Санта

Санта — големо парче мраз откршено од ледник или леден гребен и кое слободно плови на отворено море.

Сантата може подоцна да се замрзне во облик на пловечки мраз (еден вид на морски мраз). Кога ќе дојде во поплитка вода, долниот дел на сантата почнува да рие по морското дно.

Санта
Санта во Гренланд кај ’ртот Јорк.
Санта
Санти и ледници кај ’ртот Јорк, Гренланд.

Преглед

Најчесто само една деветтина од сантата се гледа над водата. Ова се должи на тоа што чистиот мраз има густината од 920 кг/м3, а морската вода околу 1025 кг/м3. Обликот на подводниот дел е тешко проценлив ако го гледаме само надводниот. Сантите се високи од 1 до 75 м над морската површина и тежат 100.000-200.000 тони. Најголемата позната санта (во Северниот Атлантски Океан) се издигала 168 м над морето, колку 55-катна зграда. Ваквите санти настануваат од ледниците во западен Гренланд и имаат внатрешна температура од -15 до -20 °C.

Иако сантите обично се движат близу брегот, условени од ветриштата и струите, најголемите забележани санти се отцепени и откршени од Росовиот Леден Гребен на Антарктикот. Сантата B-15, забележана со сателит во 2000 г, имала димензии од 295 на 37 км, површина од 11.000 км2 и маса од три милијарди тони. Најголемата евидентирана санта на сите времиња е антарктичка плочеста санта со површина од преку 31.000 км2 [335 на 97 км], забележана 240 км западно од Скотовиот Остров во Јужниот Тихи Океан на 12 ноември 1956 г. Со таква површина, ледникот бил поголем од Белгија.

Кога се топи некој дел од сантата, тој прави шушкав звук налик оној на газиран пијалак. Звукот настанува кога границата водата допира до меурчињата со набиен воздух што се заробени во мразот. Меурчињата пукаат и прават таков звук. Меурчињата се создадени во првичната фаза на создавањето на мразот и стојат длабоко во него (до неколку километри). Создавањето на фирн, а потоа на леднички мраз ги става балончињата под притисок.

Санта 
Можен целосен изглед на една санта (фотомонтажа)

Скорешни големи санти

  • Санта B-15 11.000 км2, 2000 г.
  • Санта A-38, about 6.900 км2, 1998
  • Санта B-15A, 3.100 км2, се отцепила во 2003 г.
  • Санта C-19, 5.500 км2, 2002 г.
  • Санта B-9, 5.390 км2, 1987 г.
  • Санта D-16, 310 км2, 2006 г.
  • Ледена покривка, 260 км2, откршена од Петермановиот Ледник во северен Гренланд на 5 август 2010, најхолема арктичка санта од 1962 наваму. По еден месец, сантата се судрила со остров во Нерсовиот Проток близу Гренланд и се расцепила на два дела.
  • Санта B-17B 140 км2, 1999 г., објавено предупредување за бродските превозници во декември 2009 г.

Облик

Покрај големината, сантите можат да се класификуваат и според обликот. Две најосновни класи се плочестите и неплочестите санти. Плочестите имаат мошне страни и рамна горна површина, слично на висорамнина, чиј сооднос на должина и висина надминува 5:1. Ваквите санти, наречени и „ледени острови“ знаат да бидат многу големи. Антарктичките санти се создаваат со откршување од леден гребен. Оние отцепени од гребени како Росовиот или Филхнер-Ронеовиот се плочести. Вака се создаваат најголемите санти на светот.

Санта 
Отцепувањето на Сантата A-38 кај Ронеовиот Леден Гребен

Неплочестите санти можат да имаат разни облици, меѓу кои:

  • кубеста: со заоблен горен дел.
  • шилеста: санта со едно или повеќе шила.
  • клинеста: санта со една мошне стрмна и една поблаго накосена страна.
  • жлебна: санта што има жлеб или канал добиен со ерозија.
  • блок: санта со вертикални страни и рамна горна површина; се разликува од плочестите по тоа што има облик на блок, а не на рамна плоча.

Следење

Звучно следење на санта.

Главен следач на сантите ширум светот е Националниот центар за мраз на САД (NIC), основан во 1995, кој изработува анализи и прогнози за условите на мразот на Арктикот, јужнополарното подрачје, Големите Езера и Чесапичкиот Залив. Над 95% од податоците на анализите се добиени од далечински сензори од сателити во поларна орбита.

Санта 
Сантата A22A во Јужниот Атлантски Океан

Ова е единствената организација што ги именува и следи сите антарктички санти. Сите санти поголеми од 10 морски милји (19  км) по една оска добиваат име составено од буква што го означува географското потекло и број. Се користат следниве букви:

Сантата B15 отцепена од Росовиот Леден Гребен во 2000 г. Сантата имала првична површина 11.000 км2. Во ноември 2002 се разделила на повеќе делови. Најголемиот преостанат дел, Сантата B-15A (3.000 км2) била најголема санта на светот додека не се насукала и раксршила на неколку парчиња на 27 октомври 2005. Утврдено е дека раздробувањето се должи на бура што се случила во Алјаска 6 дена пред тоа, на оддалеченост од 13.500 км.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Tags:

Санта ПрегледСанта СледењеСанта ПоврзаноСанта НаводиСанта Надворешни врскиСантаЛеден гребенЛедникМорски мразМраз

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

Методија Андонов-ЧентоМаксим ДимитриевскиМакедонија (регион)ЧовекБитолаЗоран ВитановВојо СтојановскиАнгиографијаАдријана АцевскаДискус хернијаНЛБ БанкаСтобиНенад СтојановскиЧај во пустината (филм)Мајка ТерезаОлимпОпштина ДојранÈ (кирилица)Список на градови во Германија со повеќе од 100.000 жителиСкорпија (хороскопски знак)Национален парк ГаличицаОхридска архиепископијаПешнаДневникот на Ана ФранкДраги КостовскиБудваБелгијаФК Брајтон енд Хоув АлбионКиткаСписок на цркви и манастири на Македонската православна цркваЕфто ПупиновскиПаркинсонова болестБензенМасакр во ВелесСписок на македонски народни и староградски песниКалиопиФК Реал МадридБорис ЧоревскиЛумбагоКожлеРак (болест)Скопска Црна ГораПавле ВуисиќСлезинаПатраМозочен ударЕволуција на човекотФК РомаБалкански ПолуостровРастенијаПопова ШапкаДијалекти на македонскиот јазикВладо ЈаневскиПанкреасСписок на главни градови во светотОпштина ОхридМакедонска кујнаПетре ПрличкоПрва светска војнаБели дробовиАдминистративна поделба на МакедонијаФилмМРП вакцинаВитамин Б6Средоземно МореКостур (град)Живко МукаетовПетар ПанЦветан ДимовРимско ЦарствоПискавицаАли АхметиИгор ЏамбазовЗбогум Румелија (ТВ-серија)ХепатитКумановоОслободителна народна армија🡆 More