртвата или други основни средства и потреби.

Жените кои се емоционално малтретирани често се чувствуваат како да не се поседуваат самите себе, всушност тие може да чувствуваат дека другиот речиси има целосна контрола над нив. Жените кои се под емоционално насилство често страдат од депресија, кои ги става нив на зголемен ризик од самоубиство, проблеми со земање храна, дрога и алкохол

Емоционалното малтретирање на мажите е опишано со ниско мислење за себе. Типичните начини на малтретирање вклучуваат понижување и ослабување на забележителните надлежности особено пред други луѓе. Овој проблем може да биде проширен заради широко прифатените верувања во општеството (со вклучување и помеѓу самите мажите) дека мажите кои се емоционално малтретирани се на некој начин помалку мажевствени, причинувајќи мажите да се чувствуваат засрамени за барањето помош.

Економско малтретирање

Економско малтретирање се случува кога насилникот има целосна контрола врз парите на жртвата и други економски средства. Обично, ова подразбира ставање на жртвата на строг „џепарлак“, задржување пари насила и присилување на жртвата да моли за парите сè додека насилникот не ѝ даде некоја пара. Вообичаено е за жртвата да добива помалку пари како што малтретирањето продолжува. Ова исто така вклучува (но не е ограничено на) спречување на жртвата да го заврши образованието или да добие вработување, или намерно безмилосно трошење и злоупотребување на заедничките средства.

Следење

Скришното следење на потенцијалната жртва често го има во типовите на „насилство меѓу интимни партнери“. Скришното следење на потенцијалната жртва се опишува како однесување кое се повторува и кое им причинува на жртвите да чувствуваат висок степен на страв.

Малтретирање

Статистика

Семејното насилство се случува насекаде низ светот, во различни култури, и влијае на луѓето низ општеството, без разлика на економскиот статус. Во САД, според Бирото за правна статистика, жените шест пати исто колку и мажите имаат шанси да доживеат насилство од интимниот партнер.

Процентуало сликата на испитани жени, на меѓународно ниво, кои некогаш биле физички малтретирани од интимниот партнер е: Барбадос (30%), Канада (29%), Египет (34%), Нов Зеланд (35%), Швајцарија (21%), САД (22%). Некои испитувања во одредени места соопштуваат бројка висока од 50-70% на испитани жени кои биле физички малтретирани од интимниот партнер. Други, вклучувајќи ги испитувањата во Филипините и Парагвај, соопштиле бројка ниска до 10%. Степенот на насилство врз интимниот партнер во САД се намалил од 1993. Речиси секогаш, испитувањата не ги вклучуваат вистинските бројки. Резултатите исто така варираат, зависно од формулирањето на прашањата во анкетата, како анкетата е спроведена, дефиницијата која е употребена за малтретирање или семејно насилство, подготвеноста или неподготвеноста на жртвите да признаат дека биле малтретирани и други фактори.

Друга полемика е нивото на физичка агресија во врските на мажи наспроти жени. На пример, Мартин С. Фиеберт истражувал 219 студии за насилство врз интимниот партнер и заклучил дека „жените се исто толку агресивни како и мажите, па дури и поагресивни во нивните врски со брачните другари или машки партнери“.

Семејното насилство врз жените во лезбиски врски е исто така вообичаено како и семејното насилство врз жените во хетеросексуалните врски.

Насилството и жените

Во САД, мажите имаат доживеано повисок степен малтретирање отколку жените за сите видови насилничко злосторство, освен силување и друг сексуален напад, но 20% од сите насилнички злосторства кои ги доживеале жените во САД се случаи на насилство врз интимниот партнер, споредено со 3% насилничко злосторство кои го доживеале мажите. Според Бирото за правна статистика на САД, „во 1994 на секои 5 насилнички мачења врз жената од страна на партнерот, имало 1 врз мажот. Партнерите извршиле околу 900.000 малтретирања врз жените и околу 167.000 малтретирања врз мажите. “

Во моментов истражувањето е ограничено на малтретирање на лезбијка од нејзината партнерка, но истрагата од страна на канадската влада дознала дека 19% од испитаните лезбијки одговориле дека се жртви на нивните партнерки.

Насилството и бременоста

Семејното насилство за време на бременоста може да биде незабележан од страна на медицинските експерти затоа што често е претставено на неспецифични начини. Голем број земји статистички се анализирани да ја пресметаат распространетоста на оваа појава:

  • Распространетост во Велика Британија: 2.5-3.4%
  • Распространетост во САД: 3.2-33.7%
  • Распространетост во Ирска: 12.5%
  • Стапките се повисоки кај тинејџерите
  • Сериозноста и зачестеноста постнатално се зголемиле (10% преднатално споредено со 19% постнатално; 21% на 3 месеци постнатално )

Има голем број излагања кои може да бидат поврзани со семејно насилство за време на бременоста: одложување во врска со барањето нега за повреди; доцни резервации, неприсуствување на состаноци, самоисполнување на обврски; чести посети, неодредени проблеми; агресивен или претерано грижлив партнер; изгореници, болки, нежност, вагинални солзи, болести што се пренесуваат преку полов однос (STDs- sexually transmitted disease) и пометнување.

Семејното насилство исто така може да влијае врз фетусот, наредните бебиња и постоечките деца:

  • Предвремено раѓање: предвремено раѓање, прерано пукање на мембраните, спирала; IUD-intrauterine device)
  • Психосоцијални: мешање во врска, сведоштво на насилство, проблеми со земање храна и спиење, емоционална сиромаштија, повлечен, пре-попустлив, наметлив, агресивен, проблеми на школо, самоубиствена замисла
  • Законски: прашања за заштита на децата, преклопување со малтретирањето на дете
  • Долготрајна хронична болест

Насилството и мажите

Според извештајот на Центрите за Контрола на Болестите од јули 2000, податоците од Бирото за Правда, Истражувањето за Меѓународно Криминално Измачување покажало дека жените се на значително повисок ризик од насилство врз интимниот партнер отколку мажите, додека податоците од Истражувањето за Меѓународно Семејно Насилство противречат на овие податоци и постојано покажуваат дека мажите и жените имаат еднаква веројатност да бидат физички малтретирани од интимниот партнер.

Истиот извештај, преку телефонско интервју со 8000 мажи и 8000 жени, покажува дека 7.5% од мажите тврдат дека некогаш биле силувани или малтретирани од нивниот партнер во животот (споредено со 25% од жените), и 0.9% од мажите тврдат дека биле силувани или малтретирани во претходните 12 месеци (споредено со 1.5 % од жените)..

Во мај 2007, истражувачите на Центрите за Контрола на Болестите го соопштиле степенот на насилство помеѓу интимните партнери кои самите го пријавиле користејќи податоци од истражувањето од 2001год. Во истражувањето, речиси една-четвртина од испитаниците пријавиле насилство во нивната врска. Половина од овие вклучуваат еднострани („не-взаемно насилство“) напади а половина вклучуваат напади од страна на двајцата и противнапад („взаемно насилство“). Жените изјавиле дека имаат направено еднострани напади двапати почесто отколку мажите (70% во споредба со 29%). Во сите случаи на насилство врз интимниот партнер, поверојатно е жените да бидат повредени од мажите, но 25% од мажите кои се во врски со насилство од страна на двајцата изјавиле дека се повредени, споредено со 20% од жените кои пријавуваат дека се повредени кога се во врски на еднострано насилство. Поверојатно е жените да бидат повредени во не-взаемно насилство.

Додека големо внимание било посветено на семејното насилство врз жените, активистите на правата на мажите тврдат дека семејното насилство врз мажите е исто така општествен проблем на кој треба да му се посвети внимание. Секоја година, 834.000 мажи се силувани или физички малтретирани од интимните партнери просечно 3.5 пати годишно, на вкупно 2.9 милиони напади годишно (4.9 милиони за жените). Поверојатно е да бидат силувани или малтретирани мажите кои се во интимна врска со други мажи отколку мажите во хетеросексуална врска. Според истражувањето за Правда од Центрите за Контрола на Болестите од 2000год., „Приближно 23% од мажите кои живееле со друг маж во заедница изјавиле дека биле силувани, физички малтретирани, и/или скришно биле следени од машкиот партнер со кој живееле вонбрачно, додека мажите кои се ожениле или живееле со жена во заедница изјавиле 7.4% таков вид насилство од страна на жената или партнерката со која живееле вонбрачно. Овие резултати, во комбинација со оние покажани во претходните набројувања, обезбедуваат понатмошни докази дека насилството врз интимниот партнер е извршено главно од мажи, без разлика дали е врз машки или женски интимен партнер. “

Неслучајната анкета за самопријавување која е онлајн од 2007-2008 е спроведена од истражувачите на Кларк Универзитетот и Бриџлотер Стејт Колеџот (Clark University and Bridgewater State College), која настојува да ги потврди искуствата и здравјето на мажите кои имале доживеано насилство од партнерот во минатото.

Насилството и децата

Кога се работи за семејно насилство врз децата вклучувајќи физичко малтретирање, истражувањата во Велика Британија од страна на NSPCC (National Society for the Prevention of Cruelty to Children – Меѓународно Друштво за Заштита на Децата) покажаа дека „повеќето насилства се случиле дома“ (78%). 40-60% од мажите и жените кои малтретираат други возрасни исто така ги малтретираат и своите деца. Девојки чиишто татковци ги тепат нивните мајки имаат 6.5% повеќе шанси да бидат сексуално малтретирани од нивниот татко отколку другите девојки од ненасилнички домови.

Насилството и тинејџерите

Насилство во тинејџерските состанувања е начин на контролирање на однесувањето од страна на еден тинејџер врз друг кои се во врска. Има многу сличности со „традиционалното“ семејно насилство но исто така има и извесни разлики. Поголема е веројатноста тинејџерите да се изолираат од нивните врсници отколку возрасните како резултат на контролирање на однесувањето од страна на нивниот дечко/девојка. Исто така, насилничката врска за многу тинејџери може да биде нивно прво љубовно искуство и никогаш порано да немале „нормална“ љубовна врска со која може да ја споредат.

Светската здравствена организација и насилството

Светската Конференција за Човекови права, одржана во Виена во 1993, и Декларацијата за Елиминација на Насилството врз Жените во истата година, заклучиле дека граѓанските општества и владите признале дека насилството врз жените е јавна здравствена грижа и грижа на човековите права. Работата на ова поле резултирала со основање на меѓународни стандарди, но задачата за документирање на степенот на насилството врз жените и производството на сигурни, споредбени податоци за да се води политиката и набљудувањето на реализацијата биле претерано тешки. Студијата во повеќе држави на Светската Здравствена Организација за Здравјето на Жените и Семејно Насилство врз Жените 2005 е одговор на оваа тешкотија. Објавена во 2005 г. таа е пионерска студија која анализирала податоци од 10 земји и фрла светлина врз распространетоста на насилството врз жените. Таа настојува да го испитува насилстото врз жените како јавна здравствена политичка мерка. Резултатите ќе бидат употребени за да се информира покорисен одговор од владата, вклучувајќи ги здравството, правдата и општествените службени сектори, како чекор напред во исполнувањето на обврската на државата да се елиминира насилството врз жените според законите на меѓународните човекови права.

Видови

Начините и одликите на семејното насилство и малтретирањето може да варираат на други начини. Мајкл П.Џонсон (1995, 2006) покажува три главни начини на насилство меѓу интимните партнери. Типологијата е поддржана од следните истражувања и проценки на Џонсон и неговите колеги, како и независни истражувачи.

Треба да се направат разлики во поглед на видовите насилство, мотивите на извршителите и општествената и културната ситуација. Насилството од страна на мажот врз неговата сопруга или интимен партнер често се прави како начин на кој мажите може да ги контролираат „своите жени“. Други видови насилство меѓу интимните партнери исто така се случуваат, вклучувајќи го насилството меѓу хомосексуалните парови и од страна на жената врз нејзиниот партнер.

Разликите не се засновани на еден единствен инцидент, туку на начини преку многубројни инциденти и мотиви на извршителите. Видови насилство утврдени од Џонсон се:

  • Насилство во двојка - не е поврзано со општата контрола на однесувањето, туку се појавува во расправа каде што едниот или двајцата партнери физички се нафрлуваат едниот врз другиот. Интимното малтретирање е еден елемент во вообичаениот начин на контрола од страна на едниот партнер врз другиот. Интимното малтретирање е почесто од насилството во двојка, поверојатно е да се засилува прекувремено, не толку веројатно да биде заемен и поголема е веројатноста да вклучува сериозни повреди.
  • Интимно малтретирање може исто така што вклучува емоционално и физичко малтретирање.
  • Насилнички отпор - понекогаш e претставен како „самоодбрана“. Ова е насилство обично извршено од жени врз нивните насилнички партнери.
  • Меѓусебна насилничка контрола е редок вид насилство врз интимниот партнер и се случува кога и двајцата партнери се однесуваат насилнички, во борба за контрола.

Друг вид е ситуациско насилство во двојка, кое се појавува од конфликти кои се заоструваат до расправии, а потоа и до насилство. Ова не е поврзано со вообичаениот начин на контрола. Иако поретко се случува во врски и е помалку сериозно од интимниот тероризам, во некои случаи тоа може да биде често и/или доста сериозно, дури и опасно по живот. Ова е најверојатно најчестиот вид насилство врз интимниот партнер и доминира во општите истражувања, студиските примероци па дури и во примероците за брачно советување.

Видовите на машки тепачи утврдени од Холцлорт-Мунрое и Стјуарт (Holtzworth-Munroe and Stuart, 1994) вклучуваат „само семејство“, кои главно припаѓаат во CCV видот, кои општо се поненасилни и помала е веројатноста да се изврши психолошко и сексуално малтретирање. Тепачите од видот интимно малтретирање вклучуваат два вида: „општо-насилнички-недруштвени“ и „дисфорична граница“. Првиот вид вклучува мажи со општи психопатски и насилни тенденции. Вториот вид се мажи кои се емотивно зависни од врската. Поддршка за оваа типологија е пронајдена во следните проценки.

Други како што се Центрите за контрола на болестите на САД, го делат семејното насилство во два вида: взаемно насилство во кој и двајцата партнери се насилни и невзаемно насилство во кој едниот партнер е насилен.

Теории

Постојат многу различни теории за причините на семејното насилство. Ова вклучува психолошки теории кои ги земаат во обѕир личните закани и психичките одлики на напаѓачот, како и социјалните теории кои ги земаат во обѕир надворешните фактори на околината на напаѓачот, како што се структурата на семејството, стресот и социјалното учење. Како и во многу појави во однос на човечкото искуство, изгледа дека ниту еден единствен пристап не ги покрива сите случаи.

Психолошка теорија

Психолошките теории се фокусираат на личните закани и психичките одлики на напаѓачот. Личните закани вклучуваат ненадејни напади на бес, слаба контрола на нагоните и слабо самопочитување. Различни теории укажуваат дека психопатологијата и други нарушувања на личноста се фактори и дека малтретирањето кое го имаат искусено како дете ги наведува некои луѓе да бидат понасилни како возрасни. Истражувањата покажале голема распространетост на психопатија меѓу насилниците. Датон предложил психолошки профил на мажи кои ги малтретираат нивните жени, тврдејќи дека имаат гранични карактери меѓу психички и невротични, кои се развиле порано во животот. Џелс укажува дека психолошките теории се ограничени и нагласува дека другите истражувачи откриле дека само 10% (или помалку) одговараат на овој психолошки профил. Тој тврди дека општествените фактори се важни, додека личните закани, душевната болест или психопатијата се помалку важни.

Треба да се забележи дека граничните нарушувања на личноста кои се употребени во овој контекст се застарени. Иако првобитно се верувало дека психолошката состојба на личноста била помеѓу невротична и психичка сега е прифатено дека ГНЛ се најтешки и бескомпромисни нарушувања од нарушувањата на личноста.

Социјална теорија

Оваа теорија опфаќа разгледувања на надворешните фактори во околината на напаѓачот, како што се состав на семејството, стресот, општественото учење, а ги вклучуваат и теориите за рационален избор.

Теорија на средства

Теорија на средствата била предложена од Вилијам Гуд. Жени кои зависат од мажите најмногу за економската благосостојба. Со тоа што имаат деца за кои треба да се грижат и двоумењето дали да го напуштат бракот ја зголемува финансиската тешкотија и го прави се потешко нивното заминување. Зависноста значи дека тие имаат помалку опции и малку средства кои може да им помогнат да се соочат со или да го сменат однесувањето на нивниот маж.

Двојките кои делат власт исто така доживуваат зачестеност на конфликти и кога конфликтот ќе порасне голема е веројатноста да прибегне кон насилство. Ако едниот брачен другар сака контрола или власт во врската, тој може да прибегне кон малтретирање. Ова може да вклучува принуда и закани, заплашување, емоционално малтретирање, економско малтретирање, изолирање, олеснување на ситуацијата и обвинување на брачниот другар, користење на децата (со закана дека ќе ѝ ги одземе) и се однесува како „господар на замокот“.

Општествен стрес

Стресот може да порасне кога една личност живее во семејна ситуација со зголемени притисоци. Општествените стресови заради недоволни финансии или други слични проблеми во семејството кои можат да ги зголемат тензиите. Насилството не секогаш е предизвикано од стресот, но може да биде еден начин на кој некои, но не сите, луѓе одговараат на стресот. Семејства и двојки кои живеат во сиромаштија може повеќе да доживеат семејно насилство, поради зголемен стрес и конфликти за финансии и други работи. Некои шпекулираат дека сиромаштијата може да ја отежне способноста на мажот да ја исполни својата идеја за „успешна машкост“, бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби честа и почитта. Теоријата претпоставува дека кога тој економски не е во состојба да ја поддржи неговата жена и да држи контрола, тој може да се сврти кон женомразие, дрогирање и злостор како начини да се искаже машкоста.

Теорија на општествено учење

Теоријата на општествено учење тврди дека луѓето учат од набљудувањето на другите и работењето според нивното однесување. Однесувањето може да продолжи со позитивно засилување. Ако некој набљудува насилно однесување веројатно е и да ги имитира. Ако нема негативни последици (на пр. жртва која го прифаќа насилството со предавање), тогаш големи се шансите таквото однесување да продолжи. Често, насилството се пренесува од генерација на генерација на цикличен начин.

Моќ и контрола

Во некои врски насилството произлегува од забележливата потреба за моќ и контрола, начин на малтретирање и општествено учење за малтретирањето. Напорите на насилниците да доминираат над нивниот партнер, помеѓу другите можни причински фактори е припишано на ниско самопочитување или чувство на недостаток, нерешени конфликти од детството, стресот од сиромаштија, непријателство и чувствување гнев кон жените (женомразие), непријателство и чувствување гнев кон мажите (мисандрија), нарушувања на личноста, генетски тенденции и социокултурни влијанија.

Ставот на причинителот за семејно насилство е тоа дека стратегија е да се добие или да се задржи моќта и контролата врз жртвата. Овој став е порамнување со теоријата на Банкрофт (трошоци и приходи) дека малтретирањето го наградува извршителот на начини различни од или како додаток, со едноставно применување моќ врз неговата или нејзината цел. Тој наведува докази за поддршка на неговиот аргумент дека, во повеќето случаи, насилниците се доста способни за применување контрола врз себеси, но не го прават тоа од различни причини.

Друг став е дека малтретирањето произлегува од немоќта, нејзиното изразување/ проектирање и обидот за вршење контрола врз жртвата. Тоа е еден обид за ’да се добие или да се задржи моќ и контрола врз жртвата‘ но дури и со ова постигнување тоа не може да ја реши немоќта за негово управување. Таквите поведенија имаат заразни страни кои водат кон циклус на малтретирање или насилство. Меѓусебни циклуси се развиваат кога секоја страна се обидува да ја отстрани сопствената немоќ во обид за наметнување контрола.

Прашањата за моќ и контрола се составен дел од широко употребуваниот Дулут проект за интервенција во семејното насилство. Тие го развиле „тркалото на моќ и контрола“ за да го појаснат ова: тој има моќ и контрола во центарот, опкружен со спици (употребена техника), наслови кои вклучуваат:

  • Принуда и закани
  • Заплашување
  • Емоционално малтретирање
  • Изолирање
  • Потценување, одрекување и обвинување
  • Користење на децата
  • Економско малтретирање
  • Привилегија на мажите

Моделот се обидува да го реши малтретирањето со еднострано предизвикување злоупотреба на моќта од страна на ’извршителот‘.

Критичарите на овој модел укажуваат на тоа дека едностраниот фокус е проблематичен бидејќи решение може да се постигне само кога сите учесници си ги знаат своите одговорности и ја утврдуваат и почитуваат меѓусебната цел.

Моделот со тркалото за моќ не е планиран да одредува лични одговорности, да ја зголеми почитта за меѓусебна цел или да им помогне на жртвите и насилниците во разрешување на нивните разлики. Тоа е информациски метод направен за да им помогне на поединци да ја разберат динамиката на делување на моќта во насилнички ситуации и да утврдат различни методи на малтретирање.

Алкохолот и насилството

Други фактори поврзани со семејно насилство вклучуваат хронично конзумирање алкохол, душевна болест, класна дискриминација, различни политички и правни одлики како што се апсолутизам и дехуманизација.

Лекарствата и насилството

За оваа тема исто така важно е да се разберат парадоксните ефекти на некои смирувачки лекови. Сериозни компликации може да се направат во комбинација со употребата на седативи кои предизвикуваат спротивни ефекти од планираните. Малколм Ледер и Институтот за психијатрија во Лондон ја проценуваат распространетоста на овие спротивни реакции на околу 5%, дури и во краткотрајна употреба на лекови. Парадоксните реакции може да се состојат од депресија, со или без самоубиствени намери, фобии, агресивност, насилно однесување и понекогаш симптоми погрешно оценети како психоза. Придонесот за овие реакции е само еден можен составен дел.

Полот и родот

Начините на малтретирање од некои луѓе се шаблонизирани како родови, жените имаат обичај да употребуваат попсихолошки, а мажите пофизички форми. Видливоста на овие забележително се разликуваат. Меѓутоа, стручњаци кои работат со жртви на семејно насилство забележиле дека на физичкото малтретирање речиси секогаш му претходи психолошко малтретирање. Полициските и болничките досиеа покажуваат дека поголем процент на жени отколку мажи бараат лекување и пријавуваат такви злодела.

Доколку или додека повеќе мажи не се идентификуваат себеси и не се знае дека изјавиле дека се малтретирани од партнерката и на начин според кој по природата и степенот на нивните повреди може да бидат клинички оценети, мажите ќе продолжат да бидат идентификувани како најчести извршители на физичко и емоционално малтретирање.

Циклус на насилството

Често семејното насилство се употребува за да се опишат одредени насилни и отворено навредливи инциденти и ова гледиште ќе се обиде да донесе правни дефиниции. Меѓутоа кога насилни и навредливи поведенија има во врската, ефектите на тие поведенија продолжуваат откако овие отворени инциденти се завршени. Адвокатите и советниците го опишуваат семејното насилство како начин на однесување, вклучувајќи ги оние наведените погоре.

Ленор Вокер го опишува моделот „циклус на насилство“ и според него се состои од три основни фази:

    Фаза меден месец

Опишана со нежност, извинување и јасен крај на насилството. За време на оваа фаза насилникот чувствува нескротливи емоции на каење и жал. Некои насилници се извлекуваат од ситуацијата, додека други ги засипуваат нивните жртви со љубов и нежност.

    Фаза градење тензии

Опишана со слаба комуникација, тензија и страв од предизвикување излив на некаква несакана активност. За време на оваа фаза жртвите се обидуваат да го смират насилникот за да избегнат некои поголеми насилни конфилкти.

    Фаза на дејствување

Опишана со изливи на насилни, навредливи инциденти. За време на оваа фаза насилникот се обидува да доминира врз неговиот/нејзиниот партнер (жртва) со примена на семејно насилство.

Иако е лесно да се гледат изливите од фазата на дејствување како малтретирање, дури и најпријатните поведенија од фазата меден месец служат за да го продолжат малтретирањето. Многу адвокати за семејно насилство сметаат дека теоријата за циклусот на насилство е ограничена и не се одразува на стварноста на многу мажи и жени кои имаат доживеано семејно насилство.

Родови разлики

Улогата на родот е контроверзна тема поврзана со дискусијата за семејно насилство. Ерин Пизеи, основачот на едно рано засолниште за жени во Чизик, Лондон, ја искажала својата запрепастеност за тоа како таа мисли дека проблемот станал родово-политички фудбал и искажала еден непопуларен став во нејзината книга Склоност кон насилство дека некои жени во методот на засолниште имале склоност да трагаат по насилни врски. Таа исто така го искажала својот став дека семејно насилство може да се случи врз сите ранливи партнери, без разлика на нивниот род.

Фројдовскиот концепт, повторување на присилата, исто така се појавил во современата психологија како можна причина на жена која била малтретирана во детството да бара насилен маж (или обратно), теоретски како погрешен начин да ги „совладат“ нивните непријатни искуства.

Родови аспекти на малтретирање

Дискусијата продолжува во врска со тоа дали мажите се понасилни од жените, дали малтретирањето на жените од страна на мажите е полошо од малтретирањето на мажите од страна на жените и дали на малтретираните мажи треба да им се обезбедат истите средства и засолништа кои годините на поддршка, уништување пари и финансирања ги имаат добиено женските жртви.

Мартин С. Фиеберт од Одделот за психологија при Државниот Универзитет Лонг Бич во Калифорнија обезбедува анализи од 219 школски истражувања: 170 практични студии и 49 анализи, за кои тој верува покажуваат дека жените се исто толку агресивни или поагресивни од мажите. Во статијата на Los Angeles Times за машки жртви на семејно насилство, Фиеберт укажува на тоа дека „...општа согласност во ова поле е дека жените исто како и мажите ги напаѓаат своите партнери но – како што е очекувано – поголема е веројатноста жените да бидат повредени отколку мажите“. Како и да е, тој забележал дека мажите се тешко повредени во 38% од случаите во кои „екстремна агресивност“ е употребена. Не е покажана статистика која фрла светлина врз тоа колку често „екстремна агресивност“ се случува кога жената е напаѓач. Статијата продолжува за да каже дека „ние сите научивме да бидеме претпазливи со статистиката“ и Фиеберт кажува дека студии изобилуваат со вакви теми. Меѓутоа, тој забележува дека предложените мажи кои исто така се чести жртви на насилство не треба да бидат употребени за да ја намалат заканата дека жените се соочуваат со насилни партнери или брачни другари.

Во мета-анализата на Џон Арчер, психолог од Одделот за психологија при Универзитетот во Централен Ланкашир, Велика Британија, пишува:

Сегашните анализи покажуваат дека мажите се меѓу оние кои имаат шанси да примаат акти на физички напад. Степенот до кој ова вклучува меѓусебна борба или машкиот еквивалент за „тепана жена“ сега засега не е решен. И двете ситуации се причини за загриженост. Штраус (1997) предупредил за вклучените опасности – особено за жените – кога физичкиот напад станува рутински одговор на конфликтите во една врска. „Тепаните мажи“ – оние изложени на систематско и долготрајно насилство – голема е веројатноста да трпат физички и психолошки последици, заедно со одредени проблеми поврзани со недостаток од препознавање на нивните маки (Џорџ и Џорџ, 1998). Настојувањето да се решат овие проблеми не треба негативно да се одрази на продолжувањето да се реши проблемот на „тепани жени.“

Доналд Г. Датон и Тониа Л. Нишолс од Одделот за психологија при Универзитетот Британска Колумбија исто така отпочнале мета-анализа на податоци за 2005 г. Тие заклучиле дека:

Очигледно куќите што пружат заштита на тепаните жени ја покажуваат потребата за нивно продолжено постоење. Покрај тоа, надвор од Северна Америка и Северна Европа, родова нееднаквост сè уште е нормална појава. Меѓутоа во оние земји кои биле најнапредни за рамноправноста на жените, насилството врз жените се зголемило додека насилството врз мажите се намалило. Нема исто решение за секоја семејна насилна ситуација; некои бараат затворање на терористичкиот насилник, други може да излезат на крај преку судско-овластено лекување, а други може да имаат корист од терапија на двојката. Како и да е, стандардите за феминистички инспирираните интервенции кои ги спречуваат терапевтите да направат ефикасна терапија со машки тепачи во многу земји се резултат на овој пример. Во некој момент, човек треба да се запраша дали феминистите се позаинтересирани за намалување на насилството во една популација или промовирање политичка идеологија. Ако се заинтересирани за намалување на насилството, тоа треба да биде намалено за сите членови на популацијата и со најефикасните и практични можни средства. Ова би значело интервенциски/ третмански пристап заснован на други успешни пристапи од криминологија и психологија.

Теориите дека жените се исто толку насилни колку и мажите биле прекрстени во теориите за „родова симетрија“.. Во најтешките насилства мажите навистина доминираат, на пример во 1999 во САД 1.218 жени и 424 мажи биле убиени од интимен партнер без разлика кој го започнал насилството и без разлика на полот на партнерот. Од друга страна, Мајкл Кимел од Државниот универзитет во Њујорк на Стони Брук утврдиле дека мажите се понасилни во домот и надвор од домот отколку жените.

Проблемот во спроведување студии кои настојуваат да го опишат насилството во однос на родот е износот на молчење, стравот и срамот кој произлегува од малтретирањето во семејството и врските. Друг проблем е дека насилните начини може да изгледаат нормални за оние кои долго живееле со нив. Слично, деликатните форми на малтретирање може да бидат доста очигледни бидејќи тие ја одредуваат фазата на понатамошното малтретирање да изгледа нормално. На крај, непостојаните дефиниции за тоа што е семејно насилство ги прават тешки за донесување определените заклучоци кога се собираат достапните истражувања.

И мажите и жените биле уапсени и осудени за напаѓање на нивните партнери и во хетеросексуални и хомосексуални врски. Најголемиот дел од овие апсења биле мажи кои биле уапсени за напаѓање жени. Како и да е, во случај на взаемно насилство, често само машкиот виновник е уапсен. Одредувањето колку многу случаи на семејно насилство вклучуваат машки жртви е тешко. Машките жртви на семејно насилство може да се двоумат за помош од повеќе причини. Друго истражување покажало висок степен на прифаќање напад од страна на жени врз мажи.

Убиствата на женски интимни партнери од страна на мажите се намалиле, но не толку драстично. Истражување на Жаклин Кембел утврдило дека најмалку две третини од жените убиени од нивните интимни партнери биле тепани од нив пред убиството. Таа исто така утврдила дека кога мажи се убиени од интимните партнерки, жените во тие врски биле малтретирани од нивните партнери околу 75% од времето.

Некои истражувачи утврдиле врска помеѓу достапноста на службите за семејно насилство, подобрените закони и нивно стапување насила во однос на семејно насилство и зголемениот пристап до развод и поголеми заработувања за жени со намалување на интимно партнерските убиства. Сепак, и мажите и жените имаат помалку шанси да бидат малтретирани кога се земени еден со друг. Најголемиот дел од повреди од семејно насилство вклучува вонбрачно живеење или мака од раскинување врски.

Родовите улоги и очекувања може и имаат улога во насилни ситуации и разгледувањето на овие улоги и очекувања може да биде корисно во упатување на насилни ситуации, како што прават следниве фактори: раса, класа, религија, сексуалност и филозофија. Ниеден од овие фактори не предизвикува некој да малтретира или друг да биде малтретиран.

Семејно насилство во хомосексуални врски

Семејно насилство исто така се појавува и во хомосексуални врски. Во напорот да се биде повклучен, многу организации направиле напор да користат родово-неутрални термини кога се мисли на насилна врска и жртвување.

Историски, семејното насилство се сметало како семеен проблем и мал интерес бил насочен кон хомосексуалните врски. Тоа било до неодамна, бидејќи движењето за правата на хомосексуалците ги донел проблемите на хомосексуалниот народ во јавно внимание. Неколку истражувања покажале дека малтретирање на партнерот меѓу парови од ист пол е релативно слична и на распространетост и на динамичност со онаа помеѓу парови од спротивен пол.

Како и да е, хомосексуалците се соочуваат со посебни тешкотии за справувањето со проблемите што некои истражувачи ги обележиле како „двојниот плакар“. Неодамнешно канадско истражување од страна на Марк В. Леман упатува на сличности кои вклучуваат зачестеност (приближно една на секои четири двојки); искажување (емоционално, физичко, финансиско итн.); коегзистентни ситуации (невработеност, дрогирање со отровни материи, ниско мислење за себе); реакции на жртвата (страв, чувство на беспомошност, претерана претпазливост) и причини за останување (љубов, тоа може да се реши, работите ќе се сменат, одрекување). Во исто време, значајни разлики, несекојдневни проблеми и лажливи митови вообичаено се присутни. Леман укажува на дополнителната дискриминација и страв со кој хомосексуалците и лезбијките може да се соочат; отфрлање од страна на полицијата и некои општествени служби; недостаток на поддршка од врсници кои повеќе би молчеле за проблемот со цел да не привлечат негативно внимание кон заедницата на хомосексуалците; влијанието на ХИВ статусот или СИДА во задржувањето на партнерите заедно, заради здравствено осигурување/ пристап или вина; јавно признавање на хомосексуални склоности користени како оружје и наидување на служби кои даваат поддршка кои се насочени и/или организирани за потребите на хетеросексуалните жени и кои нема да ги исполнат потребите на хомосексуалните мажи или жени.

Планирање дијагноза

Двојки со брачни проблеми понекогаш стигнуваат до клиничко внимание бидејќи двојката признава долготрајно незадоволство од нивниот брак и доаѓаат кај лекар на клиника по нивна сопствена иницијатива или се упатени од вешт професионалец за здравствена заштита. Како второ, постои сериозно насилство во брак каде „обично мажот ја тепа жената“. Во овие случаи, често, одделот за ургентни случаи или законскиот управен орган е првиот кој го известува лекарот на клиниката. Најважно, брачното насилство „е главниот опасен фактор за сериозни повреди па дури и смрт и жените во насилни бракови се на многу поголем ризик да бидат сериозно повредени или убиени“. Авторите на ова истражување додале дека „постои општоприфатена значајна дискусија за тоа дали брачното насилство на мажот кон жената е најдобро сфатено како одраз на машка психопатологија и контрола или дали има практична основа и клиничка корист за замислување на овие начини како функционални“.

Препораки за лекарикои прават дијагнози за брачните односни проблеми треба да го вклучува проценувањето на реално или „евентуално“ машко насилство исто толку регуларно колку што тие ја проценуваат можноста за самоубуство кај депресивни пациенти. Покрај тоа, „лекарите на клиника не треба да ја намалат нивната претпазливост откако натепаната жена го напушта нејзиниот маж, бидејќи некои податоци покажуваат дека периодот непосредно по брачното разделување е периодот на најголем ризик за жената“. Многу мажи кришум ги следат и тепаат нивните жени во обид да ги вратат или да ги казнат за заминувањето. Почетните проценувања на можноста за насилство во брак може да биде надополнето со стандардизирани интервјуа и анкети, кои биле сигурни и точни помагала за посистематско проучување на брачното насилство.

Авторите завршиле со она што тие го викаат „неодамнешна информација“ на курсот за насилни бракови кој предлага дека „прекувременото тепање на мажот може некако да се намали, можеби затоа што успешно ја заплашил својата жена“. Ризикот за насилство останува силен во брак каде што тоа било одлика во минатото. Како резултат на тоа лекувањето е неопходно и лекарот на клиниката не може само да чека и гледа. Најнеодложниот клинички приоритет е заштитата на жената бидејќи таа е единствената која е најчесто изложена на ризик и лекарите од клиниката мора да бидат свесни дека потпирањето на самодоверба од страна на тепаната жена може да доведе до повеќе тепање па дури и смрт.

Одговор на семејното насилство

Одговорот на семејното насилство е вообичаено со здружени сили на агенциите за стапување на сила на закон, судовите, општествено-службените агенции и агенции за исправање на грешки и условно ослободување. Улогата на секој од овие настанала кога семејното насилство сè повеќе се довело во јавноста.

Историски, семејното насилство се сметало за приватна семејна работа која не треба да вклучува влада или кривично-правните интервенции. Полицајците често биле неподготвени да интервенираат со апсење и често избирале едноставно да ја советуваат двојката и/или бараат една од страните да го напушти живеалиштето за одредено време. Судовите биле неподготвени да воведат некакви значајни санкции за оние кои биле осудени за семејно насилство, најмногу затоа што тоа се сметало за ситен прекршок.

Активизмот, воведен од адвокатските групи на жртвите и феминистичките групи, довело до подобро разбирање на способноста и резултатот од семејното насилство на жртви и семејства довело до промени во кривично правниот одговор на системот.

Неколку проекти помогнале во пополнување на празнината во правниот систем бидејќи тоа се однесува на заштита на жртвите. Една таква иницијатива, The Hope Card Project, се обидува да поправи неколку проблеми преку издавање на лична карта на жртвите на малтретирање. Картата се користи да ги идентификува двете страни во заштитната наредба за семејно насилство и обезбедува дополнителни средства на жртвата преку ваучер програма за служби.

Медицински одговор

Медицинските професионалци, кои имаат контакт со жртвите на малтретирање преку лекарски посети, имаат улога да помагаат на жртвите на семејно насилство. Многу случаи на малтретирање на брачниот партнер се целосно средени од медицинските професионалци и не ја вклучуваат полицијата. Понекогаш случаите на малтретирање на брачниот другар се внесувале во одделот за ургентни случаи, додека многу други случаи се средени од семеен лекар или друг обезбедувач на првобитна заштита.

Доктори и други медицински професионалци се во позиција да им даваат поголема самодоверба, да им даваат совети и да ги упатат до соодветни служби жртвите на насилството. Професионалците за здравствена заштита во Велика Британија, САД и на други места не секогаш ја имаат оваа улога. Тие биле нееднакви во квалитетот на заштита и во многу случаи биле некорисни поради недоразбирањата кои тие ги имаат за семејно насилство.

Верувања кои постоеле во минатото влијаеле на тоа како докторот го разгледува случајот, каде семејно насилство може да биде вмешано, го вклучува верувањето дека семејното насилство е ретко, дека жените се виновни за насилството и дека тоа е неизбежно. Вашав укажува на тоа дека многу доктори повеќе сакаат да не бидат вмешани во „приватниот живот“ на човекот. Клифтон, Џејкобс и Тулоч утврдиле дека обучувањето на лекар од општа пракса за семејно насилство во САД било многу ограничено или немало обука. Абот и Вилиамсон утврдиле дека познавањето и разбирањето на семејно насилство било многу ограничено меѓу професионалците за здравствена заштита во Средна Англија, грофовството на Велика Британија и дека тие не се сметаат себеси дека се способни да играат главна улога во помагање на жените во поглед на семејно насилство. Понатаму, во биомедицинскиот модел за здравствена заштита, повредите често се само лекувани и дијагнозирани, не се водело сметка за последиците. Исто така, постои оправдано колебање за жртвите да се пријават и да ја започнат темата со нивните лекари. Во просек, жените доживуваат 35 инциденти на семејно насилство пред да се обидат со лекување.

Спроведување на закони

Во 1970-те многу се верувало дека повиците за семејни немири биле најопасниот вид за одговорните службеници кои доаѓале до високо емоционална напната ситуација. Верувањето било засновано на статистики од ФБИ кои се покажале дека биле грешни, во кои ги групирале сите видови немири заедно со семејниот немир, како што е караница пред суд. Следните статистики и анализи покажале дека ова верување било лажно.

Статистики за инциденти за семејно насилство, објавени во доцните 1970-ти, помогнале да се подигне јавната свест за проблемот и го зголемиле активизмот. Истражување објавено во 1976 од Полициската Фондација утврдило дека полицијата интервенирала најмалку еднаш во претходните две години во 85% од брачни убиства. При крајот на 1970-те и почетокот на 1980-те, феминистките и адвокатските групи на тепаните жени ја повикале полицијата да го сфатат семејното насилство посериозно и да ги променат интервенциските стратегии. Во некои случаи, овие групи презеле законски активности против полициските оддели, вклучувајќи ги тие во Оукленд, Калифорнија и Њујорк, за да ги натераат да апсат во случаи на семејно насилство. Тие тврделе дека полицијата посветила мало внимание на повиците за семејни напади.

Експериментот за семејно насилство на Минеаполис било истражување направено во 1981 и 1982, водено од Лоренс В. Шерман, за да се процени ефикасноста на различни полициски одговори на повици за семејно насилство во Минеаполис, Минесота, вклучувајќи го и протерувањето на насилникот на далечина од осум часа, давањето совети и посредување за расправи и апсење. Апсењето бил утврдено како најефикасниот полициски одговор. Истражувањето утврдило дека апсењето ја намалило стапката за половина од повторното навредување врз истата жртва во наредните шест месеци. Резултатите од истражувањето привлекле големо внимание на медиумите, вклучувајќи го и Њујорк Тајмс и ударното време за ТВ пренос на вестите. Многу оддели на полицијата на САД одговориле на истражувањето, усвојувајќи задолжителна политика за апсење за случаи на брачно насилство со веројатна причина.

До 2005, 23 држави и Вашингтон пропишале задолжително апсење за семеен напад, без налог, со оглед на тоа што полицаецот имал веројатна причина и без обѕир на тоа дали полицаецот бил сведок на злосторството или не. Истражувањето на Минеаполис исто така имало влијание врз политиките во другите земји, вклучувајќи го и Нов Зеланд, кој усвоил политика за проапсење на случаи на семејно насилство.

Како и да е, истражувањето било предмет на многу критики, со загриженост за неговата методологија како и за неговите заклучоци. Истражувањето на Минеаполис било повторено во уште неколку градови, со почеток во 1986, со тоа што некои од овие истражувања дале различни резултати. Во повторените истражувања, апсењето изгледа помагало за кратко во некои случаи, но уапсените имале доживеано двоен број на насилство во текот на една година. Криминологистите не ги сфаќаат целосно причините зошто заплашувачките ефекти не траат прекувремено. Но тие упатуваат на тоа дека насилниците во почетокот може се плашат од казна, иако многу случаи не го прават тоа преку кривично-правниот процес. Ако жртвата не сака да соработува за време на истрагата, тужителот може да одбере да не продолжи со случајот. Ако случајот е спроведен по пат на кривично-правен систем, понекогаш резултирачката правна казна е мала. Потоа, кој и да било страв кој насилникот го има за казната може да се намали.

Семеен одговор за примена на законот во денешно време

Секоја служба и судска надлежност во границите на САД има свои сопствени стандардни оперативни процедури кога се однесува на одговарање и управување со семејни повици. Општо земено, општоприфатено е дека ако жртвата има видливи (и скорешни) знаци на насилство, осомничениот е уапсен и обвинет за соодветното злосторство. Сепак ,тоа е упатство, а не правило. Како и секое друго јавување, семејното малтретирање се наоѓа во непозната територија. Службениците за примена на законот имаат неколку работи кои треба да ги земат предвид кога вршат апсење без налог:

  • Дали има знаци на физичко малтретирање?
  • Дали имало сведоци?
  • Дали е неодамна?
  • Дали жртвата била навредена од наводниот осомничен?
  • Кој е првиот напаѓач?
  • Дали жртвата можеби лаже?
  • Дали осомничениот можеби лаже?

Заедно со заштитата на жртвата, службениците за примена на законот треба да се погрижат правата на наводниот напаѓач да не бидат прекршени. Многупати во случаи на меѓусебни борци, политика на одделот е двете страни да бидат уапсени и судскиот систем може подоцна да ја утврди вистината. Во некои области на нацијата, филозофијата за меѓусебни борци била заменета со филозофијата на првиот напаѓач во кој случај ако двете страни имаат физички повреди, службениците за примена на законот одредуваат кој е првиот напаѓач и само тој го апсат. Оваа филозофија започнала да се разгорува кога различни влади/ приватни агенции почнале да ги истражуваат последиците. Утврдено било дека кога и двете страни биле уапсени, тоа имало спротивмо влијание врз жртвата. Помала била веројатноста жртвите да се јават или да ѝ веруваат на примената на законот за време на наредниот инцидент на семејно малтретирање.

Интервенција

Во 1981 проектот на Дулут за интервенција во семејното малтретирање станала првата мулти-дисциплинска програма наменета да му се обрне внимание на проблемот за семејно насилство. Овој експеримент, спроведен во Дулут, често се опишува како „Проектот Дулут“.

Оваа програма станала модел за други судски надлежности кои се обидуваат поефикасно да се справат со семејното насилство. Поправките/ агенциите одговорни за условно казнетите лица во многу области ги надгледуваат виновниците за семејно насилство повнимателно, и исто така обрнуваат повеќе внимание на потребите на жртвите и прашањата за сигурност.

За ова имало дискусија бидејќи конструкцијата на Дулут зависи од прецизниот модел „патријархално насилство“ и се смета дека сите насилства во домот и на друго место има машки извршител и женска жртва. Исто така знаците за упех на моделот се ограничени, со научна анализа и критика.

Многу жртви ги напуштаат нивните напаѓачи само за возврат. Истражувањата покажале дека главниот фактор за помагање на жртвата да воспостави долготрајна независност од насилниот партнер е нејзината или неговата способност да добива правна помош. Економистите на Центарот Бренан за правда ги анализирале податоците од Бирото за правна статистика за да одредат која е причината за намалувањето на пријавените насилства низ целата земја. Нивните резултати откриле дека еден значаен фактор била способноста на правните служби да им помагаат на жртвите на насилство. Друго поголемо истражување било извршено од страна на економистите од Универзитетот Колгејт и Универзитетот Арканас и тие категорично изјавиле дека единствената јавна служба која долгорочно го намалува семејното насилство е правната помош. Правната помош може да обезбеди важни планирања за безбедноста, заштитата на економската позиција на семејствата преку поддршка од страна на децата или брачниот другар и тоа го намалува стравот кој се наоѓа длабоко во напаѓачот за губење на старателство и им помога на жртвите да си ги обезбедат нивните владини бенефиции.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Семејно Насилство  Статијата „Семејно насилство“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).

Tags:

Семејно Насилство ДефиницијаСемејно Насилство Начини на малтретирањеСемејно Насилство МалтретирањеСемејно Насилство ВидовиСемејно Насилство ТеорииСемејно Насилство Циклус на насилствотоСемејно Насилство Родови разликиСемејно Насилство Планирање дијагнозаСемејно Насилство Одговор на семејното насилствоСемејно Насилство НаводиСемејно Насилство ПоврзаноСемејно Насилство Надворешни врскиСемејно НасилствоБракПсихологијаСемејство

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Ослободителна народна армијаТеута АрифиХепатитHAARPБигорски манастирМустафа Кемал АтатуркТетанусЈулијански календарЦрква „Успение на Пресвета Богородица“ - ДебарЉупчо ГеоргиевскиПолскаМакедонски ВласиПанкреасМиланоСојуз на комунистите на МакедонијаДржавни празници во МакедонијаХристијанствоБитка кај Мечкин КаменЦер (село)Андреј ПетровБугарски возЦар Едип (драма од Софокле)Прво заседание на АСНОМДесница (политика)Демократска партија на Србите во МакедонијаДомашно говедоВодаБлерим РекаЦирозаМасакр во СребреницаЕгипетОВКЖирафаБременостПодметКалиопиИзборна единица 4Охридски топчест сунѓерОпштина Чучер-СандевоСписок на градови во ГерманијаПретседателВнатрешна македонска револуционерна организација - Демократска партија за македонско национално единствоРисто КрлеПравоаголникЕвропаВикипедија на македонски јазикДаниел ДефоСредоземно МореСтево ПендаровскиДемографија на МакедонијаНаполеон БонапартКошаркаЛокални избори во Македонија (2009)Локални избори во Македонија (2021)Алцхајмерова болестИменкаМонокотиледониИзборна единица 2Ѓорче ПетровМакедонски претседателски избори (2014)Список на главни градови во светотМакедонски јазикЧир на желудникотРимско ЦарствоВлада на Талат ЏафериТунисОпштина Ѓорче ПетровАвтомобилски регистарски таблички во МакедонијаРадишаниВардарЈордан КамчевМакедонски претседателски избори, 2019Општина КарбинциРадмила ШекеринскаВладо МисајловскиРиби🡆 More