Реклама

Реклама (од француски: réclame од латинското reclamo) — дел од комуникациската политика на маркетингот.

Определување на рекламата

Во широка смисла на зборот, рекламата претставува определена форма на дејство врз определен поединец со употреба на средствата на комуникација сè со цел да се постигне определена претходно планирана цел. Во тесна смисла на зборот, рекламата претставува елемент на комуникацискиот систем на маркетингот чијашто крајна цел е продажба на определена стока или услуга.

Особености

  • Рекламата е нелично општење
  • Рекламата во повеќето случаи се плаќа
  • Рекламата се стреми кон убедување
  • Рекламата секогаш е во јавна сопственост

Предности на рекламата

  • Рекламата е средство на маркетинговиот микс кој може да опфаќа огромна аудиторија
  • Рекламата има голема контрола на соопштението кое сака рекламодавателот да го приокаже на учесниците во рекламниот пазар
  • Нејзината изразителност пред аудиторијата

Недостатоци на рекламата

  • Основен недостаток на рекламата со согледува во тешкиот пат кој треба да го помине рекламодавачот сè со цел успешно да биде позиционирана стоката или услугата која се рекламира
  • За создавање на реклама и нејзинот прикажување преку медиумите се потребни големи материјални трошоци
  • Можно е да не се создаде обратна врска помеѓу клиентите и рекламата

Видови реклами

Според областа

  • Политичка
  • Економска
  • Социјална
  • Спортна
  • Културна.

Според рекламните средства

  • Реклама во печатна форма
  • Реклама во електронска формат
  • Реклама на местото на продажба
  • Реклама преку изложба
  • Кинореклама
  • Реклама преку опаковка или амбалажа...

Достигање на рекламата до потрошувачите

Еден од најважните елементи на рекламата е начинот преку кој самата реклама ќе дојде до потрошувачите на рекламираното добро или услуга. Како средства кои се користат за рекламирање на определена стока или услуга се: телевизија, радио, вестници, списанија, видеоигри, интернет или билборд.

Рекламата како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Реклами“ (руски: Вывескам) — песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1913 година.
  • „Реклама“ (англиски: The Commercial) — песна на англиската панк-рок група Wire од 1977 година.
  • „Реклама“ (англиски: A Commercial) — песна на американската панк-група Дед Кенедис (Dead Kennedys) од 1986 година.

Наводи

Tags:

Реклама Определување на рекламатаРеклама ОсобеностиРеклама Предности на рекламатаРеклама Недостатоци на рекламатаРеклама Видови рекламиРеклама Достигање на рекламата до потрошувачитеРеклама та како тема во уметноста и во популарната култураРеклама НаводиРекламаЛатински јазикМаркетингФранцуски јазик

🔥 Trending searches on Wiki Македонски:

РибиЃурѓовденРак на дојкаДоситеј ОбрадовиќЃорѓија ПулевскиСреден векКрива ПаланкаТартифПсоријазаБугарски возМакедонски парламентарни избори (2016)Ѕвезда од КутлешПустина (роман)Општина КарпошМакедонски парламентарни избори (2024)20000 милји под моретоАДХДВтора влада на Зоран ЗаевЗијадин СелаШизофренијаЛозје (книга)МеталКипарШвајцаријаВанчо НиколескиМакедонски парламентарни избори (1998)Бели мугриВевчаниЗлосторство и казнаТеодосиј СинаитскиВлада на Македонија од 1992Бела мечкаРечник на стари македонски зборовиРаковиОпштина ДојранМакедонски парламентарни избори, 2002Синдром на стекнат имунолошки дефицитСвети ГеоргиНародноослободителна борба во Вардарска МакедонијаГригор ПрличевРационализамОрелНационален парк ГаличицаОпштина СарајВесна БендевскаОпштина Шуто ОризариЧир на желудникотСтрујно колоБобан ТрајковскиФранческо ПетраркаОпштина СопиштеГлаголицаЗборник на МиладиновциВлада на Димитар КовачевскиХипертензијаПрва влада на Зоран ЗаевТалофитГарванот (поема)Македонски претседателски избори, 2019Оливера ТрајковскаОпштина ОхридБраќа МиладиновциРисто КрлеМакедонски месециГрб на МакедонијаМедузаОпштина Ѓорче ПетровКандидНародна Република КинаГрад СкопјеСтојанче АнгеловАрбен ТаравариВооружена престрелка во Куманово (2015)Српска пропаганда во Македонија‘Рбетен столбОпштина Чаир🡆 More